Сите сме си згодници И најбитно бебите да ни се здрави, а дали килце плус/минус не е важно. Јас не пазам на храна, освен нормално што гледам да е колку може поздраво, а и до 22ра недела си бев активна и вежбав и на работа и прошетки со мм. Ама од кога ме легнаа ради цервиксот мислев ќе се направам бумбар, ама изгледа што од топлото, што од тоа дека не трошам па немам ни зголемен апетит. Али до крај имам уште фора може уште 10 ќе ставам, по едно килце неделно
37нед со +7кг. Сите ми кажуват дека не сум поправена, а и јас се чудам на толку јадење да не се поправам многу.
Не знам. И јас се чудам. А имам апетит и јадам многу. Таков ми е метаболизмот, тешко се поправам отсекогаш. Колку и да си се поправила во бременоста, сега си права манекенка.
27 недела сум +3кг качив (ама првите месеци симнав 5кг), значи уште не сум ја вратила почетната килажа пред бременост, а бебе е супер 1000гр.
Нема никакво пеавило со качувањево на килажа. Јас пред да влезам во трето тромесечие имав качено 12кг и ме фати паника колку ќе имам до крај. Како влегов во трето до порагај 1,5кг евентуално 2 дали качив. Неполн месец после пораѓај сум со +3кг.
Јас сум 40та. До 37та имав само +4 килограми, а вчера се качувам на вага +9. Ме удри шлог. Има некој што вака нагло се поправил последните 2-3 недели? 5 кг за три недели некако ми дојде многу.
Може се отоци, задршка на вода... а и доста имаш во мешето. Едно 7-10 ке се изгубат после раѓање па после за брзо и другите ке ги снема... со лесно
Ти благодарам @mariz ич не помислив на задршка на вода и слично. За слабеење не се грижам, туку мислев да не е нешто штетно за бебе толку нагло качување.
Јас така качив со второво... цела бременост супер, одвај 5 кила. Кога отидов на одмор, од седење дома и јадење се поправив 6 кила за месец и пол. За бебето не е штетно, а ни за тебе не би требало.
Дааа мм вика пред некој ден: Деновите почнаа да се бројат а? И јас се збунив, уште не ми се верува дека за месец, помалку од месец ке се породам