Па добра сум Ама не е добро што започнав со 80 а сега сум 88 Се тешам што не изгледам за толку кг колку што ги имам.
Тргна вагата нагоре 15+5дена, +4кг. Фармерките пак ми висат, иста сум.. само мешето што го имам.. може дека сум висока, се распоредиле секаде
Страв ми е да се мерам Облеката ми е точна само во стомакот не ме запетлуваат фармерките. 15та недела сум, не верувам повеќе од 5 кила да сум поправена. Јадам нормално не сум воопшто стрвна, ама не пазам на исхраната како претходно, кога воопшто не внесував благо и леб. Единствено што не внесувам ни сега ни порано се грицки и сокови. Само бебенцата да ни се супер за вишокот килограми после породување ќе му ја мислиме
На прагот на 36 недала сум, плус 16-17 кила имам. Со првата бременост качив вкупно 17 кила, а сега имам уште скоро месец до крај. Оброците ми се секогаш здрави и пешачам многу, но слабост ми е сладолед и благо, посебно пред спиење. Значи тој сладоледот ме уништи @mariz Јас така качувам килажа во двете бремености нема нема и оп плус 2-3 кила, пак стојам во место некој период пак преку ноќ што се вика 2-3 кила.
Лелее ти уште малку ке раѓаш оооо море страв ми е да се качам на вага, брзо се поправам во бременост... имам проблем со скроз менување на метаболизмот, обично одам по 2,3пати во веце.. а сега еднаш на 3 дена, нормално немам тврда столица. Се се лепи на мене уствари, не дава да излезе не се плашам чим со едно дете се стопив, со две чичкалица ке се направам
И ти како матичната ми збориш, во 32 недела ми вика ајде уште малку имаш, викам кое малку ми вика па уште два прегледа кај мене. Јас и викам ти во прегледи, јас во месеци рачунам, мене ми се уште два месеци. Искрено и сакам побрзо да биде и страв ми е. И јас се тешам така, дека со две деца полесно ќе ослабам. Со првото не баш лесно ми одеше слабеењето, се погоди дете мирно, си спиеше. И таман скоро се вратив по старо, одма останав трудна. се надевам дека сега две побрзо ќе ме стопат
Имам брз метаболизам и плус ми се гадеше и бев без апетит до пред 2 недели. Малку послабо да јадам одма слабеам. Сега ги качив овие 2,5 кг. Абе не е битно, битно да ни се живи и здрави бебушите
Леле. Јас неполни 24, а веќе имам качени 7кг. Не јадам повеќе од пред бременост, ама некако килограмиве се качуваат.
Имаше едни табели да си провериш колку е нормално да имаш качено во секоја недела. Во труднички некој имаше ставено. Ова моето ќе да е малку Ама пак ќе кажм битно бебушите да ни се добри па за кг ќе му ја мислиме после.
Последните 2-3 месеци најмногу се качува килажата. Јас си мислев дека сум +5,6 кг поправена оти нагло ми рипна стомакот, а и многу си јадам. Се изненадив кога видов колку сум. Исто и јас првите 3,4 месеци ослабев, ми се гадеше, не јадев многу.
Никогаш не сум се оптеретувала со килограмите. Само ми е страв ептен да не ми е тешко да се движам ако накачам многу. Сега баш барав калкулатор и сум на горна граница Само бебуши нека се добри, а за кг ќе се симнат колку се може.
Првата бременост ја почнав со 68кг а ја завршив со 100кг Сега кога ми утврдија бременост бев 86кг,13 недели точно сум и имам 77кг Искрено незнам дали е во ред ова