За талог од кафе да не правиме муабет Избегавам ама еднаш така ми иде да си брцнам прст, длабоко, да соберам и како сладолед да лижам. 29 недела +8 кг. Многу се радувам на стомакот. Не можам да си го изнагледам.
Браво за тебе. Јас 19 недела ближам и сум скоро +2 и тоа овој месец. Кога најмногу стави? Кој месец? И јас си правам планови до 6 месец 3 кг, па наредни три месеци по 1,5-2 месечно, вкупно 7-9кг Ама да не ми се само планови Со лесно нека е.
Хахаха. Сега сте рамноправни. Јас не дај боже да го стигнам. Треба плус 42 од сега. Ќе бидам ко топка
Стартував со 59кг, па до 4ти паднав на 56. Пред пораѓај дента 74.5, нареден ден, значи 24h од пораѓај 64кг. После 3мес 60кг. Колку јадев мислев 150кг ќе качам. Среќа моја, се одело во плодови.
Абе нашите мужи се слаби хелоууу а не ние тешки .И јас мојот ќе го поминам за некое кило. 80кг равно а стартав со 69 тешки коски има бебето
Исто килажа имаме качено мила. Која недела си ти? Со 54кг започнав сега 65кг имам. А 25н сум. Некако ми иди да се загрижвам помалку. Сега тек треба да крева на килажа а јас предвреме си качив.
30-та недела ја туркаме.Ама сега малце ради шеќеров мора да пазам на исхрана ,се осеќам ослабена,не се осеќам подуена.Да немав огледала дома да ме потсетат дека сум голтнала лубеница,ќе мислев стомак рамен ко даска имам
Јас сум 19гн, стартував со 59, сега сум 62,5. Мислев дека ке бидам и повеќе како што не се движам. Со претходната бременост со лежење на пораѓај отидов со 14 кг, после неосетно се вратив во нормала.
Јас со 69 стартав.Во 21ва недела имав 73кг .Реков не се мерам веќе ама дур чекав да влезе матичната си се бапнав скришум на вага ии 80 кг а 29 недела бев.Сега може и повеќе имам Љубопитноста го отепала човекот.Не се мери.Колку се толку се
Јас сум 19+5 скоро 20 недела. Стартував со 58,5 до 14 недела бев 58 , а денес се мерев 60,5. Точно +2 кг. Мислам добро е. И јас како Септември очекував повеќе. Ама допрва ќе се стопчиме. Само да се во ред бебушите.
Љубопитноста ја убила мачката е оригинален израз Само жена или мачка може да е радознала, човек не баш И аманте, ве шијам сите со килажа а си имав линијче претходно, манИкенка да будем си бев... сега ко маникенка во пензија
А така ли беше Абе каква манекенка у пензија??!! Види ја што збори. Сега сме манекенки кои прават пауза.Јас нејќам да сум секси трудница, јас сакам да сум секси мамасита
Може, може, сакам Ме разубеди, секси мамасита е баш финичко ....aaaaand am back in the game! Ми дигна spirit одма
Еве и од мене мерења, по налог се мерам секоја недела, за да следам килажа,така ми кажаа. Јас сум 22, стартував со 70кг, сега сум 77,5кг, а пошо сум со твинс, според мене е ок . Ќе видиме понатака како ќе биде,уживкич до сите.
Ма што е битно колку кила имаш ако се рамномерно распоредени.И така 50% од килажава ни е вода во организмот.Ќе се дотераме после бременост. П.с. Јас гзињава би ги задржала,ни едни чучњеви не го постигнуваат овој ефект бразилски ми се
И јас би, топка напред, топка назад. Многу ми е мерак за секое кило и секој см поголем стомак нанапред.
Блазеси ти за газињата,ја викам ќе се проширам у кукови, нешто ау, јок бе брате, само стомак сум,цуцулче напред испакнато, од позади даска . Ај може има време .