лелеее а по колку килограми стави во бременоста? Леле леле значи сега додека ми е мало стомачето да си се изнаспијам оти после долго време ке нема спиење
девојки јас сум сега во 15та недела, и имам ставено 2 кг, дали е тоа во ред? и кога се ставаат повеке кила во првата или во втората половина од бременоста??
http://www.ringeraja.mk/statija/tezhina ... a_345.html Сењорита, овде има добар приказ околу килограмите. Јас сум 14 недела и сум на истата килажа како што бев пред да забременам, со тоа што пред 2-3 недели бев некое кило ослабена, па сега му доаѓа на исто.
леле јас се си одев нормално нагоре по 2 до 3 кила месечно и од еднаш 6-7 кила до 31 недела...малку се разочарав,планирав и јас до кај 15-16 да качам но изгледа ке бидат многу повеке,дека еве до сега се веке 17 ( до 31ва недела).
Ќе те искара докторот сега кога ќе одиш на преглед Ај не му се секирај толку биди позитивна и движи се повеќе. После ќе му го оставиш бебето на маж ти и ти ќе си одиш на аеробик па уште позгодна ќе бидеш одколку предходно.
Ако си била слабичка пред бременоста тогаш е нормално да качиш повеќе килограми. Гледај да избегнуваш многу благо и тестенини (ако можеш )
Труднички муабети и јас в се придужувам во клубот на бремени женички без клима дома а јас и да имам нема да смеам да ја пуштам затоа што не смеам да седам на клима, па вака на втор спрат си се топам секој ден, а ноке си имам една крпа до мене да си се бришам постојано туку да ви кажам нешто, секогаш кога шеткаме со мажето гледам сите трудници се слабички а машала со големи мешиња и ми иде да ги застанам да ги прашам како успеваат јас мислам дека до јануари ке бидам како топка некако почнувам да станувам опседната со тоа , сите се слаби трудници а јас уште на почеток сум здебелена
Труднички муабети Немооооој уште одсабајле за кила те молам. Немој ќе се изнервирам, неможам да се запрам се нешто ми се јаде
Труднички муабети хехехе ама знаеш кај мене пак е друга песна, мене ич не ми се јади еве веке две недели ама ништо едвај јадам , само вода пијам ама мислам дека и таа се лепи цела на мене барем да јадев немаше да ми е мака
Труднички муабети ^ Тогаш опушти се, кога ќе се породиш сета таа вода ќе исчезне во неколку дена И мене исто ми се случи, се чудев од што ставам килажа, на пороѓај отидов со +16кгр, а по 5 дена од болница се вратив со само +3,4 Проблемот со кгр не е толку естетски, колку здравствен.....затоа, гледајте се` да ви е умерено, да сте смирени и опуштени, да се движите и вежбате онолку колку што телото ви бара и дозволува, и секогаш кога ќе осетите дека сте „тешки“ - фрлете се на зеленчук, овошје, салати, да си олесните малце
Труднички муабети се надевам и кај мене ке биде така инаку на почеток во првите месец-два ич немав мака, јадев се ама умерено, мислам воопшто не ми се лошеше од некоја храна, ама еве сега веке 4 месец сум некаде премногу ми се лоши од секое јадење,и едвај да ставам нешто во уста, и можам само една иста храна да јадам
аа јас овај месец сум ептем хепи, хеххех не се имам воопшто порправено ја имам истата килажа од пред еден месец, е сега за 5 месеци ми иде дека сум здебелена околу 3кг, ама за понатака ке видиме како ке биди
15 недела 2 /3 кг се надевам дека нема да продолжам да качувам вака многу ме фаќа страв дали од кога ќе родам ќе ослабам одсекогаш сум била слабичка,сега малку сум поширока во колковите и половината инаку немам меше,ама сите ми велат ехе нешто си се поправила
Јас сега се утешив со табелата што сум ја постирала погоре, 28 недела сум и имам скоро 9 кг ставено. Ама како што гледам уште се држам добро, иако кога се гледам гола, си мислам дека сум дебелка
Jас пак мислам дека не си се здебелила многу,тоа е нормално толку да качиш,месечно пожелно е да се качува по 1,5 кг,ако се грижиш за тежината,јади повеке овошје,зеленчук и пешачи исто пиј многу вода.Hе ги слушај тие што ти велат да јадеш за двајца A тие што ти велат си се поправила,па нормално е бремена жена нормално дека ке се поправи
Со првото дете останав бремена со 58кг а се породив со 75. Со второто дете забременив со 65кг а се породив со 78. Сега после 16 месеци од пораѓајот имам 58 кг а претходно неможев никако да ослабам. Уживајте во бременоста и не мислете многу на килограмите, има време за слабеење!
кога ве читам колку бргу сте ослабнале ви завидувам искрено.јас се поправив 20 кг за време на бременоста,а најтрагично беше што јадев нормално колку и пред тоа.останав бремена со 63 на порагај отидов со 83 а сега имам 70. пробував диети ке ослабнам и пак ке се поправам после.јас инаку сум многу склона кон поправање и цел живот сум со диети вакви онакви,ама пред тоа слабеев а сега многу тешко.многу ми сметаат овие плус 8 кг не можам да си ја носам старата облека и ужасно се нервирам посебно кога некој ке ми рече леле си се поправила... инаку висока сум 173.
Зошто не пробаш да пиеш по една чаша топла вода наутро, а потоа да доручкуваш и итн. Јас пиев така порано и слабеев тогаш памтам олабнав 2 или 3 кг за еден месец, чудно ама вистинито вагата го покажуваше тоа. Е сега планирам повторно да почнам, се породив пред две недели и сакам да си ја вратам старата килажа назад, не се здебелив многу 14 кг. Со диети не можам бидејќи го дојам малото, а искрено и не скам, а со вежбање малку ќе почекам зошто сум со царски породена и сега тоа е невозможно. Затоа ќе пробам пак со водата немам што да изгубам, освен вишокот кг. хахаха