Можно е. Имам тетка што остана бремена со речиси 100кг. До крај на бременоста качи 4 кила, а бебето се роди 4ипол. Значи си трошела залихи од телото, наместо дополнително да внесува. Значи нормално јади си здрава храна, без леб, тестенини, благо, газирано, многу овошје и зеленчук. Не да седиш гладна, баш напротив, јади почесто а помалку, и да го полниш желудникот со здрави намирници.
И јас сум 23та, поправена сум 7кг и се потресов дека е многу. Ама ке се вратиме после пораѓај,со активности низ дома
Женски дали е нормално да се слабее во бременост? Бремена со близнаци 30 недела бебињата добро напреднуваат, почнав со 70кг пред некое време бев 76кг а сеа сум 73кг. Јадам по три оброка ама само тонус леб, млечни производи,јајца,брокула,спанак,боранија,салата. Друго избегавам заради тоа сто малку ми беше покачен скриениот шеќер.
Иста бев и јас како тебе, почнав опасно ама кога се свестив, и плус скриен шеќер кога ми открија почнав да се припазувам, односно леб да не јадам, сега 38 полна немам плус качено од тогаш (околу 20 и некоја недела). Не мора да значи дека ако стартуваш со качување нагло, така и ќе продолжиш.
Нормално е, ако не внесуваш доволно нутриенти и калории. Бебињата си земаат од тебе, и ти одиш во минус. Стартував со 103кг. Не смеев повеќе од 8кг да се поправам, јас скоро 20 начукав. На пораѓај имав 122кг. Нема ни шеќер ни стап, и ралтивно лесен пораѓај имав.
Малце се исплашив бидејќи кога бев 20та недела бев поправена само 5 кг и мислев дека сум со добро темпо...се дури не се мерив повторно сега во 24та недела и кога гледам дупло сум накачила за еден месец Искрено избегнувам бел леб само тонус јадам...чипсови и нездрава храна избегнувам да јадам исто, само пусто благце неможам да се одкажам од него Ама ќе гледам да намалам количински од се, морам да припазам
Здраво, јас порано имав 115кг но докторите ми рекле мора да ослабнам за да останам трудна ослабев, останав трудна со 103.3 кг сега сум во 8 недела и имам 106, дали може да се држи диета за време на бременоста да се слабее што мислите вие, зашто се плашам да не се здебелам многу повеќе.
Диета не мораш да држиш, ова што ќе ти го пишам ваљда си го знаеш више Благо НЕ, леб НЕ ,газирани сокови НЕ ете..ако го сметаш тоа за диета, можеш на пример 2 дена во неделата ти да си ги одредиш кои и тогаш да си каснеш благо, или што ти душа сака ама со исаф, иначе регуларни појадоци имај си, ручеци манџи без леб, навечер богати салати, има на нет широк избор, во меѓувреме овошје ако ти се јаде. И онака благото и лебот немаат никаков бенефит за бебето, немаат витамини, туку само уште повеќе дебелеат. Со добра психа и верба ќе успееш да не качиш многу
@Dikinzi ти го пиша тоа што сакав јас, само ќе ти додадам дека во случај организмот да ти бара леб и благо (пошто ќе ти бара трудница си) земи си тонус леб и пола да го изедеш 100гр нема да качиш (испробано). За благо веќе го имам препорачано протеинскиот пудинг. Мене скроз ми ја задоволува потребата за благо, а не дебелее. Имаш со различни вкусови чоколадо, ванила, карамела, ментол итн и го има во поголемите маркети на Tinex, Ramstore итн.
Досега сум поправена 15 кг 35+1 недела ама супер ми стојат килцата дека висока и слаба се надевам нема многу да слегнам наеднаш. Со прва бреѓеност се поправив 18, ама за два месеци станав пак како шлипка.