Само што влегов во 8 месец, поправена сум 13 кг. На тело ништо не ми се познава, само стомак имам. Уште имам "прачки" нозе и раце
Ништо посебно, воопшто не внимавам. Додека беше лето од топлото немав апетит, а инаку се јадам и не сум имала мачнини и не сум повраќала. Минатата недела на контрола матичната дури и ме искара, требало да се поправам барем малку. Поздрав
Денес сум 30+2 и веќе имам накачено 12кг поради што се чувствувам виновно. Го прашувам постариот син дали сум дебела и тој ми рече: Па имаш бебе не треба да се срамиш! It's the little things in life that matters
Јас вчера се мерев и малце се загрижив, 31+3 недела, само 5 кг. имам качено ( а само бебо е 1,6 кг.). Добро јас сум на посебен режим на исхрана поради скриениот шеќер и затоа не качувам. Докторот ми кажа најмногу што смеам да качам се 12 кг. така да имам уште простор за качување.
Ич да не се секираш. Плус тоа викаш дека си на посебен режим. Јас со првото цела бременост качив само 8кг а кога се вратив од болница бев -10. А бебе беше скоро 3800
Јас на почетокот многу леб бутав, беспотребно зошто мислев дека бебето (од 200 гр.) гладно ќе остане. И до 5 месец кога ставив 11 кила се чукнав по глава и престанав да јадам толку леб, друго исто, со тоа што сокови не пијам и благо не јадам и онака. После со скриениот шеќер малку покачен престанав скроз секој леб, освен тонус, бели пецива и тестенини (само за нив ми е жал). Во принцип не треба да претеруваш со ништо, особено не со сила..
Јадам по 2 пати дневно, и ако ми се пријаде нешто онака поткаснувам, не мора големи количини, бебето зема од резервите на мајката. Со првото качив се на се 17 кила, и тоа до 38 недела бев 14, супер се држев, после што ми стана до 41 недела не знам, се разјадов бааѓи, и тоа леб многу, појадок ручек вечера. Сеа со второво се пазам, леб , бели пецива, и останато од тестенини преку неколку дена. Појадоци ми се мусли, вечери обични манџи без леб, или само салати. Пред да останам трудна бев на диета, па се навикнав на тој режим и ми е супер, зошто не ми е тешко на атомак, и одењето во вц не ми е мачно. А иначе знам неколку пати во месецот да седнам инда изедам пола леб со ајвар, или со нешто друго, ама после тоа одма чистка правам на организмот. И покрај тоа што внимавам што јадам, телово апсорбира килограми, затоа што така е програмирано за да има залихи за бебето а поале и доењето. Ама не се секирам многу оти знам дека тоа што јадам не е штетно. Ти за каков начин на исхрана викаш ?
Мислам на здрав режим на исхрана со неколку оброци во текот на денот. Да внесувам се што е потребно за бебето а притоа да не качам многу на килажа.
Јас обично за појадок јадам свежо овошје, ужината ми е микс од суво овошје со јаткасти плодови, ручек тоа што има без леб и вечера салата со протеин. Оброците ми се на 3-4 часа.
Тоа што го правиш е фантастично, продолжи така. Супер си тераш. Секако од леб, тестенини, благо, и се останато што дебелее немаш никакви витамински придобивки. Одлично