Јас ја почнав бременоста со околу 62-63 кила, качив 12 кила. Од болница излегов со 6 кила помалце, за 1 недела ги изгубив и другите 6. За помалку од 10 дена се вратив на почетната килажа. Ама затоа сега си почнав свашта да јадам и пијам, и сум качила 2-3 кила. Јас мислам дека само генетика е во прашање. Воопшто не сум физички активна, и не се пазев ич во бременост во однос на килограмите, па се вратив на стара килажа одма, дури ни стрии немам. Разбирам после бременост да се трудиме да си го поправиме изгледот, ама во бременост нема чување. Не да јадеш торта за ручек, ама треба да внесуваш се што треба, рестрикциите не му помагаат воопшто на бебето.
Јас сум 30+4, имав 53 кога останав бремена, сега имам 60, значи 7 плус. Имам уште за качување до крај Само стомакот ми расте, нозете ептен слаби како што ми беа, и рацете исто. Малку во лицето само сум исполнета.
Јас сум 19 + 1 а до сега имам качено 5,5 кг. Колку е нормално да се качи до крсј на бременост? Инаку морам да внимавам и припазувам бидејќи сум во кревет поголемиот дел од времето.
Јас само што влегов во 5ти, 18+ сме. Досега имам качено 4,5 кила. И тоа со безглутенска исхрана и без внес на шеќери (освен од овошје). Ами да кркав пити и гибаници колкава ќе бев?? Макар што јас се радувам на секое килце, стартував со 50.
Јас ја почнав бременоста со 68 кила на пораѓај бев со 85 качив многу после пораѓај прв пат се мерев после 40 дена и бев 73 кила и сега после 4 месеци од пораѓај сум 64 кила а не ни држам диета ни пазам што јадам едноставно немам време како пред тоа повеќе сум у движења у трчање во врска со малото по дома раскревање ручек и не ни приметив како симнав 20 кила. Затоа не се секирајте ја мн се плашев колку брзо почнав да качувам и колку мн качив викав леле како ќе ги симнам а сега сум послаба дури и од пред да останам бремена
Ајде постарите трудници или веќе мамички кажете колку килограми ставивте последните 2 месеци? Скоро 33 недела сум. Последните 2 недели ставив нецели 500 гр. Како се движевте со кг последните 5-6 недели? Ме интересира дали ќе дојдам до 70 или не. Скоро 67 сум а почнав со 59.
Со првата бременост во 9-ти месец качив најмногу - 10 кила. Вкупно 25. Мислам дека тоа е затоа што во 9-ти почнав да не одам на работа, потешко се движев, а и апетитот ми се зголеми. Сепак, после пораѓај и излегување од болница бев -13кг. Многу повеќе качив со доењето. Сега со оваа бременост првите 4 месеци ослабев 7 кила. Сега во 5-ти месец ми се зголеми апетитот и страв ми е да се измерам. Како и да е, сѐ е индивидуално. Секој има различен метаболизам, секоја бременост е различна, нема правила.
Како да се намалат последните 6 кг? Некако најтешки се, некако како да стагнирам, или дека добив па затоа не мрда вагата, дури има околу 500 гр плус
Тие 6 кг се всушност она што го имаш ставено. Се друго беше бебе, постелка, отоци, вода... Ќе ги симнеш немај гајле. За неколку недели ќе ги нема. Пиј течности, гледај помали почести оброци да земаш и активност во денот. Макар што со мало бебе сигурно си на нога цел ден.
Колку има малото? Не брзај ке си ослабеш. Јас нагло што ослабев, ни грам салце не ми остана горе и ептен сум смешна. Од 85 градник мене сега најмалиот ми е голем... Матичната на ехо ми ги гледаше градите и ми рече аман што си направила со градиве, грам салце нема во нив... и незнам како да се поправам сега горе Рацете ми се мн слаби, ликот, гради издишани, а надоле сум нормална... и се си мислам дека нагло ослабев, а не вежбав. Тие 6кг најдобро со вежбање за да се распоредат, да не си растресена...
И со мало и со 3 годишно, па искрено сум во акција јадам еднаш во денот а течности, вода и кафиња цел ден.
Не сум растресена воопшто но ми сметаат. Почнав и да вежбам. Иначе 2 месеци има, знам дека брзам ама сакам да ги снема
Охоо имаш време, супер и толку што спуштила И јас не сум, ама горе бев Ѕ а доле XL со бутки дека сум висока Сега полека некако пробувам да се изедначам...