1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кината и кино културата во Македонија

Дискусија во 'Слободно време' започната од starfish, 28 ноември 2012.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Инспирација за темава ми беше отварањето на новото кино Cineplexx.
    Бидејќи мислењата се пишуваат низ повеќе не соодветни теми, мислам дека е добра идеја овде да ги пишуваме сите пофалби , критики и искуства. Се разбира не само за ова кино, туку и за останатите кина, како во Скопје, така и во сите други градови низ земјава.

    Дали и колку често посетувате кино?
    Дали мислите дека нашите кина ги пратат светките трендови во кино проекции и премиери?
    Колку сте задволни од услугата и цените и што би промениле?
    Дали нашиот народ има кино култура?
    Дали со отварање на нови сали ќе порасне трендот на гледање филмови во кино, или не?

    Мислам дека има уште многу прашања во врска со темава, па ајде да споделиме мислења и искуства.
     
  2. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Бидејќи доаѓам од Прилеп, мене ми е многу жал што киното кое ние сме го имале во 80-тите и 90-тите и кое фунционирало феноменално до ден денес во Прилеп не постои. Толку голема празнина ние имаме кои сме растени во тој период бидејќи ние единствено гледавме филм и тоа некои стари македонски како Македонска Крвава Свадба со прожектор во театарот. Тоа за мене не е кино. Одлична идеја е отварање на кина во Скопје сепак тој ни е главен град и сите тие 3Д реклами кои беа и сл. се одлична идеа! Но тоа се однесува за Скопјани. Немаме сите ние пари да одиме Скопје за кино да гледаме. Според мене за да се развиваме културно треба барем, значи барем во поголемите градови да се изградат кино сали.

    Ете, владата мислам дека и текна дека е време за тоа, па као демек Прилеп ќе се градело кино после 20 години. Да видиме и тоа до каде ќе иде.
     
    На london-girl и crazylady им се допаѓа ова.
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Конечно му текна на нас, кој знае дали ќе се реализира ова.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... cQgI6mNewk
     
    На NightAir му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Најчесто,одам трендовски што би се рекло. Ако има некоја проекција која е поатрактивна, како што беше сега скоро Трето полувреме, а за другите од овој тип,да ја поживее Замунда.
    Бев на Синедејс,на неколку проекции,ама веќе тоа е друга приказна. Нема комерцијална вредност и повеќето филмови не можат да се најдат да се симнат.
    Одам и повремено во кинотека на Македонија, ме радува кога ќе ми се погодат изборите,но почесто и пропуштам да пратам што се случува и што ќе има во скоро време и после се прекорувам. Па се обидувам да најдам да симнам,почесто неуспешно е. Ама си имам неколку дилери ако можам да ги наречам,е они ако не можат да ми најдат филм,никој не може! :D

    Во обата случаи забележувам дека во Македонија нема кино култура,а како прв момент е...доцнењето на посетителите... Влегување во последен момент или веќе започат филмот 10 минути. Во ред,ако е за некој холивудски шлаг,ама баш сега мислев дека луѓето ќе бидат пребрани и културни,се излажав истото беше. А и освен тоа самите проекции доцнеа,за првата на отварањето дури три часа доцнење...
    Синеплекс мислам дека малце ќе го крене угледот и начинот на посетување на кино,ама па... уџум е за повеќето низ Скопјево,до Сити мол...оф,оф... Ама пак, за холивудски шлагераи, сите се за, за уметнички филмови,послаб интерес имаат луѓево... така што индикатор е дека и немаме некоја пребирлива публика.
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кино културата кај нас е непостоечка. Како да им се објасни на родителите дека 5 годишно дете не се носи на филм за возрасни и дека ако детето вреска и вика ми се мочка, најверојатно му се мочка. Извинете, ама многу се нервирам кога вриштат деца во кино. Луѓе што се гаѓаат со пуканки ми се мистерија на векот, кај си се опрчил за пресолени пуканки па сега и ќе ги фрлаш. И како бе луѓе така оставаат губре по кино сали? Ајде да оставиш картон од пуканки, ама имам видено кеси ѓубре како киното поблиску од контејнер да им е. Не го коментирам постојаното зборување и мобилните во текот на проекција веќе отрпнав на тоа.

    За поизвиканите филмови обично си се собираме по дома ама знаеме и до кино да отидеме ако ептен не фати мерак. Или ако начекаме гратиси нели се подразбира... ;)
    Од сите кино-сали моментално активни омилена ми е Кинотеката. Никогаш не е полна, одличен избор на филмови имаат, блиску ми е до дома и картата е со смешна цена. Филмски фестивали ептен ми прават мерак и жал ми е што годинава на Синедејс не бев ама ајде догодина. Браќа Манаки кога беше последен пат во Скопје ми беше доживување на векот, бегавме од часови за да гледаме филмови, едно време во АРМ чуварите не пуштаа без карта како редовни посетители. :D
     
    На AnaKarenina, Hipster и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Порано одев најмалку една неделно. Обожавав да одам во кино како мала. Хари Потер сите делови у кино ги имам гледано бе еееј, Титаник, незнам оние Дизни Мувис, плачев за во кино :lol: Сега одам поретко, најчесто кога ќе ми се присвиѓа некој филм ептен ама пак еднаш месечно сигурно одам. Обожавам да одам во кино, само дефинитивно ти треба побогат избор на проекции. Синеплекс не сум го посетила ама ќе одам Скајфол да го гледам, цените се малку претерани ама... ај да видиме и што кино е тоа. Сакам кино со ефекти, 3д е супер, ама мора и некое филмче во 5д да донесат.
    Синеплекс гледам дека има побогата програма, Милениум е исто ок, само многу долго ги држат истите проекции, новитети некако слабо имаат, или ми се веќе гледани или се филмови не по мој вкус.
    Во Рамстор несакам да гледам филмови, салата ми е многу мала и ме боли главата од што се осеќам толку блиску до платното.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Одлична тема, ни фалеше нешто вакво да продискутираме.
    Последен пат во кино бев пред две години во милиениум мислам на Килерс или некоа слична лимонада, ворст најт оф мај лајф.
    Дечурлана, пуканки расфрлани на сите страни, лушпи од сончоглед, кеси од смоки празни расфрлани, парови се шлапаат на сред филм, хорор.
    Јас сум голем филмоман, до сега незнам колку филмови имам изгледано, претежно на домашно кино а порано како помала кога немаше год блес фри торентс, два пати месечно одевме во кино.
    И сум малку чуден табиет, ми смета кога некој јаде, крцка, шмука, срка, шмата додека се гледа филм.
    Ако гледам во друштво а тоа е ретко, се напињам, зашто сакаат да муабетат на сред филм, а јас сакам тишина за да го чујам внимателно секој збор, да го запазам секое дејствие од филмот
    Ако се јадe пуканки ги јадам за 10 минути за да нема крцкање во тек на филм кое ми одвлекува внимание и не уживам во филмот.
    Плус не гледам никогаш филмови со македонски правод, стрикно со англиски, пофилинг ми е да слушам и да се концентирам на зорувањето отколку на превото, па и не на готово само да читам често безвезални преводи, ем загревам мозок ем подобрувам англиски.
    Само во новово кино немам отидено, ама биче и то, али како што гледам цена за 3д(или 4д?) накај 250 денари машала, за двајца сосе пуканки ти требаат 10 евра, браво |(
    Рамстор е убедливо најлошо кино, мало и е преблиску за да може убаво да се гледа.
    Милениум е средно, доста, само луѓето ние сме криви самите што незнаеме да уживаме во кино.
    Јас во кино не идам да се најдам пукакни, да се изназборам со другарките со кои не сум се видела цела недела или да се изљубам со дечко ми, одам да гледам филм, за сите други работи си има други посоодветни места.
    А башка и скапи се картите, филмовите ужасно каснат кај нас, ретко кој се приближно со премиерата, или воопшто не ги даваат во кино.
    Знам дека ги повредувам правата на авторот и сродните права со симнување на филмовите од торенти, но во денешново време кога излегуваат по 50тина филмови годишно, се нема потребната финансиска моќ за гледање на сите во кино.
    Порано кога се немаше друг излез одев колку што можев, и се молев да го даваат на А1 филмот после 3 години, сега е друга ситацијата искрено, секој може експресно да го симне филмот и да го гледа дома во прекрасен сараунд, на добри екрани и најбитно мир и тишна.
    Повеќе сакам да одам во татар него во кино, но тоа е друга тематика.
    Најгледан филм ми е дефинитвно Хари Потер, три или четири дела имам гледано во кино мислам.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве, сакам да прокоментирам за новото кино.
    Прво, системот за резервација на карта преку нивната веб-страна е одличен! Без проблем, само со оставање на меил адресата, си резервирав карти. Пола час пред филмот, со бројот на резервација си ги подигнав картите и платив на лице место. Како новина, ова мене многу ми се допаѓа зошто заштедува многу време.
    Ми се допаѓаат и салите, затоа што се направени на начин да нема шанси да ви смета тој пред вас, дури да е кошаркар. Удобни седишта, место за комоција, све тоа во ред.... Ама цените....
    Цената на картите е повисока, за разлика од Милениум и Рамстор. Најефтино е во вторник, а студентските попусти се верувале или не, цели 10 денари |( Човек да не посака да гледа 3Д, бидејќи одење во кино за викенд би ве чинело и поскапо од излегување, или неделен ручек за четиричлено семејство. Работава, во кино ќе може да одат само тие што ќе може да си дозволат, уште малку ќе се граничи со луксуз.

    Мене ми се допаѓа што, како што најавија, проекциите ќе бидат во тек со светските, што не беше случај со Милениум. Единствено, памтам сум гледала премиера на Сексот и Градот 2 во Расмстор, во тие малите никакви сали. Други премиери кај нас, што биле и актуелни во светот, не памтам.
    А, убаво е, затоа што има многу филмови кои вредат да се доживеат на друг екран освен на екранот од лап-топ.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Настрана цената во Синеплекс и комоцијата во седењето, големината на платното им е апсолутно несоодветна за тој простор. До 7ми (ако не и повеќе) ред НЕМА НОРМАЛНО ГЛЕДАЊЕ - замара, вратот боли, голем дел од деталите „бегаат“ од видик.
    Не знам како е на погорните редови, ама ние на 4ти на Скајфол.....по по по, никогаш во животов не ми било толку тешко после кино проекција како тогаш. Поголемо не секогаш значи и подобро, барем не во таков ограничен и затворен простор!

    А и многу луѓе искоментираа дека падот е многу остар, едвај се симнувале надолу. Мислам, не мораа да одат во толкава екстремност, главата на тој пред мене ми беше до стапалата....
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во кино порано одев почесто, сега се преориентирав кон театарот. Поубава, а и поефтина варијанта е.
    Како и да е, во кино одам барем неколку пати годишно, најчесто на 3Д филмови.

    Од нашиве кина, ми се чини дека Рамстор секогаш нуди нај бош филмови. Таму немам отидено со години. Во Милениум прават најубави пуканки, ама некако седиштата не им се удобни, па ако имаш подолги нозе удираш во тој пред тебе. А и секогаш некој ми пречи при гледање бидејќи редовите се на мала висина разлика. Синеплекс е убаво кино, јас телефонски си резервирав карти, па девојката ме стави во 8ми ред на средина на љубовните седишта, така што мислам дека имав најубав поглед. Картите се малку поскапи, 240 беше една и не би рекла дека се исплати. Ама барем имаат убави исплатливи понуди на пакет големи пуканки со два сока и твист :wasntme: Има комфор меѓу седиштата и приметив дека обично помеѓу два пара седишта оставаат едно слободно, најверојатно затоа што немаат гардеробер. Најмногу ми се допадна тоа што наочарите за 3Д ми ги дадоа чисти, во опаковка, за разлика од Милениум каде што беа мрсни и нечисти.

    Во поглед на кино културата, ќе се согласам со претходните мислења дека ја немаме.
    Не се работи само за фрлање пуканки и ѓубре, туку мене најмногу ме иритираат оние коментатори што уста не затвараат додека трае филмот. Има и такви што во салата влегуваат 20 минути покасно, па стануваат цел ред за да можат да седнат, шушкаат додека не се сместат, па ти губиш неколку минути од филмот. Има и такви што си зборат на мобилен без проблем, а последен пат кога бев, дечко и девојка што седеа во редот пред мене се сликаа на сред филм. Демек со наочарите... чудо големо |( И тоа не еднаш, туку неколку пати, па ми трештеше блиц во очи.

    А што се однесува до следење на светските трендови и актуелните филмови - Синеплекс го најавија како не знам какво кино, а на крајот испадна дека не ги исполнува критериумите во поглед на техниката за да го изведува Хобитот на 3Д. До душа, најавија дека наскоро ќе го има и во 3Д, ама којзнае...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Моја нога во Синеплекс повеќе не стапнува.
    Затоа и ретко, речиси никогаш не одам во кино, ниту сум способна ни вољна да си го делам воздухот и присуството, па и комодитетот додека гледам филм, што за мене е најбитно.
    100 карактери на едно место за време филм не е мој фетиш.


    Да ви кажам, баш поради простата раја кај нас на која не треба ништо да и се приушти и донесе. Со самото тоа што уште кога влеговме во салата, на нашите места седеа постар брачен пар на кои им рековме дека тоа се нашите места, љубезно не пребација на редот позади нив, демек свеједно е. Е од тука настана целиот куршлус. Тие што си имаа карти за тие места - си сакаа на нив, па на други места после 10 минути од почнувањето на филмот (изгледа им јавиле дека црвениот тепих уште го постилаат) си седнаа други, за на крај стариот брачен пар ВООПШТО не сакаа да се преместат и други стануваа.
    Да не зборам за фактот што вриев од нервоза, ми идеше и екранот да го искршам, божем мене ми е мерак со прости луѓе да се расправам, па уште еден чика со полна уста пуканки ми викаше ШШШШШ, демек ХУ КЕРС АБАУТ ЈОР СИТС, ШАТ Д ФАК АП!
    Веќе кон крајните редови се губи убавината на сликата на филмот, недај Боже некој еден збор англиски да не разбира, преводот не може ни да го погледне, затоа што е на самото дно од екранот кое нормално е невидливо за погорните редови.

    Не знам како може да се дозволи пред премиера или започнување на филм, во салата да има некој седнат, а нас ни викаат дека не може порано да се влезе, ја отвораат 10 минути пред почеток на емитување.
    И плус што едни дечки дојдоа 20 минути по почетокот на филмот, селебрити нели.
    Таа до мене се разборе: ЕВЕ БЕ ВО КИНО СУМ, НИШО БЕ, НЕ МЕ ЗАМАРАШ, АЈ УЖИВАЈ ЌЕ ТИ СЕ ЈАВАМ ПОСЛЕ. Што не ја пушти на спикер другарка ти, групно ќе ја поздравевме цела сала. |(

    Дечкото редар или што и да е, спомна демек тие што добивале гратиси од разни веб страни или радио станици го правеле нередов. |( Каква врска има човекот што добил гратис во кино и неговата (не)култура? Некои и да спијат во пари, и да имаат палати на Водно се сељаци и ропаци во душа, па ниедно злато не го опаметува.

    И така ви викам. Или јас сум претешка за гледање филм со поголема група на луѓе, или луѓево стварно не се за културни настани.
    Во театар сеуште собирам храброст да одам, да не попи*дам уште толку.
     
    На ForeverYoung и Madam-A им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не само кино културата кај нас, туку и нашата култура кога станува збор за сите останати културни настани (претстави, концерти-класична музика, опера, балет и тн)

    Причината за тоа лежи во фактот што повеќето не се ни замараат со нивната култура за време на ваквите настани кои повеќе ги посетуваат ради помодарство и ради оној комплекс да бидат видени шо елита се.

    Да не зборам дека имав на факс другарки кои нарочно одеа на вакви настани само и САМО за да фатат дечко/да си најдат маж (пошо се заблудени нели од предрасудата дека само машката елита од високи слоеви ги посетува). И после има такви ситуации - е има и ќе ги има.

    Ние конечно треба да почнеме да работиме на лечење на тие комплекси, да се маанеме од принципот стадо и да идеме на турбо фолк журка со многу кршење и пијанчење доколку тоа ни' ја исполнува душичката и да ги оставиме уживателите во посериозен вид на забава на раат.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ВРВ на следење филм ми беше Животот на Пи, кога баш позади нас се погодија мајка и татко со група од 6-7 деца на возраст од 5-6-7 години (ги собрале изгледа сите, демек одат под надзор на возрасни), ама пусто едново дете по втор пат го гледаше филмот и сите сцени предвреме ни ги раскажуваше :D
    Ај што тоа пред време ги раскажуваше, туку што детето до него не му веруваше на збор, па цело време се препираа кој е во право и дали стварно така било :D
    Не се криви тие, иако сега се смеам, тогаш чурев.....ни Шшшш, ни Престанете, ништо нив не ги сопираше, т.е. НИВНИОТ НАДЗОР ги болеше таквото и таквата, изгледа тие си се научени на таква галама дома, па природно им доаѓа да ги игнорираат.
    Најдобар момент беше кога заврши филмот, станавме да се спремаме, и госпожава им вели: Уште еднаш вака, и повеќе нема да стапните на кино. Фино што им дава уште една шанса :D , ама кај тогаш и` текна да ги воспитува.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Сакам да одам во кино, барем еднаш-двапати месечно.
    Освен смеење, муабети, звонење на телефони и слично, мене ми е премногу смешно сега во Синеплекс што луѓево се однесуваат ко да одат на пикник. Ајде ќе разберам пуканки, пиво, сок, вода, некој чипс, ама не можам да разберам како некој може да џвака цели два саати, па не човек да му се одмили и филм и се кога само џвакање слушаш, мислиш не јаделе цела година и се чувале за кино. Да не зборам што цела сала мириса на храна, со мрсни раце се фаќаат седишта...Очекувам да не се сложат повеќето со мене, ама ова јас не го разбирам навистина :tmi:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Queen-K

    Queen-K Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Култура во градов??? Што е тоа може да знам ? :^) Кино, за киното пак да не зборувам, сакале децата да бидат културни и воспитани и да не излегуваат по дискотеки и клубови, а нема ниту едно нормално место за излегување на помладите. Нека отворат едно кино мајката :@
     
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Обожавам гледање филм во кино. Јес да порано одев почесто, ама и сега се трудам барем еднаш месечно да посетам некоја проекција. Цената на влезниците е преценета и искрено за тие пари ќе соберам дома друштво, ќе го најадам и напијам уз гледање на бесплатносимнатиот филм. Сега одам исклучиво на добри филмови, зад кои маркетингот се погрижил да крене прашина и за кои рачунам дека вреди да дадеш 1/3 од платата, другите си ги гледам на домашно кино :) Изгледа ми останало тоа убавото чувство од мала кога сум одела на кино и уште ме држи, па ете уште не сум дигнала раце :)
    Во Скопје имаме добри кина, даваат актуелни филмови...само несекогаш народот ја почитува таа кино култура :( Стварно е срамота да не изгасиш телефон за време на филмот, или па да си разменуваш мислења и нежности :fubar: Нема да се сруши кино салата, после филмот ќе си ги израмнете сметките :swear: !
    Жално е тоа што во другите градови кино-животот е непостоечки. Бев на гости кај роднини и ми кажаа дека киното не им работело одамна :o Штета е тоа што се запоставува таа навика на одење во кина и се се сведува на гледање лоша снимка и потоа пишење статус на фб дека си го изгледал филмот пред сите :(
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава имам само две замерки:
    1. Цените во Cineplexx се малку надувани.
    2. Луѓето кои дошле да гледаат филм оставаат неред зад себе. Некои галамат и им пречат на другите. Едноставно, им фали основна култура.
     
  18. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Филмовите за деца во Синеплекс дали се синхронизирани?
     
  19. Егеецот

    Егеецот Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Машки
    Не знам дали има ваква тема веќе отворено, па ајде јас да отворам.
    Приметив дека иако сум голем љубител на филмови, ретко одам во кино, досега сум бил можеби вкупно 5 пати во Македонија.

    Дали е ова само случај кај мене, или општо кај нас нема некоја развиена кино култура, како на пример во Америка каде излегувањето за викенд им е често одење во кино, додека кај нас е повеќе одење на кафе или слично.(Градот во кој израснав е прилично мал па киното е веќе 10тина години затворено и немаше никаква иницијатива повторно да се отвара)

    Планирав да одам денес на кино прв пат после неколку години, кои седишта би рекле дека се најдобри во смисла на најдобро филмско искуство?
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.015
    Пол:
    Женски
    Под 1000 ден во кино не влегуваш, а некој со години минимална плата не може да си го дозволи тоа. Искрено, и изборот на филмови во синеплекс им е разочарување. За тие цени до плафон, би можело да се прикажуваат и асални филмови

    Последно го гледав "Преекспонирано", конечно ете можеби се израдував дека ќе бидне нешто и од нашите филмчиња... но изглегуваш со тапа чуство, не ни знаеш што си гледал
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.