Јас сумм 28ма од денес. Почнав со 56, ама до крај на трети паднав на 51кг. Сега веќе сум вратена во нормала и имам 58кг, значи само 2 поправена до сега, а според мерењата бебето е веќе над кило
Јас сум ослабела 1кг од минатиот месец се тешам со тоа дека држам линија ама малку се подзагрижив искрено.
Не се секирај. Имам читано дека во 9 месец може воопшто да не се качи килажа иако бебето најмногу расте.
си велам килажата е само бројка,ако бебе се развива супер што нас ни менува дали сме ослабеле или сме качиле 20кг. И да се здебелев мислам дека после се решава тоа битно бебе да е здраво живо
Јас последниов месец не сум качила ни еден грам 61.4 ме измери. Последно се мерев пред една недела - кога бев 28+3
Јас сум 19+5 и сум +7 килограми. Искрено не очекував волку брзо да качам толкава килажа. А не знам каде ми се отидени, не се забележувам, а и никој не ми искоментирал дека некоја промена има. Ама вагата кажува поинаку..
18 недела со 3-3,5кг плус.. се плашам до девети да не се направам огромна.. најбитно ми е нормално се да биде во ред живи и здрави едната докторка ми вика многу да внимавам на килажата да не се поправам многу бидејќи правела проблеми понатаму се качувал притисок итн.. не јадам обилно ама си јадам благичко и глупости шо да правам тоа ми бара душата започнав со 68 и тогаш се поправив наеднаш.. и сеа +3кг.. 71 вкупно..
Да направам јас апдејт стигнав до 36та и едвај со судни маки до 61 кг, а бебка на последното мерење неделава, рекоа скоро 3 кг дека е
Со втората бременост се држев доста добро. Не дека се лишував од нешто или гладував... Особено на крајот кога видов дека немам многу качено, се опуштив. Вкупно качив 8.5 кг. Ама добро, јас стартував со огромна тежина. Денес (10 ден после породување) сум -11.3 кг. И имам чувство дека секој ден одам надолу. Што значи еве уште една бременост ок истерана. Со вишок кг. Било можно.
Пиши како е бебеко не тука килограмите Како се снаоѓаш?Имаш ли помош ? Пиши пост во мајчините со нетрпение те очекувам
Мој совет да си користиш мидер обавезно.... Јас не користев и цела кичма ме боли.... Не ги послушав свекрва ми и мајка ми а тие ми велеа дека треба да носам.... Ем нема да имаш стомак ем се ќе ти се стопли, чувај се од ладно
Здраво женски, нова сум во групава. Со вторава бременост почнав со 58кг, сега сум 63кг и 21 +4 дена. 5кг плус Молам бога да не качам многу, јадам исто како пред бременост, ама некако се таложат, па назад ве читав дека е нормално да складира телото. Со првата бременост качив 17 кг.
Имам вишок килограми, а само што дознав дека сум бремена.. Не сакам многу да покачам бидејќи се ќе биде плус за симнување... Совети?