На крај +3. Стартна 66, завршив со 69. Недела покасно 64, а идеална според висина 60. Поради бремености блиску една по друга, од првата имав 1кг и од втората 5кг вишок со кои ја започнав третата.
Полни 29, од утре 30та недела, имам +11 кг Ми викаат не се приметувало, само стомак сум била ама јас си ја гледам вагата дома
Јас се дебелеев кај задникот и бутовите. Во втората бременост тоа беше поизразено. Повеќе се здебелив. Вкупно 13 килограми. Стартував со 58, а завршив со 71 кг.
Полна 30 недела 14 кила сум плус, и кај мене викааат не се гледа само стомак имаш, ама јас си знам. Ајде ќе слабееме после пораѓај.
Не верувам дека ќе бидам само 13 како минатиот пат, баш во 9ти месец качив највеќе, мислам 5 кила. Сега сум куп целулит над коленици, бутови и г'з, но вака не делувам изгледа здебелено. Но вчера една моја ученичка ме "утепа", ми кажа дека сум била поправена, се приметувало во лицето И јас се надевам ќе ослабам брзо пошо лето иде, преку лето не се јаде
Шо се секираш незнам, ке ослабеш и да не сакаш Еве сред зима, а ослабев.. до душа на вага уште +4 имам, но сите викаат ама сум ослабена 74, мора до 70 да стигнам
35 nedela. Startuvav so 69 kg, sega sum 80. Da se zivi i zdravi bebushkite , nie odposle ke slabeeme.
34+4 недела 79 кг почнав со 65кг. така си терав до кај 5 месец , а сега браво за мене , рекордер за 3 ипол месеци +14 кг.
Јас почнав со 60, на пороѓај отидов со 75, значи +15. Сега, после 3 месеци сум 66. Уште 6 за симнување.
И ја сум толку . Не се потресувам за килажата само се плашам на жешкото како ќе се носам со тежината ако продолжам вака. А за слабеење после ќе му мислам.
@mimiiiii Оо ама ич не се потресувам за слабеење и онака цел живот сум на диети Ама битно 81стигнав Ме теши тоа што никаде освен во стомак не сум поправена, ниту распукана. Мислам според неделите нормално качуваме,дека не е многу
Јас на последната контрола пред 4 дена бев 22 недела со +5 кила. Мене докторката ништо не ми замери, но сестрата ми искоментира демек многу сум ставила, досега требало само 2 кила да имам плус. А после тоа дојде докторкава па вика дека било во ред од 10 до 12 кила да ставам до крај. И некако се изнервирав.
До 22ра недела 5кг не се многу, според мене. И ја сум тука некаде - 21ва недела, околу 4кг+. Мене на лекар кога ме измерија ми рекоа: „Јадеш ли нешто ич не си се поправила!?!?!“
Ама многу се изнервирав што сестрата некако ко цинична беше, а докторкава вика океј си, супер, само во стомаче си поправена инаку си слабичка. Искрено многу ми боде очи ова што ми го рече сестрава зашто ептен внимавам да се хранам здраво и да внесувам само тоа што е потребно.
Ич да не ја фермаш сестрата. Битно е да се осеќаш убаво ти. Да имаш енергија и да внесуваш се. Другите што ќе кажат ич да не ти е гајле. Ехеее кај ни е крајот до 9ти ако се фаќаме за кој што рекол. Уживај си во бременоста и не се оптоварувај со бројките од вагата.
Ич да не ја ставаш на памет сестрата Јас сум 20-та недела, уште повраќам ко во 10-та да сум, јадам тек-тук, а имам ставено 2 кила. Да јадев нормално, и јас ќе имав 5, ако не и повеќе. И најважно е ти како се осеќаш