Зошто воопшто се оптоварувате со кг во бременоста, нема потреба. Килограмите зависат од многу фактори но најбитно е бебето да си прима од мајката се што му е потребно. Јас првата бременост ја завршив со +28 кг и за месец дена паднав на 58 кг затоа што зверчето беше стварно зверче а се роди 3100 гр (значи повеќе одело на мене кг отколку на него). Втората еве ја терам и сум при крај ептен (35 н) со качени само 16 кг кои што одат повеќе на бебе и на градите . По кг бебето е напредно една недела. Тотално различни ми се и двете
Групава ко за мене не знаев дека постоела добро е бар ќе си олеснам што ми лежи на душава Има некој што слабее или сите се дебелеете ? Три кила од старт ослабена сум, а и онака си бев слаба сега ме докусури ова... 16 та недела сум... има ли надеж да се качи некое кило, како тие бебиња ќе растат и ќе бидат здрави стварно не сваќам ... Фала му на Бога бар на ехо се е во ред ...апетит нула, месо, риба, јајца нејкам со очи да видам...се останато јадам но мали количини и очигледно не ме дебелее се ова... утеха некаква, случај ко мене има ли ? Се чувствувам криво дека не правам се за бебушите, али како луге желудник боли, нагони, одбивање на храна
Еве ме мене, 10та недела ослабена 3кг а бебка си расте, јадам нормално колку можам и потполно те разбирам, покрај лошењето уста не ми се отвара повеќе со сила заради бебето...
мила кај исто се викаме и иста мака си имаме Мене кога ми се гади уста не можам да отворам, а бидејќи апетитот ми е нула, ни со сила ни никако не бива ..изборот на храна што можам да го јадам некако ми е се едноличен ... не можам да сватам како ќе растат бебуши, а ја слабеам ...да речеш од резерви мои црпат, кај мене не е така зошто резерви кај слаб човек тешко
Не се нервирај важно бебе да е добро,истата сум и јас месо риба никако не јадам,овошје зеленчук супа и леќа јадам и јаткасти плодови.
да тоа јадам јаткасти, грав, леќа, грашок, овошје... е зеленчук слабо некако .. се надевам колку толку од овие работи си зимаат, и ќе им се доволни, дури не се оправам со храната ако успеам мислам фала мн на подршката
@Софија 88 @Mari* ако го види тагов се надевам ќе ти пише. Таа со второто мислам 10-15 ина кила оалабна. Роди здраво,право прекрасно момченце.
лелеее што збориш мила да не пишав во групата, немаше да знам дека сепак има и такви случаи, па на крај испаднало се супер со бебињата...уф ми олесна малку... ајде баш и девојката т.е мајкичката што ја тагна ако види ќе сподели искуство ... не можам инаку да видам што се поминала и пишала тука и е исклучена таа опција.. фала ви мн на сите на споделените искуства, кога знаеш дека во нешто не си единствен полесно се се минува
Повеќе од 15 кг ослабнав До 7ми месец само повраќав и од вода ми се лошеше Бебе си растеше нормално и без компликации си ја поминав бременоста Многу по лесно ми беше него ли со првото кога се здебелив 30+кг а родив бебе од 2900гр Бебо е сега 16 месеци и има повеќе од 13кг,здрав... Без гајле,битно бебе се развива @tincemajmunce и ти по скоро да ни споделуваш искуства
Супер баш ми е мило што ми пиша фала ти на споделеното искуство ...по 7 месец успеа бар нешто да качиш и надохнадиш од тие 15 изгубени до тогаш или не ? ...
Не баш Бременоста ја почнав со околу 90кг (2-3)кг помалку не се сеќавам точно Пред да се породам имав 75-6
Хехе, тебе бременоста ко права диета ти дошла, да си планирала така немало да бидне Браво! Интересно навистина! Ти се погодило баш...
Хехе, абе решила она да се дебелее по секоја цена Има ли нешто поубаво од слаби нозе и големо меше, значи види ја Меган Меркел, манекенска трудница со стил, колку само лежерно изгледа и нема гајле. Ја па се нервирам што и задник ми се поправи и троа и бутови, ко Џеј Ло сум а не ми е ќејф
хаха ќути не да ми беше желба уште од пред да останам трудна али пустото сон ќе остане изгледа, ја и генетски ми е слаба да сум така да ништо од плус што викаш задник и бутче али добро сега нормално приоритет и најбитно ми е само бебињата да примаат се хранливо од мене што ќе успеам да каснам Инаку со примериве како изгледаме се изнасмеав , сега а ќе ја видам Меган ќе се сетам на овој муабет и ќе се споредам со неа
Софи и јас ослабнав 3-4кг на почеток после беколку месеци почнав да ставам, од 62 наднав на 58кг а сега имам 73кг значи ги имам некои 11-15кг ама се е на бебе не се секирај ке надокнадиш покасно