Нене напрротив кпга останав бремена ми рече сега хитно да си качиш некое кило мн си слаба ама јас неможев никако се спремав претходно ама ништо.. и слабо железо имам ептен не јадам превише ама бебка си го прави своето
11 недела сум стартував со 50,сега сум 54 до сега немам коментар добиено од гинеколог дека е нешто многу. Незнам дали дека не поврајќав па си качувам. Не дека јадам многу,само не се движам
18+1недела и +5кг. Ако успеам оваа бременост да истерам со нормално покачена килажа добро ќе биде зошто со претходните две се поправав цели 25кг иако бев многу слаба па таа килажа таман ми доаѓаше ама кај е навикнат слаб човек да се гледа со полни бутови и задник иако после неколку месеци без диети се враќав на истата килажа како пред бременост.
25 недела, колку плус сте? Абе јас многу се поправам, плус 8кг сум А си викав на почетокот демек оваа бременист ке внимавам и од 10кг до крај ни грам да не качам..
Јас сум 21 недела и 10 кг вишок тие ги качив и од апчињата и стрии имам што ми ги даде претходната докторка да ги пијам оние прегна мама, а тие биле за девојки што немаат апетит за да јадат и да накачат килограми не ми ни даде да пијам фолна киселина и магенизиум одкако ја сменив докторката почнав да ги пијам. Ќе имам ли некаков проблем на пораѓај ради килажата? Зашто ми кажаа дека треба во цела бременост 12 кг да се здебелиш ма да оваа докторка кај што одам ми вика нема да имаш проблем
Нз дали ке те утешам, ама првата бременост 30+ качив Природно си се породив... Инаку нема врска апчињата, јас првата бременост пиев само фолна и магнезиум и се поправив. А втората бременост пиев Пре Мама витамини, во сите витамини за трудници има фолна, качив само 16+ со тоа што имав скроз ослабено од првата бременост и двете бремености почнав со иста килажа. Може да отвараат апетит да, но гледај да јадеш овошје и зеленчук повеќе кога ти се крка нешто
Па да ти кажам ме утеши малку јас се плашам дека треба царски рез да одам дали има некаква врска тоа. Фала ти многу
Нема правило, има што малку качиле и пак поради висок притисок и други индикации што морале царски. Јас иако 16+ ставив втората и бев баш шланк (висока сум доста), само меше на мене имав... завршив царски поради заматена плодова вода... Нема правило, само пази сепак, зашто отпосле ке ти биде мака со вишок + и ке се нервираш додека не ослабнеш...
27 недела со 5ипол кила плус. Се ми е во стомакот, дури сум изненадена што не сум повеќе здебелена, кога јадам 5 пати на ден.
За некој ден влегувам во 8ми месец, поточно за 3дена..и сум плус 9кг. Денес бев на преглед и докторот ми солеше памет како многу било тоа и искрено грозно се осеќав, како да се мајтапеше со мене..не било добро за мене, за бебе, дрн дрн..како јас да не знам ..ептен ме испонервира, некултурен ми беше, каква е таа забелешка..изгледа многу ти се допаѓа да јадеш?? ..јас 9кг планирав до 9ти да качам и ништо више ама ете имам апетит..уште 2 месеци цели пред мене, се надевам нема да качам уште многу
Офф што да кажам јас 7ми месец +19 кила. Ни еден доктор не ми најде забелешка и ни еден не ми кажа дека штети нешто на бебето,сите ми викаат таман си. Јас имав 47 кога останав сега сум 65. Колку и да пазам неможам гладна да седам. Како бебето да го изгладнувам се осеќам кога ке го родам ке се пазам за јадење а додека има душа во мене ке биде сита секогаш
Сега ќе имам полни 8 месеци и имам качено најмалку 15 кг и воопшто не се замарам дури и на мм му се допаѓам пополничка
Јас 23 кг се поправив па се си беше ок и со мене и со бебчето еве веќе 3 месеци ке направе а јас сум си пак на старата линијајади си колку ти се јаде на тебе и не се замарај кој што ќе ти каже
Да напоменам пред да останам бремена бев 65 кг. На почеток на 9ти се породив со пуни 95 кг. Висока сум и не се познаваа многу, а и не ми беше гајле. И откако ми прооде малиот минатата година јас се вратив на 68/70 што и баш не ми се свиѓа ама па ќе кажам не ми е гајле. Ако се 9 мн, што се 30? Ич не се замарај.
Ова ми е втора бременост и до сега немам налетано на таков неранимајко..и притисок и шеќер и се останато си е супер не знам што му е маката на докторот..не велам дека се малку ама па и не е толку страшно како што тој кажува.. Девојки, ви благодарам
Офф ќе бев среќна да се поправев само 9кг тоа е тежината на плодовата вода плодот и крвните садови значи јас се поправив 25+ па имав супер спонтан пораѓај и воопшто не сметаше ни за бебето ни за мене освен што испукав малце ама се решава и тоа.Ич да не се секираш и да си го смениш докторот тоа е многу некултурно и безобразно од негова страна
Кога не знаеш ти да му кажеш на што личи ќе си зема идиотот неписмен ваква слобода. Какви се не ликови се доктори во Македонија језиво. Јас до седми ставив 15 кг на конто, а седми месец го завршив со +300грама. Стојам на +15 што за мојата висина докторот рече дека е нормално зголемување на тежина. 10 кг тежи бебе со се се внатре. @Charlotte* мила абе имаме уште простор да јадеме нека не не заебава апетитот на крај
Глупости бе шо доктор ќе беше мојот од старт ми кажуваше да си јадеш колку што ти се јаде и ме велеше да се поправам за да ја издржам бременоста а јас си јадев само кога ми се јадеше и еве од 61 на 59 па до 67 кг стигнав а 6 м сум до крај 15кг не ми бегаат сигурно