Јас кога почнав уште на почеток да качувам килажа мислев до 50 плус ке стигнам до 20 недела имав 13 кг плус, си зацртав максимум 20 да качам, еве сум 21-22 кила плус во 39 недела, и мене на почеток докторот ми викаше многу се тие кила, ама еве и сега кој и да ме праша колку сум поправена не му се верува дека сум 20че инаку висока сум, почнав со 62, сега сум 83, да се олесниме па ке вежбаме со бебе во раце
+11 бев до 29та недела Тука застанав, се немам мерено. Децава вакви ќе ми излезат гарант , Ја имам фора, за близначка до +20ок било. Али не ми оди. Киселини викаат стоп!
Абе јас останав шокирана не ми се веруваше што слушам, ме фаќа за стомак и вика знаеш ли колку сало има овде..отпосле и јас си реков требаше да му кажам ова она ама бидна..инаку секој пат сум кај различен доктор така работат овде, не сум во Мк..и овде има такви створови.. Да се прашувам јас и 5кг само би качила ама реалноста е друга..абе така си реков, да биде се како што треба па ќе му ја мислам одпосле како ке се слабее, сега и да сакам не можам да не јадам, кога сум гладна веднаш ме тера да повратам..
Леле безобразен,како си земаат за право да навредат трудна жена просто да му се чудиш на паметот кој го немаат. Море треба побезоразни од нив да сме па на таков коментар да му вратиш со јас па едвај чекав бремена да останам и да се товам желба ми беше стомачниве со сало да ги прекриам. Прости луѓе да се кажело само. Се изнерав не дакам вакви упатени коментари на никој
Не смееш да гладуваш. Шеќер паѓа и се слошува. Тие кила не се само на нас. Ќе ме фати за стомак? Така ќе ми коментира? Ти мирна си изгледа.
Денес на болница се мерев имам 80 кг облечена со чизми Почнав со 68. Имам ставено 12кг термин ми е недела 09.12
Јас почнав со 64, 39та недела сум и 80 кг. Ич не ми е гајле искрено да ви кажам, нит се осеќам дебело, нит пак некој може да ме навреди ако ми каже дека многу килажа сум качила
Не се многу ама секакви доктори има..мене исто ми викаше еден..отидов на скрининг он наместо бебе да го гледа он со моите кг се замараше и ми рече сум смеела само 4 кг да се поправам (шо не е можно) -.- јас се поправив исто 9 кг,а два дена по пораѓајот бев по слаба од пред да останам бремена..наеднаш ги снема 13 кг..така да ич не се замарај уживај си во бременоста и смени го тој негативец од доктор..
Јас допрва ќе качувам. 12+6 само 0.5 кг Ама крупна жена сум ти јас, не ми бегаат килата. Се чудам што се измерив толку малце, ниту еднаш не ми се слошило.. си кркам... И искрено, се додека е ок, ми е гајле. Јас со вежбање активно и исхрана за 3 години си ја сменив градбата, си верувам во себе дека можам пак. Дека е тешко, тешко е, ќе биде потешко знам, ама се' што вреди е тешко..
Јас почнав со 68 кила а пред две недели кога бев на контрола бев 80 а тогаш бев 26 недела сега сум 28+2 се немам мерено до сега имам 12 кила качено многу ми се малце се разочарав ја си мислев макс до 9 ќе качам 10 кила ама ја до 7ми направив 12 кила плус ама тоа е најбитно бебето да ми биде добро. Од др страна сама си се тешам со тоа што до сеа бременоста ја минев со поврќе лежење без никакви активности и движења бидејќи имав предходно еден спонтан во 6ти месец и оваа бременост уште во 6та недела имав крвавње и од тогаш повеќе на лежење и одење сегде со кола пешки никако.Матичната ништо не ми рекла за килажата а сеа кога бев во Ремедика на контрола доктпрот ме праша дали јадам благо му кажав дека од кога останав бремена мн сакам благо за разлика од пред тоа и ми рече да намалам со благк и леб зш мн ќе сум се поправела дека не било добро ќе ми се качел притисокот отоци ќе ми се јавеле и еве ср трудам да намалам ама некако тешко ми оди откажувањево од благото...
39 недела сум Си јадам се од ништо не се устручавам се како што си јадев и пред бременост.. Вкупно качив 12 кила и тоа се во стомак Се надевам после пораѓај нема да ми е како торба стомакот бидејќи сите кила таму ми се Со 60 почнав сега имам 72
Останав бремена со 64, на пораѓај отидов со 81, една недела по пораѓај сум 74. Ќе ги снема овие 10 за некој месец се надевам
Со околу 55кг ја почнав бременоста. Последно се мерев пред 2 недели во 18та недела 60кг бев.. И решив само на прегледи да се мерам, дома никако
Јас почнав со 59кг кои во првото тримесечие воопшто не се променија, после во 20 недела на скрининг кога бев, ме мереа бев 65кг. И ништо не ми кажа докторот, рече не смееш повеќе од 5.5кг да ставаш во триместар, според ова што ми кажа. И во 23 недела кога бев имав 66кг. ми искоментира матичната многу си се поправила за овие месеци, и викам само 3кг се мои, другите се од бебка.. Имам вода бебе тежи, имам повеќе крв... Висока сум 172 цм/60кг (пред да останам бремена, имав нормален БМИ) Значи таман сум .. И ми вика е да, во право си
Јас почнав со 62, до пред порагај дојдов до 83-84 можда не знам не се измерив точно, некни во болница мажот ми ми вика оди надвор има вага, се мерам 78 си викам абе вие доктротиве да не заборавиле внатре уште едно бебе дека очекував барем 7-8 минимум да намамалам дека бебе, плодова вода ама тоа е ајде ништо полека. Тие што сте царски, знаете ли од кога смее да се носи мидер или некој појас за стомак за побрзо вракање во нормала?
@Dina911 јас уште утредента си ставив мидер.Секако со дозвола од 2 доктори. Некако се чуствував поцврсто и полесно ми беше за станување. Го носев 24/7. А за враќање на килажата. Стомакот одма ми се повлече,излегов од болница без меше,а килажата после неколку месеци ми се врати во нормала.
Значи почнав со 59кг, вчера бев на контрола и имам 69кг. А сум 28+2 недели.... Е сега не знам дали е тоа многу или малку нормална не бремена тежина ми беше 60-62 кг..... некоја искуство со кг..... Отприлика....
Нема многу малку. Гледај ти како се чуствуваш добро и удобно. Секој е различен, секоја бременост е различна па и секој различно качува. Викаат просек е околу 12 кг, што не значи ништо бидејќи многу мешиња качиле и мкогу повеќе па после ги симнале. Првиот пат качив околу 9, вториот околу 12 третиот 3. Јас највеќе качував последната третина.
Па погоре пишав дека во првите три месеци од бременоста не качив на килажа....после тоа се поправив... И од последното мерење до сега сум поправена плус 3кг....океј се чувствувам подвижна сум, немам отоци (сеуште) ниту пак киселини редовни.... Ти благодарам за одговорот )
Јас сум со меше како 4ти месец, сма во понеделник сум на вадење конци дека царски, па тогаш ке прашам ако дадат дозвола одма ставам, оти стомакот ми е мек како вода да е полн )))