И кај мене како кај @forumce изгледа доењето помага...почнав со 60кг, завршив со 72кг, а сега скоро 5 месеци по пораѓај имам 57,5кг. Воопшто не пазам на исхрана, особено претерано многу јадам благо.
Јас 4 5 6 месец највеќе турив второ тромесечје И од тогаш стагнација, чудно....Баш сега кога качува бебе вагата не мрда... Цели два месеца едвај пола кило Се вкупно +7 до 34та
Леле не сум единствена над 10 кила качено. Ако ти е за утеха. Хааххаах... 21 недела +11кг. Гледам ќе си ја вратам тежината што ја ослабнав. Пак во клубот над 100ка. Докторката ми кажа да се стегнам малку, да припазам, па последниве 10 дена немам ништо качено. Епа штом можев еднаш да ослабнам 25 кила, ќе можам пак, сигурно (редакт-по бебињава нормално).
Јас како си ги качив ама одма рипнаа сега последниов месец само 1кг.сум поправена сега имам 76кг.ама ми е гајле само да биде се како што треба после ќе слабееме срцка што се секираш
Јас качив околу 15. После породување бев +6кг. А сега после 6 месеци сум +11кг. Исто качувам ко трудна да сум . Има некои со 30кг +одма се враќаат во форма. Така да без грижи. Се е индивидуално.
Јас симнав 30+ кила качени во првата бременост успешно и трајно со УН диета. После имав уште две бремености и за кратко си се враќав на старо без мака
Завршувам прво тромесечие со 1 - 2 кг +. Кога ќе размислам овие јануарски празници, најлесно сум ги прошла.
Денес ми е трет ден после пораѓај и имам вишок од цели три килограми . Не ми се верува, ќе излезам од болница со речиси иста тежина како пред бременоста. И стомак немам воопшто, само многу мека кожа ќе треба креми и мидер, ама ќе се дотераме
А со колку плус отиде ? На пораѓај Јас 36 недела уште плус кило +8 36 недели ќе видиме до крај Това е, ќе се слабее после
@ludoto19 на влез во 39-та бев +11, ама последната недела симнав 2, не знам како и зошто, ама според докторката нормално било пошто постелка презреана, ни бебе не растело веќе, па ни јас. Значи, отидов со +9 на пораѓај, сега сум минус 6, уште три и топ Ама отсекогаш сум била слабичка, и лесно слабеам а тешко се поправам. Еве и малава е на мене, нели пишував дека стомачето и беше помало во бременоста, манекенче на мама е и она, долго и тенко
Јас на пороѓај отидов со плус 15 кг сега уште не сум се измерила, ми е страв што ќе каже вагата, сигурно ќе треба уште барем 10 да симнувам до совршена килажа