ааааа кинезите се слаби пошто пијат разни напитоци а плус јадат змии.така ми има кажано другарка кинеска пошо има многу убава коса долга и плус има 32 год а ќе мислиш 20 и ја прашувам како се држи од ориз ли само е таква и ми каза некои напитоци,некои кафиња за слабеење и на крај вика „за косата ништо освен супа од змија „ееееее ете тоа ти е кинески живот
Прекрасна е за мене, бидејќи премногу сакам чинијата да ми изгледа убаво, но не заради декорацијата, како што стандард се први кај нас и на запад, а заради боите на разновидниот зеленчук, што го употребуваат. Затоа и ми е интересна, а богами и прилично вкусна. Ми се допаѓаат нивните комбинации, начинот на кој што ја приготвуваат, бидејќи сум го гледала тој нивни уметнички процес а ми се допаѓаат и сосовите што ги употребуваат (испробав и јас сама да зготвам нешто слично, но некако го немаше токму тој вкус ќе треба да пребарам рецепти по нет и да се обидам повторно ) Инаку многу сакам пилешко во слатко, солено, кисел сос, како и да се викаше всушност, макар што не многу можам да изедам од тоа. Тешко ми станува после само две три топчиња... Топлиот сладолед, нудлите, абееее премногу работи. Но, зборувам за она што тука, кај нас и во странство се готви и претставува како кинеска храна. Кинеско-кинеска хаах па и не сум пробала сум гледала само како се готви. Живи били оние од Дискавери - Травел & Ливинг па си учиме тоа што не можеме да доживееме и видиме
Од кинеска кујна имам пробано: салата од краставица, морков и некои алги во неа како и сосови, неверојатен микс од вкусови , на слатко, солено и кисело, тооп :up: ориз со печурки и некои други додатоци, морам да кажам дека е прекрасен, навистина е посебен како што кажуваат, нарачав мала порција, а се претупанив, неможев да го дојадам . крцкаво говедско, со кикирики и зеленчук(луто пиперче), преубав вкус, месото како да е на скара испечено, а лутото пиперче му дава особен шмек. колаче со порака, ова беше екстра, вкусот ме потсетуваше на палачинки и секако порачето беше супер. што приметив кај кинекста кујна, храната е богата и доста најдува иако така не изгледа, а уште почудно е што вкусот не избледува толку лесно. се на се најубав впечаток, се спремам пак да одам, ама прво да научам со стапчиња да јадам, без нив не ми оригинално. !
Оуу кинеска храна е одлична, секогаш кога одам во Копенхаген си одам на едно местенце си купувам пилешко во сос од сенф и мед и ориз со зеленчук, и пилешко со бамбус и печурки превкусни, и пржен сладолед.. препорачувам да ја пробате оваа кујна, малку повеќе зачинети ама вкусно.
Обожавам кинеска, посебно пилешкото во слатко-кисел сос, ориз со морков, бамбус и црни кинески печурки, пржен сладолед. Но сепак, повеќе сакам индиска кујна. Сите тие зачини, мириси и бои ми се рај за сетилата. Омилено нешто од индиската ми е басмати ориз со парченца печурки и горски билки, мирисот ми останува во ноздрите со денови. Исто и Батар пиле, пилешки гради со доматен сос, зачини и паста од кашу. Единствено десертите не им ги сакам. Претежно се на млечна база, не се осудувам да ги пробам, имам аверзија кон млекото во комбинација со овошја.
Леле ја обожавам азиската кујна! Некако мешавината на вкусови е толку складна, толку задоволувачка.....уфф! Прво, суши. Значи дали има суши некаде во Македонијава, или подобро, дали во некој супермаркет има состојки за правење суши? Многу го сакам и еве една година откако сум во Македонија не сум го јадела, а толку многу го сакам. Со павлака посебно. Њјам. Teriyaky chicken и Orange chicken. Ориз со соја сос измешан со зеленчук. Springrolls. Нудлс. Таа виетнамската фа супа. Уфф ми се здојаде сега.
Кинеската кујна ми е прекрасна, верувам дека кај нас има мали варијации, со оглед на поднебјето во кое живееме, но се надевам дека вкусот е блиску до оригиналниот. Научив да јадам со стапчиња и да можам секој ден би јадела во кинескиот ресторан. Омилена нешта ... па многу, ми се допаѓа слаткото-кисело пилешко и свинско, истиве само топчиња со ананас, па во комбинација со црни и бели печурки и никулци од бамбус, пикантно луто телешко на стапчиња пржениот зелечук на кинески начин, пилешкото во лимон, жешко-киселата супа, среќното колаче, пржен сладолед, оризот... се'! Нема нешто што сум го пробала од менито, а не ми се допаднало. За тајванската и виетнамската кујна не можам да зборувам, зашто не сум пробала ништо досега, за жал.
Јас воопшто не ти го препорачувам Нобу, татко ми имаше проблеми од нивната храна. Во Македонија не може да има суши бар зошто за суши треба свежа риба. А, рестораните кај нас ја увезуваат, така отстоена за суши е прилично токсична.
Имам пробано, и воопшто не сум фасцинирана. Дури сега мислам желудецов ме стега кога ќе помислам на тоа
Нуби не постои веќе неколку месеци. На негово место е Сушико. Кујна од Јапонија, Кина и Тајланд мислам. Јас очекував екстремно скапи цени, не е така. Мислам дека за специјални случувања може да си приушти човек. Spoiler Јас бев прв пат за мојот 18ти роденден. Јас јадев суши (14 парчиња), татко ми јадење некое место не паметам точно, сестра ми ориз со зеленчук, а мајка ми пилешки прсти и суши. Плативме околу 2000. Тука беше вклучен и десертот и пијалокот. Толку плаќаме секаде отприлика, плус минус, кога идеме на фамилијарен ручек по некој повод.
А рецепт да пишевте ако некој знае? Мене многу ми се свиѓа зеленчукот, многу е сочен. Каков сос ставаат, или како го приготвуваат? Многу сакам да си направам дома.
Оризот во Ѕвезден океан...преубав е со било што дали со печурки, зеленчук, кари, пилешко, ракчиња. Сакам да научам да правам ориз на кинески начин Пилешко со кикирики, кари, зеленчук, црни и бели печурки исто преубави се.. Кинеските шпагети т.н. нудлси се исто интересни, а тие и дома ги правам. На пржениот сладолед не ми се допаѓа многу надворешното тесто ама е доста интересен десерт. Понекогаш зимам оброци на happy hour од кинескиот во Рамстор по избор комбинација. Ааа и овие крокети од ракчиња мрсни се ама и тие ми се интересни.
Пак јас. Многу сакам да пробувам различни кујни и затоа што мајка ми е како мене, кога одиме на одмор, се растрчуваме на сите страни зимаме по малку од се што ни е интересно. Оваа година имаше во склоп на хотелот кинеско/јапонски ресторан и го јадев највкусниот оброк кој досега сум го јадела од овие кујни. Штета заборавив што беше, па не можам пак да си нарачам во некое од нашиве местенца. Во срце ми остана. Во однос на нашиве ресторанчиња, јадењето во Ѕвезден океан под итно да си го подобрат. Се изначитав одамна лоши критики за нив, ама ми беше мерак и го намолив дечко ми да смениме на кинеска малку. Одвај сум го натерала и си се зезнав. Леле кога ми донесоа една лоша порција ориз со ракчиња, ми беше криво што си ја искоцкав шансата повторно да го натерам да јадеме такво нешто. Ајде нив, да речеме и ќе ги сварев, ама на што личеше бе пилешкото во сос од лимон? 20 лимона пливкаа со 3 парчиња месо во голем тањир.
Aко сакате добар кинески оброк, земете си порција од 10h-18h од ѕвезден океан во рамстор. До сега барем кога сум зимала била одлична храната, а гледам и го зголемиле бројот на јадења и многу им се троши. Се избира ориз/нудлс и пилешко/свинско во многу различни варијанти и јас едноставно се давам во тоа. Во ресторанот некогаш ми погодувале, некогаш не..изгледа зависи од готвачот што е на смена
Пржен сладолед, мај ултимејт фејврит! Можам постојано да го јадам и пак нема да ми се здосади, ова го тврдам . Последниов пат решив да ја пробам сувата риба, мислам океј, не очекував нешто повеќе така да и не бев особено воодушевена, иако ми се допадна како беше приготвена. Слатко киселото пилешко порано ми беше постојано на реперотар, не знам што толку го форсирав, сега од самиот киселкаст мирис на далечина од 100 метри ми се гади. Следно сакам да пробам нудлси со зеленчук и пилешко, и фамозните пржени банани.
Ги обозавам оброците и сосовите во Ѕвезден Океан и стварно ми е цудно кога некој ќе се пожзали од таму..но ствар на вкус оцигледно