16 недела 6 кг+, почнав со 56 сега 62, ама не ми е многу важно, битно бебенцето да ми е живо и здраво и бременоста да тече како што треба. После пораѓај ќе се вратам ко што си бев. Инаку многу ме нервираат муаабети во стилот она кога беше трудна многу беше дебела, алоооо не била дебела била трудна. После нешто ќе остане, нешто ќе се симне, зависи од исхрана, вежбање, и најважно од самиот организам
Од денес 28 гн. качени 5кг. Многу ми се.Имам 89. Бременоста ја стартував со тежината со која се породив со второто дете. Мн набрзо ми дојде. Пазам колку можам но и ми се јаде. Висока сум,не изгледам мн дебело но ми пречи мене .
Јас се трудам да не се замарам со вагата ама мора да се има само контрола, веќе си имам вишок кг.од првата бременост
Со гладот се справувам така што отварам фрижидер и пак јадам. И пак, и пак Сериозно, јас неможам да го игнорирам ми се јаде и крај морам да бутнам нешто, апетитот ми е плафон оваа бременост. 28ма недела, + 8 и пол кила
30+2 и доега имам качено +5 килограми. Многу ми беше интересно кога видов денес да ми покажува вагата 60 килограми. Секогаш сум била околу 50 и нешто, останав со 55 што ми е максимумот (останав во февруари кога стандарт преку зима си се дебелеам). И тогаш си дадов фора до +10 да одам и изгледа до 40 г.н толку ќе бидам.
Од утре ја почнувам 28ма со +6кг, од 85 на 91 матичниот ме караше и ми рече до крај на оваа килажа максимум уште 6 Што е до мене не би ни грам повеќе.. И пола од тежината мислам во бутовите ми е одена Ајде само се да е во ред ќе се слабее после
Јас сеуште се немам вратено на мојата килажа останав со 62 пред месец паднав на 59 и сега одвај имам 61кг. Малку се плашам дали е нормално вака, се си јадам колку што ми бара организмот ама ете малку е изгледа
Кој месец си? Јас од 6 некаде почнав да се дебелеам. Па сега се чудам што ме најде. 8 м сум и сум +7 кг. Секоја недела мислам по 1кг сум плус. Страв ме фаќа до крај колку ќе отерам. А кога ќе ми текни и јас вака како тебе се плашев.