Средина во колоната и средина во редот. Евентуално маалку повисоко.. Мене овој дел ми е најдобар и стално гледам да резервирам таму..
Мислам дека по други држави, освен што се емитуваат нови филмови, се емитуваат и класици, што го прават искуството поинтересно. Кај нас одам само кога сум ептен возбуден за некој филм. Сега во јуни планирам на Ариел да одам, исто така и Барби во јули. Ама последно бев мислам во 2021 на Хаус оф гучи. Не ми е во навика да одам за некои рандом филмови.
Двапати сум била во кино. Билетот не беше скап. Последен пат платив 80 денари. Работата е што нашите кина, освен во Скопје, не се нешто функционални, па да работат цело време.
Леле, скапо. Во провинција е евтино, тоест беше пред короната, сега не знам. Филмови не ни даваат редовно, туку ако има некои денови на германски филм, француски филм итн. Епа ајде нека оди народот во кино, театар кога е скапо.
Обожавам да одам на кино, кога и да имам можност(и средства ) одам. Дали има подобро од тоа да филмот се прикажува на огромен “екран” и седиштата се тресат од звук? Ма да, да бидам искрен во Синеплекс претеруваат со цените. Едино одам во вторник и среда кога имаат акции на билетите. За грицки, никогаш не купувам од таму, со тие пари би отишол во ресторан. Понекогаш одам и во Милениум. Неретко се случува да имаат технички проблеми, со звук или со слика.
Јас одам на кино барем 1 месечно. Единствен начин да изгледам филм и да доседам до крај ми е. Ме возбудува бркање на "идеалното" седиште зошто после години одење во кино си имам и идеално седиште. Са пред два месеци можда, гледав два филма едно по друго (Avatar the way of water and Magic Mike) и се думав да му дам двете карти и ич да не излезам од сала пошто си го фатив омиленото место. Криво ми е дека немаме резервации пошто одма би го резервирала. Месецов бев пак (Guardians of the galaxy), за наредено Јули имам два филма шо чекам (Barbie and Oppenheimer) и ако пак се едно по друго со проекциите - ќе одам пак така. Годините пред корона ми се годело да одам и неколку филмови со ред, денови со ред на кино. И било преполно. Особено Марвел ко го имаше пикот имаше луѓе во салата шо седеа и по скали. Сега после корона забележав дека значително бројката на луѓе шо одат е намалена. Само средишните редици ако се пополнат делумно и тоето. За цени, оти сум Битола, 200 со 250 за 3D беа пред Корона. Последнава година ако не се лажам се 250 со 300. Не сум најсигурна оти дур зема другарка ми карти, јас земам пуканки надвор и после со многу чудна математика се префаќаме. Исто киното ни цвета на лето ко ќе е Манаки. Со константни инди европски филмчиња и целосно фри проекции. Уште во срж ми е еден од најфеминистичките филмој тогаш сум ги гледала и како бебе плачев во малата сала. Само ќе треба да си отворам програмата шо чувам за насловот оти ова беше 2019 дури. Истата година, за Манаки, мислам дека рекордот ми е три проекции со ред. Се прејаки инди филмчиња. Лани се оболев оти бев на работа, совреме слободни да пишам Манаки ко ќе е за летово. Башка шо кога шетам надвор од Македонија не ретко се наоѓам и во кино. Секогаш ми бегаат очите во subs шо не разбирам ама то е дел од забават Ејоо во Јуни е? Јуни празен ми беше за малку ќе скипнев. Едит. Роварев на стори да си најдам сликата со омиленото место. Уз пат го најдов и ова:
Многу се скапи картите во Синеплекс за млад тинејџер/студент или било кој со овие плати да си дозволи често да оди во кино...
Баш завчера отворив програма на Синеплекс да ѕирнам што има, немав отворено пар години (поради корона и бременост). Не се при памет со цениве, 340, 380 денари? Лол. Значи со маж да отидеме 700че не ни бега. За кино... Лудило. Иначе, ко мала имам израснато во кино Вардар, сите филомови ги гледав (какви забрани за деца, какви бакрачи), повеќето и по неколку пати. Едно време картата беше мислам 20 ден., па после долги години 50. Мислам дека тоа беше најскапата карта, додека не го затворија некаде 2001? 2002? Идев и во Култура, ама во Вардар секогаш подобри филмови даваа. После идев во Милениум. Па имаше едно во Рамстор Мол. Пред короната чат пат идев и во Кинотека, имав само една личност заинтересирана да ме дружи за такви филмчиња. Во Синеплекс никад неам отидено. Големи се шансите дека нема ни да отидам. Иначе знае некој што се дешава со она киноно во Кисела Вода кај кулите? Функционира?
Да, цените се лудило... Имаат некои пакети за нас што сме студенти ама пак скапо ни доаѓа. Друго кино не е толку убаво како Синеплекс, па подобро дома ќе си пуштиме пиратски симнат филм и за тие пари пица ќе си порача човек и ќе се најаде..
Во Синеплекс имаше некоја акција (или што и да беше тоа), ако платиш со Visa картичка во одреден ден од неделата, втората карта ја добиваш гратис. Знае некој дали ова важи сè уште? Тоа беше скроз океј понуда. Инаку, најчесто одам во Кино Милениум. Му фали сериозно реновирање на киното, ама ми има некој посебен шарм и вака како што е. Цените се сосем пристојни, само во последно време понудата им е очајна, баш штета.
Така беше, ама изгледа завршила или ја укинале. Никаде не можам да најдам информација, ќе прашам кога ќе ме носи патот натаму.
Искрено, би одела почесто во кино да имаше поголем избор. Не знам дали е до мене ама кога и да отворам 90% од понудата ми е meh. А не ми се даваат пари за нешто рандом што има лоша оценка. Ова за синеплекс, за милениум да не зборам колку е разочарувачки и ограничен репертоарот. А сакам кино, дефинитивно искуството е посебно.