Што би можела друго да кажам освен: ЈА ОБОЖАВАМ! ... Таа храна ја имам вкусено во неколку земји (посекако и кај нас ), и знам дека велат не е она што се готви во земјата на потекло, ами е нешто колку-толку прилагодено на кујната на локалната земја, а сепак кај и да ја вкусам едноставно остава чувство на исполнетост.. Знаете, кога јадете со уживање .. Не можам а да не уживам во таа храна... Кој микс на вкусови!!! Преостанува уште моментот да се обидам јас да приготвам нешто такво ... хехехе... или можеби да оставам на оние кои веќе се искусни во таа област Едит: Мислењето е променето од страна на модератор, затоа што бојата со која што беше напишано бодеше очи. Ве молиме користете ги боите, само кога треба да истакнете дел од текстот.
Lady-Mistique ако приготвиш нешто молим те стај го рецептов овде никако не сум била во можност да ја пробам таа кујна баш би сакала да експериментирам дома малку
Јас никогаш не му си била за да пробам нешто слично...меѓутоа со време се случи и тоа и не зажалив..имам пробано тајландско јадење..Мешавина на вкусови...слатко, луто...солено..Тоа беа школки во кокосово млеко зачинети и од оние тестенини ко конци што се јадат.. навистина бев воодушевена колку беше необично вкусно..
Јас сум пробала кинеска кујна, ми се допадна многу, ама не како индиската, таа ми беше по мој вкус комплетно.зачинета многууууу, прекрасно нешто. А кинеската ја јадев во ресторан во Скопје и во Белград, еднаш пилешко со сос вкусно беше, а сум јадела и некој ориз со јајце и пченка испржено, тоа беше еден вид на брза храна. А многу ми се допаднаа пржените банани како десерт, мњам Eve i link so recept. http://www.coolinarika.com/recept/741082
искрено немам пробано таква храна но нема да штети ако напишете ако знаете некој рецепт па да приготвам дома, да си се пробам
Па има разни, јас ги јадев во кинеска кујна, ама има и бразилски, тајландски па и кубански.Ништо спорно
пржени банани со сладолед од ванила, компот од ананас и едно нешто слично на мед, не знам како се вика - поубаво нешто - амин ! нудли со зеленчук - мњам, пилешко во еден благуњав сос - не баш мњам и дефинитивно најголемо -ама ич мњам- за нивните динстани зеленчуци со полуживо месо
еве и од мене и тоа дупло МЊАММ!!! од каде сега ова, полуживо месо? тоа го нема во кинеската кујна, барем не јас колку што знам .. покревко мевце од она во кинеска кујна здравје, издинстано до максимум, посебно ако е во глинено тавче, и полно со сосеви, мљац... Јапонците со сушито of course, по живо рибино мевце здравје и иако такво сепак може да е вкусно ... ама кај кинезите живо мевце јок... и за десертот што го спомна Криси ... точно е, тие специјалитети ќе се сретнат во повеќе земји, ништо спорно зш и тие (Кина, Тајланд, Куба, ...) како и ние земјите од балканот си имаат некои сличности во исхраната.. сепак се земји од исто/слично климатско подрачје (океј, некои од нив не ги поврзува само климата )... (само како пример, мусаката, кај се не на балканот ја има ) Едит: Мислењето е променето од страна на модератор, затоа што бојата со која што беше напишано бодеше очи. Ве молиме користете ги боите, само кога треба да истакнете дел од текстот.
пржен сладолед имам пробано и ок беше... едни тестенини јадев, ама чудни ми беа, и друго немам пробано, ама во план ми е
Обожавам азиска кујна, кинеска, корејска, индиска, јапонска...! Обожавам суши, пржени тестенини од ориз со бамбус и со соја, традиционалната тајландска супа со пилешко и млеко од кокос, пржени банани, сладолед од зелен чај, пилешко тика масала....ммм Сакам храна која ме инспирира да седнам и да уживам во вкусовите, а не само да се настегам на брзинка, а азиската затоа ја сакам затоа што ми е преполна со мириси и вкусови. Оргазам за сетилата Едит: Виетнамска кујна ма и да ми играат пре мене не би пробала кога видов какви преубави кучиња убиваат за да ги зготват ужас!
Девојко1985, ти треба совет за јапонска храна? Во Скопје има само на едно место суши - на Ленинова, до Алка
Обожавам кинеска храна. Особено оризот, салатите и пилешкото во соја. Во друга тема напишав дека не е лесно да спремање, треба вежбање и трпение. Ама неверојатно е вкусна и здрава. Задоволството е плус ако јадете со стапчиња, особено смешно за почетниците. Кинеската ми е идеална за некој посебен настан или ручек за одбележување.
Јас исто така ја обожавам кинеската кујна и ја имам пробано и кај нас и во странство. Посебно омилени јадења ми се: луто говетско во слатко-кисел сос, нуделси со зеленчук, пилешко со црни и бели печурки и пелмените полнети со свинско месо. Мислам дека би можела да ги јадам секој ден. Кај нас овие јадења многу убаво ги подготвуваат во кинескиот што е кај пролазот на улица Ленинова- ¨Ѕвезден океан¨. Од странските кинески ресторани би ги издвоила патката подготвена на пекингски начин, маки, ракчиња покриени со фиде и пржениот сладолед. Прекрасна храна што дефинитивно заслужува да се проба.
Каде точно има кај нас странски кујни, само не италијанска, тоа мразам Индиска знам, кинеска исто, и мексиканса..ова другово го има или сепак не?
лелел на што се сетив хаха ми нооси една другарка виетнамка бонбони и јас си мислам ко нашиве карамели човече балго и лук бреееее која комбинација така да не повеќе фала
Кинеска храна Поготово пилешкото во слатко-кисел сос.Морам да се пофалам дека знам да го зготвам Учев кинески 2 години и многу ми се допаѓа нивната култура и храна.Си изнакупував кинески стапчиња за дома и секогаш кога правам нешто од нивната кујна си јадам со нив. Инаку за благото,карамелизираните банани и јаболка,пржениот сладолед,тоа е американска измишљотина,во кинескиот јазик не постои терминот благо.Исто како што не постои и леб Затоа кинезите си се слабички