сакам да прашам , јас сум 7 ми месец и сум здебелена само 4 кг крвна слика .бебчето се си е супер ,а јас воопште немам апетит... мозе ли да ми казе некој што да правам???
А што, ти сакаш да имаш повеќе кг??? Штом е се во ред со бебето тогаш што се замараш што си качила толку малку кг, поарно помалку отколку повеќе па после да се чудиш како да ги симнеш. Ако се храниш здраво тогаш уживај си во бременоста и ич не се замарај со килограмите, сите сме различно градени и кај секоја од нас различно се ставаат , кај енкоја помалку кај некоја повеќе. Don`t worry, enjoy
Јас сега го почнав третиот месец,но никако не можам да почнам да јадам како што треба.Се нешто ми се гади,ми се повраќа,не можам се да јадам јадам многу млаку но најмалку 3 пати на ден.Наутро не можам да ставам залак во уста.
И мене исто ми беше,но некаде во 4 месец престанаа мачнините и можев да јадам,инаку мене првите 3 месеци ми беа ужасни,само лежев,спиев и повракав
Od koga ostanav bremena do denes sum popravena 7 kg.a samo sto vlegov vo 7mi mesec. Sekoj mesec-kilce ako vaka prodolzi do kraj na bremenosta ke imam 10tina kg. Idealno!
да си уживаш ,нема потреба од многу качување килажа ,бебчето си зема се што му е потребно а се другото останува на тебе , јас имам страшно апетит ама стегам заби внимавам што јадам
Јас сум во 22ра недела и сум поправена едвај 2кг.Инаку многу ми е страв да не се поправам многу зошто познавајки се себе после многу тешко ке ослабнам не сум навикната на никакву диети одсекогас си јадам колку ми се јаде Почнав со 55 кг (се мерев во 7мљ недела од бременост)па едно време дојдов до 52 и сега сум без малку 57кг.За сега добро се држам
не сум сама локи и јас сум 26 недела а веке 10 кила во плус кај мене се распоредени во колковите и половината
Не сте сами еве јас се мерев денес на контрола 27 недела +11 кг сегде се распоредени поготово во газот колку стомакот ми е
хехехе значи не сум само јас толку поправена, значи нормално е толку од прилика јас само во стомакот сум здебелена како да сум 9-ти месец хехехе. бебето тежи 900 гр
јас сум веке 28 недела и имам само 6 килограми плус а и не ми се познава баш мешето само кога носам припиени блузони
хм вчера кога бев на преглед се мерив и видов дека сум 65 кг а пред да останам бремена бев 55 значи имам ставено до 30 недела 10 кг но не се познава имам само меше а и тоа не е баш приметливо
А јас да ви кажам останав бремана со 60кг може и помалце,а на почеток на 9 месец има 80кг како балон бев.... а бебето не се роди кој знае колку големо,нормална тежина 3370гр
Гајле ти е Јас со првото останав со 61 се породив со 91 а сега 30недела претпоставувам дека имам качено 14 кг па нема ваљда уште 16 да качам а?
Не можиш да знаеш... Тетка ми во еден месец 15кг качи.. одвај се движеше еј.. за целата бременост беше здебелена 42 кг. Мене ми е многу страв од тие килограми.... бидејќи сум склона на дебелеење.. леле, леле има да се тркалам ми се чини ... Досега сум 12 недела и 4 дена.. не сум здебелена.. ама има време.. Докторката ми рече максимум 8кг. Ќе видиме..
Јас сум во 20-та недела од бременоста и имам качено едвај едно кило Доколку генетиката е во прашање, се надевам дека ќе се здебелам како мајка ми кога била бремена со мене- по книга (како што вели мојата докторка).