Еве ме и мене Останав бремена со 62кг, се поправив 9кг до 38недела. После пораѓај, после 10 дена се мерев, пак 62кг, веднаш ги снема вишокот кг. Се израдував дека влегувам пак во истите алишта како пред бременост Стомакот ми е помек сега, и уште ми стои Линеа негра. Имам и неколку кратки стрии на десната страна долу. Ама ништо од ова не е важно кога ќе го видам мојот најубав син И мој бебо на 10ти јануари ќе прави месец, врсници ни се дечињата
И мене ми е мек ко желе е исто линеа негра уште стои, ми се направија само 2 стрии под папок и тоа 2 недели после пораѓај откако се врати стомакот. Така е само нека ни се живи и здрави бебенцата друго не е битно Гушки и бацки до баткото
Јас сум 20та недела и се имам поправено 5кг. Две од нив ги качив за празнициве... Имам огромен апетит и веќе заличувам на топче. Ниска сум, 160цм, а почнав со 57 кг, сега скоро 63 сум. Се надевам дека нема да отиднам повеќе од 15, зошто уште сега личам на 7 месец... Ова ми е прва бременост, и не знам колку би симнала после породување, а знам дека веќе ми беше тешко да ослабнам и пред бременост.
јас сум 25 недела и поправена 14 кг имав 61 сега сум 75, премногу се нервирам а не јадев да многу до 4 месец ми се гадеше од се и повраќав јас незнам како качив, ми рекоа вчера како ѓуле сум била страшно се нервирам и во депресија сум зошто толку да се здебелам , незнам што ќе правам наредниве 3 месеци но ќе мора на диета, ве молам за совет?
Ужас, каков народ постои. Да се засраме тој што критикува трудна жена за дебелина. Не им обраќај внимание на таквите коментари. Во бременоста нема простор за диета. Ќе слабееш после пораѓај
Еее не си земај за срце кој што кажува,доктори има тука што све и свашта му кажувале гледај ти да се чуствуваш добро,бебето да си налредува за другото ќе си пишуваме во друга тема на некој режим на исхрана. Иста сум и јас само оди вагата во нагорна линина а не внесувам толку,тоа е хормоните си работат.
Иста бев и јас до 4м мн повраќав ослабнав 3/4кг , после почнав да се поправам од 53кг во сала на породување влегов со 70 си дојдов дома со 60кг за месец дена 55 се напраив и еве две год си ги држам тие 55кг не се замарај за такви коментари , ако си слаба ќе викаат леле не мислиш на детето ако си попраена не личиш на ништо , смеј му се у фаца и не дозволувај да те дирнат такви коментари , битно е да сте добри ти и бебето а килограмите се само обична бројка
И јас почнав со 62, завршив со 84 на порагај, исто ко ти на почеток качив поголем дел од килограмите, до крај не толку колку што очекував како што бев тргнала. И мене некој ке ми речеше многу кила сум качила за малку недели, ама јас убаво се чувствував и не се замарав, а далеку од тоа да ти кажам дека не јадев многу, а толку многу качив ама ете хормони се во прашање. Две недели од порагај бев минус 10, сега се немам мерено, бебето ми е месец и пол ама кој и да ме види ме прашува од каде излегло бебето, така да немај гајле. Сега имам многу малку меше, дека рамна даска бев пред да останам трудна, ама и тоа ке се среди. Позз и уживај си во бременоста. Со лесно
Лелее јас до 9 месец како фока ќе станам !: Со 54-55 стартувам, па крајот ќе покаже, само здрав и жив бебуш нека биде.
Кога се попраив 10 кила не ми е јасно, 19+ 1 сум Мада ми викаат не се познавало толку, дали лице ми праат Јас не се осеќам дебела, можда малце во колкови. Ама од прв ден само на јадење ме тера, на почеток внесуев многу повеќе од сеа, сеа мали количини во чести дози. Здравје, ќе тераме, ионака не зависи од мене туку од шефициве во стомак
Јас останав бремена на 58 кг,отидов на пораѓај со 75 кг,не јадев многу,исто како и пред бременоста,во првите 3 месеци дури и повраќав,ништо не можев да јадам.Како успеав да се поправам 17 кг и јас се чудам А уште почудно,па дури и смешно, кога излегов од болница имав 70 кг,сум намалила само 5 кг Да или да се . А ве читам сите со намалени 9,10 кг излегувате од болница,секоја чест. Стомакот ми е доста намален, малку имам вишок, после неколку дена од излегување имав 68 и не сум се мерела оттогаш ама не си изгледам дека сум нешто ослабната. А поминаа 25 дена како сум породена.Бебче си цица многу,јас послабо јадам,вода и чаеви пијам многу,4-5 л на ден сигурно. Ми има ли спас или не?
Во бременост качив 12 килограми, 6 симнав во болница, и уште 6 до 10тиот ден после пораѓање. Последно кога се мерев бев 600 грама потешка од кога останав бремена. Да ми кажуваше некој дека воопшто е возможно да се вратиш веднаш на предпородилната тежина, ќе речев лаже.
Јас од денес влегов во 39 недела и сум плус 14..една недела бев со грип и јадев минимално и наместо да намалам јас сум накачила, сакам да кажам колку и да јадам или не јадам сеедно ми доаѓа, килограмите не контролирано си идат сами од себе, барем кај мене е така..
Нема врска јаделе не јаделе многу,јас со 69 ја стартував.Синоќа се мерев пак 73кила а ја тераме 21ва недела.Јадам кога и да ми се пријаде пошто сум нон стоп дома.Е сега имам до сега само еднаш јадено пица,3 пати сендвич купечки благо така и така може по едно крем бананче или некоја торта што ќе ја сматам,сок газиран воопшто а ни негазиран. Мислам хормоните имаат големо влијание на килажа.Ќе видиме следниве месеци што ќе се деси
Деветти ден после породување минус десет кг. Не е лошо Стомакот не ми е нешто мек, можеби оти матката се уште не ми е вратена на позиција.