А јас искрено не познавам ниедна трудница што се поправила помалку од 15 ... така да рамката 8-12 килограми тешко некако далеку од тоа дека треба да јадеш за двајца и дека се што ќе видиш треба да јадиш ама сметам дека за да до крај, до породување ставиш САМО 10 килограми (просек земам) треба и те како мнооооооогу да внимаваш на јадењето или па многу да вежбаш. Дури и ако јадиш нормално и умрено ставаш минимум 15 кила гарантирано.
Колку ќе се поправе во бременоста зависи и од метаболизмот и организмот на жената. Некои многу бргу качуваат на килажа, некои помалку и покрај тоа што не внимаваат на исхраната. Јас сум за еден баланс, секоја треба да си го следе својот организам. Се сложувам дека 20, 30+ кг е навистина многу, не поради самата жена туку и поради бебето. Ај што не може таа да дигне нозе да се пораѓа, туку и бебето може дијабетес да добие, да биде големо, дебело бебе. Исто како што и цигарите на пр. се штетни така и дебелината.
Па не ги тешам да се поправат 30кг јас сакав ли да се поправам толку? Еден период двопек јадев, диета држев да не качувам и пак качував.. не беше до јадењето, до организмот нешто си беше. Нормално здраво се хранев, готвено домашно, сокови.. исто скроз како и сега... а секоја недела бев плус на вага. Дури сега чудно ми е зашто не се поправам така како тогаш. Башка по сликите кај мешиња се гледа дека сите се слабички, фит и убави трудници.. па зашто да не ги тешам нив кога супер изгледаат... Не зезај кренав нозе и се породив со толку плус, но почнав бременост слаба и со тие 30+ не бев толку голема колку што некој ке замисли бебето го родив за 1мин, здраво и право детенце е веќе од 2год. Според мене битно е здрава исхрана и 10+ да качи ако јаде се нездраво и тоа не е убаво за бебето што ако малку качила, ако не се хранела како што треба... не се дебелее човек само со нездрава исхрана. Едноставно не ми беше ист метаболизмот како сега, одев во веце еднаш во три дена и незнам зашто тоа беше така, сега три пати во ден у веце сум...
Да се надоврзам и јас на муабетот на @mariz . Потполно се согласувам дека има огромна разлика дали трудницата ќе качи 10 килограми од нездрава храна или ќе има 30+ со здрава исхрана. Во принцип, трудници кои имаат 30+ имаат отоци а тоа е уствари вода задржана во огранизмот, па тие килограми се губат многу-многу брзо. Имам примери околу мене, мајка ми, мајката на дечко качиле 20-30+ но биле подвижни цела бременост и поминале лесно. Мајка ми вели дека кога раѓала по втор пат поминала особено лесно. Од друга страна, тетка ми не качила ни 10 килограми, немала никаков здравствен проблем, а сепак тешко поминала на породувањето.
Многу брзо ослабев, до роденден 1ви на синчето бев вратена на стара килажа без страшни диети и сл, а само два дена после раѓање бев -10кг некаде. Сигурно повеќето од кг беше отоци, задршка на вода...
И мајка ми исто, на првиот роденден била дури и послаба од пред да остане бремена со брат ми. Ама затоа од 10 килограми качени со нездрава храна ниту 1 килограм не се симнува после пораѓај, ова од искуство на неколку жени. Премногу сол, каснување од се по нешто, шеќер, а да не спомнувам цигари (тука го ставам и престојување во просторија каде се пуши) се многу, многу лоша комбинација. Се додека бебето е здраво и напредува, и доколку јадете здрава храна, нема потреба за грижи околу килограмите.
Задршка на вода е веќе нешто сосема друго. @fana јас познавам многу што качиле и помалку од 10. Јас качив 13, но не отекував воопшто. Значи 15ка не ти е загарантирана. Најверојатно има удел и движењето, оние што лежат и немаат обврски веројатно качуваат повеќе. Треба да се јаде здраво и избалансирано, но да се јаде исто како и пред бременост, односно без прејадување.
Се е индивидуално, сите знаеме што треба да јадеме што не ,но пак пиеме кола,меки, сендвичи.Во првата бременост до крај плус 13 кг,бемав апетит а и припазував па пак имав висок притисок.Еве сега во оваа бременост јаде ми се и нема сигурно да гладувам и 33 г.н. Сум и плус 12 кг. До крај којзнае уште колку , да сме живи и здрави ќе слабееме после.
Зa дa се дoкaже тезaтa декa немa ниеднa истa трудницa еве дa кaжaм и декa вo еден дел oд живoтoт мoј не мнoгу oдaмнa ( пред гoдинa и пoл) јaдев пoвеќе oд сегa. Тoгaш стaгнирaв ни слaбеев ни кaчувaв килoгрaми a сегa и пoмaлку јaдaм a се пoтешкa и пoтешкa сум. Се движaм дo нa рaбoтa и нaзaд и низ дoмa знaчи не сум зaлежaнa ептен. Мoже е и вoдa не знaм јaс вaгaтa јa гледaм и брoјките нa неa и се стресувaм
@mariz И самата кажа дека си била слаба пред бременост и лесно си се породила и покрај накачените кг. Не е исто на 50 кг да додадеш 30 и на 80 да речеме да додадеш 30. Многу жени сум видела што едвај креваат нозе на боксот кога се пораѓаат. Не е здраво пред се толку многу накачени кг. И едно се отоците, а друго е дебелина поради јадење мрсни работи, газирано, шеќери. Пишав и дека колку ќе накаче зависи од метаболизмот и организмот, ете ти си пример, гледаш колку разлика има од првата и оваа бременост. И јас јадам многу, а само 3кг сум поправена, од кои 1 кг е само бебето, 26 недела сум. Таков ми е организмот. Пред 2 год се поправив 10 кг за 1 год, ама тоа од јадење нездрава храна. Сега не јадам толку нездрава храна, газирано ептен малку пијам, повеќе на овошје и зеченчук сум, благо си јадев многу, ама во последно го намалив и него. Не заради тоа што се плашам да не се поправам, туку заради тоа што не е здраво толку да јадам. Всушност благото, газираното, брза храна ,тестенини и такви работи е тоа што најмногу поправа, а не доматите и пиперките. Од нив никој не се поправил, од искуство кажувам. Секако дека не треба да си забрануваме да пробаме се што ни се пријаде, ама треба и баланс да се направе. Здравата исхрана треба да биде во преден план, не само само за убава фигура, туку и заради личното и здравјето на бебето.
Па тоа викав и јас, здрава храна пред се, качувањето некогаш не зависи од исхраната... јас здраво се хранев, салати мнооогу дури и повеќе од сега, на благо не сум обожавател и пак си качував. И тоа реков дека едно е слабичка да почнеш, друго е со вишок да се почне... но гледајки ги сите мешиња во темата сите се убави и затоа ги тешам а за сметање на кг и тоа како ми сметаа... не е лесно одеднаш со толку плус... сега еве ме 75/76 на вага сум, почнав со 71. Првата бременост со 70, а завршив со над 100 и не викам дека е убаво 30+ да се качат, никаде такво нешто не реков.
Јас сум сега 19та недела и сум -11кг,уште сум со гадење и повраќање поретко ама И кај мене бебе супер напредува
36 недела плус 17кг .,јас сега на крај некако ич немам апетит последниве два месеци сум поправена само 2 кг.