Почнав бременост со 74, 75.. На пораѓај во 40 недела отидов со 85. Бебе е 2 месеци, јас имам 68-69.. Стрес со прво бебе, немање време кога да се јаде, не знам како, ама јас волку слаба не сум била у последни 5 години.
Бар гледај здраво да јадеш и да не си расипеш крвна слика. Плус бебе ако цица и тоа доста влече од тебе. Земи си мултивитамини за да се разјадеш повеќе. А за време некако организирај се, не штеди никој, барај си помош, зашто како растат не се полесни, потешки и потешки се. Мора да јадеш, не се зезај... многу е тоа за 2м што си спуштила.
За време на бременоста качив 12кг, 10 симнав уште одма 2 недели по пораѓај. Бебе е 2 месеци. Дајте некоја идеја за слабеење, сакам да симнам останатите 2 плус барем уште 5. Дојам
Се стабилизирав сега, фатив некој ред, подобро е. Првиот месец ги симмав сите, многу ми беше стресно некако. Пијам мултивитамини и тотхема зошто имам ниско железо. А го дојам, ваљда и тоа влијае за слабеење.
Прашај ја @KuklickaSk ќе ти каже Тебе моментално ти треба здрава диета ,ако можеш така да ја наречеш Многу лесно се слабее ако се исфрли од употреба леб, бели пецива, шеќери и газирани сокови. Јас кога бев на диета, ослабев 11 кила за 3 месеца, тоа е во нормалата, значи сум слабеела скоро 4 кила месечно. Ама да ти кажам искрено, тој начин на исхрана што го водев, би го водела и после пораѓај..од проста причина што ем би слабеела, ем поквалитетно ( мрсно) млеко би имала. Си имав редовни 3 оброци, и меѓу оброци. Си бев најадена а пак си ослабев. Еве ти некои идеи Појадоци : двопек со ајвар, пушено месо (какво сакаш ти), маслинки, чаша јогурт. Палента со сирење Овес со мед, кокос, млеко. Овесни снег. со јогурт Двопек, јајца, јогурт, портокал Ручеци : Буквално сите манџички, само без леб плус салатичка. Вечери: Претежно салати, ама сите микс од нешто, на пример марула,кубети, кашкавал, јајце, калинка..ти давам пример за какви мешани салати ако ме сфакаш Меѓу оброци, цедени сокови, бадеми, лешници, рака аронија, или било кое овојше. Благо си одредив 2 дена во неделата, колку да не плачам по него..ми беа Четврток и Недела, и тоа само од сабајле за да има време да се потроши до вечер. Има и здрави диети, не се сите болни диети, ама овие 7 кила што сакаш да ги намалиш, верувам за 2 месеца ќе ги немаш.
Бев со прекумерна тежина на почеток, отприлика 78 кг бев.. Сега сум 18+3.. А тежам 85 килограми... Не знам што е работата, исто јадам количински и воопшто иста исхрана како и претходно, вода пијам многу, ама не знам, многу лошо. Се плашам сега како ќе тера.. Ќе почнам да внимавам...
И јас се чудев, и кај мене е така, количински јадам исто, а килажава се качува, после прочитав оти организмот чувал залихи, особено за доењето
Ќе мора да се намалува на благо Инаку,за утеха до 35та недела бев +6кг, си велам нема многу да се до крај..И последните 5 недели беше +6
Јас сум 26 та полна Г.Н,имам околу 4кг плус до сега.12-15 кг се нормални да се стават во бременост. Сметам дека е пресудно што се јаде,а не колку,лошата исхрана е штетна и за нас и за бебе,се складираат заситени масти кои многу тешко се симнуваат. Само ме мачи што сега кога сум на прагот на 3то тромесечие,пишува дека треба 500кал плус да се внесуваат.Јас немам воопшто повеќе апетит или желба за конкретна храна,не знам како да ги додадам тие плус калории.Многу брзо се заситувам:/
Тука некаде сме. Јас во бременост качив 14кг, а пред да останам бремена тие месеци качив 3-4. Јас се измерив после 4 дена од раѓање бев -7. Со тек на време се симнаа -12. Имам уште 5-6 за минусирање Планот ми е со мм фебруари некаде да почнеме во теретана. Лесни вежби колку да ми се затегне стомакот,да ослабат бутките и да се затегне кожата на грбот. Се надевам нема да пречи на доењето, ќе се консултирам со педијатарот. Бебе ми е 2ипол месеци.
По некоја логика ако на телото му требаат 9 месеци да ја добие таа килажа и да се навикне на неа, треба да му дозволиме исто толку за да си ја врати старата. Прва бременост ми е не знам како е во реалноста ама јас мислам дека би си дала време за слабеење.
Леле сега видов, 17+4 требало да пишам не 18+3 .. наместо еден ден, една недела и еден ден сум згрешила хахаха.. Инску страшно ми звучи ова со моите килограми. им завидувам на овие што покачуваат 2-3 кила...
Па не би рекла.Во прво тромесечие плодот не достига ни 200 гр тежина,едино матката расте,еве 1-2 кила нека има плус.А за симнување,7-8 мислам со излегување од болница би се изгубиле(бебе+вода+плацента). Викаат со доењето се трошеле калории,а има и мајки кои ставиле плус баш во тој период.Ваљда е индивидуално,секој организам различно се справува со таквите промени.Здравје пред се,вишок се губи секогаш со малце волја и дисциплина
Ова заситувањево јас уште отсега го осеќам, денес 19+0 сум. Пример, претходно можев да изедам и 5 лажици супа, вчера едвај ги изедов, пукнав. Ќе морам на двапати по 2-3 да си каснувам, но не знам кога, воопшто немам период од денот кога ми се јаде. Каснувам како и претходно, но одма почнува да ми е доста, како којзнае колку да изедов. И ми станува тешко на желудникот. Дали стомакот нагоре расте, нешто притиска на желудник не знам, но исто се мислам како ќе се додаваат калории кога и ова ми е многу некако, а јадам затоа што морам. Пробај да се организираш поинаку, да не јадеш кога било, одреди си оброци и лесна храна. Исфрли сокови, благо, бело брашно, нездрава храна ако кинсумираш.
Не се оптоварувај, бебето си зема се што му треба. Последните 2 месеца ќе качиш највеќе кг, а апетитот може ист да ти остане. Ја како што пишав погоре качив 10кг вкупно, а родив бебе 4300 со 10 апгар. Додека бев трудна ми се лошеше од благо, па не јадев шеќери освен сладолед, а бебето мислам дека на кисело млеко го израснав, толку ми беше убаво да јадам кисело млеко. Пробај јади повеќе бадеми, лешници, ореви...
Туууу па супер си терала ти Како успеа толку малку да качиш ? И што се деси за после наеднаш да качиш толку многу? Јас со првата бременост, до 38 недела си бев 14 кг, е после до 41 стасав до 17кг, не знам што ми се деси,ама почнав да јадам претерано многу, и тоа не здрава храна и затоа качив толку наеднаш. Сега се пазам, не здрава храна јадам ама со исаф, и ако каснам после тоа наредните 2 дена си пазам што јадам. 500 калории плус можеш на нет да прочиташ во што се содржат, и да комбинираш преку ден. Ама и не е дека е морално да ги примиш. Нека не ти звучи, со малку труд после се ќе си дојде во нормала. Плус еве сите викаат после пораѓај одма се симнуваат 6-7 кила, што од бебе, од вода, од плацента, и секако водата во твоето тело што стои..посебно ако имаш отоци и тие се повлекуваат. Се додека се качат во бременоста до 15 кила нема простор за паника. И јас им завидувам на тие, ама тие не примаат шеќери, има жени што во бременоста имаат проблем со шеќерот, пу пу пу не дај боже, па не смеат да јадат такви работи. А кога не јадеш шеќери, телото мора да согори енергија, ем за тебе ем за бебето да може да расте,па од кога ќе се потроши енергијата од шеќерите, телото почнува мастите да ѓи топи. Така што овде имам прочитани дека тие жени тадури и слабеат, или стојат на истата тежина. Додека пак од друга страна има жени што можат да качат на килажа до 25 кг или 30 кг, психички мислат дека им се јаде оти се трудни, и после им е тешко..ама што етоа е, само бебенцата да се живи и здрави
@Dikinzi Ама чекај, не си нè спомнала нас што не се дебелиме многу, а немаме проблем со шеќер Нè има и такви што не јадеме шеќери не затоа што не смееме туку затоа што не сакаме
Јас еве 22 недела сум, поправена 8кг ама 6-7кг ги качив прво тромесечие кога се изгубив малку со гадењето и храната. И јас имам слушнато за тоа дека уште од болница се намалува доста, а поентата ми беше дека е подобро подолго слабеење
После болница излегов со точно -7 кг, а во наредните две недели станав и послаба од што бев пред да забременам. Инаку вкупно 9 кг качив првата бременост. Стрес, тазе мајка, доење 24/7, неспиење... Сето тоа исцрпува премногу, особено со прво дете кога се’ е непознато. Исто, стомакот ми го снема уште во болница, даска излегов, ама јас сум таква градба, слаба сум отсекогаш. Цела бев стомак само, и сега иста сум
@0ли јас воопшто благо не јадам.. пред некој ден правев божиќни колачи, сите како луди јадеа, јас немав желба ни да ги пробам, еве сега братучед ми исто чоколади ми дава од пакетчињата што ги добива, сите нешто гледат да ми погодат. Не ми се јаде баш благо, порано многу повеќе јадев а имав 60 кг... Се сеќавам колку пиев кока кола и јадев тостови, јадев пржено, крофни секој ден и не покачував ни килограм... Сега пијам обична флаширана вода. Кока кола не сум се напила со месеци, дури ни овошен никаков сок не пијам, одвреме навреме си цедам лимон и портокал со мед. Овошје и зеленчук цел живот не конзумирам. алергична сум на поголем дел од овошјата, а на оние на кои не сум алергична ми се гади од нив и ги повраќам, вака сум од мала, не од сега. Од овошја само на цитрусните не сум алергична. Од зеленчук не можам ништо да јадам веднаш повраќам, не го поднесувам. Друго се јадам. скоро секој ден месо, еднаш неделно имам риба,избегнувам леб но многу ретко некогаш со манџа каснувам. Еве утрово татко ми донел панцерота, за мене била, ја изедов за доручек. Вчера пица порачаа сите, јас како аутсајдер јадев овесна каша.. Не знам стварно.. Завчера бевме во ресторан таму јадев тестенини и пилешко, тие ми се грешките не знам.. Ама зар од толку малку неделава покачив 3 килограми?? @Dikinzi знам дека ќе изгубиме потоа на килажа, но се плашам да не ми овисне кожата.. Не сакам да покачувам веќе.. До сега имам многу а дури сега требаше да почнам да покачувам..