Во кој град живеела? Имало ехо, мајка ми правела но само три пати за цела бременост, килажа исто така и' воделе евиденција. Ова во Скопје пред 35 години.
Еве јас и брат ми со Ск сме родени, пред 35/37 години и мајка ми со метро ја мереле, ја слушале со некоја туба. Исто и свекрва ми. Муабетов ми е правен и со мајка и на другарка ми, која има сестра од 32 год. Инаку родени сме сите на гинекологија Скопје, со прегледи таму.
21+1 недела и мерена пред 3 ден +1кг (до 20 недела бев со -5), ама од синоќа со отоци којзнае колку ќе бидам
Баш ме зачуди @kukla21 , мислев веќе биле современи тоа време, и свекрва ми има раскажувано дека правела ехо. Тогаш веројатно немале сите апарат. А за тубата исто ми е познато
Исто кажува и свекрва ми за золва ми пред 30год.. со туба ја слушале и таму при крај на бременост дури ехо едно и направиле.. после 5год со мм имало ехо на повеќе места, па 3,4 и направиле со него
@Kitten Во Битола. Слушале тонови на срце со инка некоја и стомакот го мереле со метро ехо и направиле пред пордување околу 38ма недела.
Па и сега го мерат стомакот на ниво на папокот со метро и прашуваат колку кг си имала пред бременост и колку си се поправила, и висина мерат исто така.
Мене не. А не ме ни прашале за килограми. Ни вага ни метро сум видела кај матичниот. (може му се гледам како згодна сеуште затоа не прашува )
И мајка ми кажува дека на ехо никогаш не ја гледале. Зборувам пред 33 години. Свекрва ми пак ја гледале истиот период, ама ептен нејзин човек на гак. Така да имале ама не го користеле, а и сигурно не ни биле доволно стручни за гледање.
Мајка ми била да и потврдат бременост и после следно на породување. А до 7 месец примала прогестерон. Немало ехо на гинекологија во болницата, па ја снимиле на интерно - само што добиле во тој оддел ново ехо... ова пред 32 години во Битола.
До сега качив 15кг. Вчера бев на ендокринолог спрема висината сметаше бми и ми рече дека е таман. И викам матичната рече до 12кг максимум било и дека сум надминала. Рече дека е глупост тоа зошто секој организам е различен.