Јас за време на бременоста се здебелив 7 кг. Нив ги снема со самото породување така што сега сум исто како претходно
Jas isto taka sum malku popravena, 3-4 kg. no ima se uste mnogu vreme pa ke vidime sto ke se sluci do krajot!
во првото качив 17 кила а во второто 9 тиа 9 си ги симнав ама од првата бременост 10 висок никако да ги симнам
машала, па ти би требало да си повеќе поправена, алал да ти е што си ги држиш килограмите во нормала.
добро е до сега само пак сега ми се појавија отоци по нозете и кога станувам и лицето,страшна сум ама тоа е ќе се издржи
Јас сабајлево се измерив и имам рамно 70 кг , а бременоста ја почнав со 58 кг. Неделава почнувам 33 недела и не верувам дека последниов месец ќе качам повеќе од едно кило, така што претпоставувам дека бременоста ќе ја завршам со 12-13 кг.
Јас сум 32 недела и до сега имам качено 10 кг за мене е баш многу ама се качуваат бе да му се сневиди, си јадам нормално, 1 до 2 пати дневно и секој ден се качуваат по неколку грама, до крајот уште 2,3 да ставам и доволно ќе биде мислам, не сакам повеќе, ама ќе видиме како ќе биде.
Јас сум на почеток на 7ми месец и имам качено 7 кила, а до крај се надевам дека нема да поминам повеќе од 12
И јас исто, насабајле 11 кг, а навечер 11,5 па и 12 кг ми покажува вагата, ако е точна Важно не е многу, мислам дека брзо ќе ги симнеме штом се олесниме, мене и без тоа не ми с епознава ич, само стомак имам , на другите места сум си иста, ама не се замарам, само зверчето мое нека си биде во ред, па другото не е битно
да да тоа е најбитно зверчињата да се добри и големки и дебелки, а ние после пораѓај повеќе од 5 6 кг во плус не верувам дека ке бидиме, а тоа со секојдневните обврски натаму наваму, ке ги снема за брзо време. една моја роднина и таа е сега при крајот ама е 28кг здебелена, и кога ја гледам целата таква како трупец дури жал ми паѓа ама и таа самата вели неможела да престане да јаде се и било превкусно.
еххехех тука не каде сме сите , супер немаме многу ставено , а и полесно ке ни биде за после да се направиме шланг мамички
ехе супер сте сите со таа килажа, и да знаете дека ке се вратите брзо во нормала идеално е до 12 кг да се поправите добро сега зависи и од почетната килажа што ја имаме не сме сите исти ама ја да ви кажам после пораѓајот тие 12 килца брзо ги симнав ама оној вишокот уште 8 тешко ми одеше