Јас скоро 30 се поправив првата бременост и до 1год од раѓање 30 ослабев. Тоа што мислиш е целулит може се отоци и задршка на вода, па затоа и првата бременост одма си ослабнала... исто и јас абе од горе до доле имав бранови по нозе, а два дена после пораѓај мазни нозете јас бев без терапија за тироидна, а мн покачено било и тсх и антителата... иако не јадев претерано многу, многу се поправав и може од неа ми било. А иако беа 30кг + јас не изгледав за 30+... Сега сум под терапија 75мг 4 дена и 3дена 50мг, јадам убаво и само 6+ сега за сега... 24+ нед сум.
Јас сум 36+ недела и + 14-15 кг. Искрено не ми смета, се нормално си функционирам. Јадам исто како и пред бременост ама кг пак си се качија, од каде се најдоа толку појма немам. Јадам 2 пати денот, и измеѓу ужинка најчесто овошје.
23+2, плус 5кг од нив 3кг ми се гарант у гради мислам дека сега малце треба да припазам, зашто слушнав дека најмногу се качува во трето тромесечје...
Сите ми викаат супер се држиш, само меше имаш. И се качувам денес на вага(не сум се мерела од 6ти месец) полна со надеж дека немам многу качено. И шок!!! 15кг плус . Терам 38ма недела.
И јас плус 15. 35 нед. од понеделник. Матичната рече многу е требало до 12. Во второ тромесечие качив најмногу, тогаш лежев цело време и ете. Инаку со мн. бавен метаболизам сум
Мене матичната ниту еднаш не ме измери во цела бременост(знам кај иста идеме ) . Ако и е толку важно би водела сметка за тоа. Инаку не се притресувај. Секој организам си е различен. Јас со +15кг имам само меше плус од порано. Никој не верува дека толку сум качила. Од друга страна знам трудници и со 20 и кусур кг качено, а веднаш се вратија во нормала по породувањето. Се е индивидуално.
Јас последно им реков. И они еј нема проблем имаме вага повели. И после леле леле многу е ! Ниту ми измериле притисок. Така да во право си Другарка на сестра ми качила 30 кг. Ги симнала за 6 мес. има уште 5кг вишок. Инаку е мед.сестра на гинекологија во систина
Ни притисок ми мериле кај матичен ни килажа. Мајка ми кажува кога била трудна со мене пред 27 години само на вага ги качувале дека ехо тогаш немало кај матичните. И со метро ги мереле мешињата бе господе божееее ако беше важна килажата и нас ќе не мереа така а немаше да правиме триста тестови скрининзи и сл. Се разбира дека не е во ред голема килажа ама штом бебенцето е во ред ич не треба потресување ќе си се вратат килограмите после породувањето тогаш ќе му мислиме за нив
https://www.google.com/amp/365.com....no-da-se-zdebelite-vo-tekot-na-bremenosta/amp Еве во нормала сме.
Јас сум 8ма недела и до сега +1 Почнав со многу голема тежина 68кг, а висока само 150 Ендокринологот ми препорача не повеќе од 6 кг, а според ова погоре само плодот и плус дополнителни работи се повеќе од 6. И сама си знам дека нема шанса да додржам само +6кг. Сите во прво тромесечие повраќаат и слабеат, мене ми се јаде ми се корне. И тоа само леб и тестенини ме спасуваат Овошје и зеленчук се трудам, ама не ме додржуваат. Само што ќе каснам за 15 мин ме копа желудникот за јадење. Не знам што ќе беше ова од мене. А 3 свадби не чекаат зимово. Јас како кит ќе бидам
Да, со тироидната и плус метформин ќе пијам до 12та недела заради тоа што имав ПЦОС. ТСХ ми е во ред моментално, само ќе го регулираме. Имавме и проблеми за забременување баш поради ова. Ги доведовме во контрола, успеавме да останам бремена и еве ги сега само ги контролирам хормониве. Ама килажава не знам како ќе ја контролирам
@DaenerysT Епа не би требало да јадеш леб и тестенини штом пиеш метформин Пробај колку можеш повеќе месо да јадеш овошје и зеленчук повеќе пати дневно во мали оброци. Земи и јаткасти плодови тие заситуваат а исто земи овесни снегулки ржани секакви комбинации со нив прави ко ке ти се пријаде една супена лажица со малку јогуртче ниско маслено би требало да се среди гладот.
Ај си викам имам време да се корегирам. 8-ма недела сум, никогаш не е доцна да почнам да внимавам а? Таман и времево ке се подзалади за месец дена па ќе биде попријатно за вечерни прошетки со мажето. Имам ли шанси да успеам, што мислите вие? Искрено да не се боревме со неплодност 2 години, не би ни пробувала бременост додека не ослабам. Ама ете ни се случи фала му на бога, па што и да е само бебче да е здраво. Инаку, не знам за вас ама јас уште сега ич не се осеќам убаво. Викаат трудници биле убави со посебен сјај, поубави од претходно, ама мене не ми изгледа така. Се осекам ко пред добивање, како балон подуена, нервозна полна со хормони. Коса, кожа мрсна и генерално непривлечна. Охх а уште 32 недели? Кај ми е крајот на мене
И јас лудувам со хормоните во бременост. Кога бев трудна со првото ич не се сакав, само сакав побрзо да помине бременоста и да се породам. Се породив... како што гледав мешиња, ми фалеше мешето и си викав леле сакам меше, сакам пак трудница да бидам.. и да уживам. Ама еве ме пак трудна и пак не уживам, само сакам времето да помине и да раѓам... ах тие хормони
@DaenerysT ме насмеа ќе се средат работите, ти веке си најубава ама хормоните ти замачкуваат очи Препорака, земи од тој лебот тонус, па јади ако можеш од него Преферирај пилешко/месо со салата. Овошје само ако ти се јаде многу благо. Да бременоста е прекрасен период, ама ние со поголема килажа мора да внимаваме. Не смееме да накачеме многу килажа, мора да си го држиме здравјето во добра контрола.
Во четвртокот сум била 55.5кг , а сега 57, +6 од почеток на бременост. Не знам ни дали вагата ни е точна дека стално со мм ни покажува иста тежина, како и двајцата да сме трудни
Мери се сабајле. Ми се случи навечер ми покажа 78.6, а сабајлето 77.4... 1200 разлика за преку ноќ (ама си отекувам чат пат, не мокрам мн...). Јас секој вторник се мерам и ставам во една апликација што ми води статистика колку смеам да качам, баш денес ке се мерам