^Правилно е да се пржи во вок тава со капка масло или без масло, така да е многу поздрава од нашава кујна на пример каде што пржиме мевце и компири во литро зејтин.
Средната happy hour порција за носење од кинескиот ресторан Ѕвезден океан во Рамстор ја преполовиле или мене нешто ми се причини така?
Те молам кажи ни нешто повеќе за јапонската кујна, гледам дека си добро запознаена, за нас што немаме пробано. Објасни ни што е здравото, зошто јас како фан на кинеската сериозно ќе се загрижам ако не е здрава како што се произнесе ти. Не не оставај да чекаме. Поздрав4е
Во кинескиот ресторан во рамстор има интересни работи,јас коа одам таму најчесто јадам ориз и пилешко и свинско со традиционални кинески печурки и во сос и ми се свиѓа,а има и иста таква комбинација само со шпагети,уствари они те прашуваат шо сакаш и ти си бираш има и со брокули ама мене ми е одвратно некако тоа,има убави работи ама има и мноооооогу одвратни,п.с. имам глеано Џејми Оливер како прави традиционални кинески шпагети (истите шо ги има овде) сука тесто,го сече на ленти и после тоа ги собра со раце и ги става да се варат,сигурно има нешто у тестото чим не се растураат додека се варат ама како и да е,тие што имаат јадено шпагети од кинески ресторан,нели сте приметиле дека се некако суви и такви незнам,никакви?
кинеската храна подготвена во нашиве кинески ресторани во скопје е прилагодена на нашите вкусови и може да се рече дека е добра, но имав прилика како апсолвентка да одам низ европа и да јадам во кинески ресторан во Франција, во Ница поточно и можам да кажам дека во уста не се ставаше храната, толку измешано благо со солено, многу морски плодови ставани во комбинација со мед со мармалад со глупости, дури и самоиот ориз прелиен со кечап не можевме да го јадеме, кечапот беше ни благ ни лут, неодредено, да затвориш очи незнаеш дали јадеш мармалад или кечап.
Ох обожавам тајланска, кинеска храна .. Можам буквално секој ден да ја јадам Еве го моето омилено ориз, пилешко со зеленчук Иначе обожавам и спринголс, тампора, нудли итн..
Gi obozavam, bi mozela bukvalno sekoj den da jadam.Takov vkus, zacini, aromi...milina. Mi se prijade sea
Не сум била во Кина но потврдено од неколку пријатели и познаници кои биле - првиот период додека да најдете соодветно место прифатливо за вашиот желудник и нос има да ослабете добри 4-5 кила. Се ќе ви биде чудно благуњаво и недефинрирано, некогаш блуткаво, а некогаш премногу сумњиво на изглед и по состојки за да го пробате. Во секоја традиционална пилешка супа пливкаат глави и нозе со канџи од кокошката што отишла курбан, по пазарите можете да најдете буквално се што не сте ни замислиле дека може да се јаде, а шетајќи ќе ги осетите сите можни мириси на планетата (во негативна конотација). Благите работи им се недефинирани, во торта ставаат зеленчуци, патлиџани иако тие технички се сметаат за овошје, но сепак комбинациите им се многу поразлични од оние што се практикуваат на запад. Ете на пример во луна парк наместо семки или пуканки, можете да си купите и фишек пржени лебарки Секако имаат и многу позитивни работи во нивната кујна, разни техники на припремање здрави оброци со минимален број на изгубени хранливи состојки, ама одат и до многу крајности што не можат да се пратат и „сварат“ ако сте навикнати на друг начин на живеење. Во поголемите градови/квартови има и голем избор на прилагодени ресторани за странци, а и Кина општо е многу широк поим, но ете сите што ги знам земјата на аеродром ја бакнуваат кога се враќаат од Кина и едвај чекаат да пробат нешто „нормално“. Ние нормално овде јадеме прилагодена верзија на кинеско, тајландско и нешто тајванско, лично мене ми се допаѓа, додека јапонско не сум пробала сеуште - Сушико ресторанот кај нас не ми делува некако премногу примамливо. Особено не би посакала да пробам суши во држава/град што не излегува на море и уште во сам стар ми делува премногу сомнително и не би сакала од прва рака да искусам колку се свежи состојките. Јас типувам дека не се, но нека ме демантира некој ако мисли поинаку. Инаку за се друго што сум пробала немам замерки. Сакам зачини, не ми пречи да ги мешам и особено ми се допаѓа начинот на подготовка. Омилени ми се дамплингсот, ама не пребрирам јадам се...ориз, нудлс, спринг ролс, зеленчуци, месо, десерти. Све си сакам. До сега само има пробано еден многу одвратен слатко кисел сос, вилицата ми се укочи од неубаво, ама тоа го памтам како изолиран случај, воглавно ми е супер и лесно ми е на стомак отпосле што ми е многу битно во последно време. Би сакала да пробам и други работи од останатите азијски кујни, без бизарности секако, не сум до толку гурман да јадам глувци, лебарки и такви ми ти работи.
Сушико е океј, ама прескап за тоа што го нуди. Немам пробано суши, од истите причини како тебе, ама имам пробано некои од другите јадења, и не ми беше нешто посебно, можеби е само до мојот вкус. Го сакав Ѕвезден Океан порано и редовно одев, после другарка доби труење со храна од таму, па некој на твитер најде лебарка во храната, и од тогаш ми е шубе да јадам.
Многу често одам во Ѕвезден Океан, посебно откако отворија и во City mall, ама муабетов на @crimson ме замисли... Инаку сакам ваков тип на храна и сакам да пробувам нови кујни. Одамна се спремам да пробам суши, ама и не верувам дека во Скопје би пробала.
Може ли некој да ми каже мислење за пилешко во слатко-кисел сос (кинеска храна), гледам многу го фалат па сакав да го пробам. Досега имам јадено нудлси со пилешко и зеленчук во сос.
Кинеската храна проготвена тука кај нас не е иста,сум пробала од таа во Рамстор и врска нема од таа што сум ја јадела во кинески ресторан во странство,не е тоа тоа .
Другарка ми го покажа Ѕвезден Океан во Рамстор.. и ете ме, не излегов Ама цело време јадам пилешко слатко-луто-кисело, пилешки/свински топчиња, интегрален ориз или нудлси. Сакам да пробам нешто ново, ама и нема некој избор во ресторанот во Рамстор. Препорака некоја? Одамна се наканувам да одам во тој "вистинскиот" ресторан, таму ми ја фалат храната дека била сто пати поубава. Еднаш јадев и во Пекинг Гарден, исто пилешко слатко-кисело со ориз, и они ми ставиле од страна салата и дамплинг. Дамплингот беше одличен! Пилешкото не можев да го проценам, мислењето ми беше на граница меѓу одвратно и превкусно, пошто апла пливаше во мед. И ми дојде чудна мешавина на вкусови. А и поскапи се од Ѕвезден Океан, каде-каде. Сума сумарум, сакам кинеска храна, додека останативе кујни ми е желба да ги пробам.