1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кинеска облека -Made in China

Дискусија во 'Мода и стил' започната од vendiii, 13 октомври 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Преплавени сме со Кинеската облека ...
    Важи за гардероба со лош квалитет но ефтина цена .Какво е вашето мислење за облеката со кинеско потекло ? Ја купувате ваквата облека . Каков е вашиот став ? !
     

    Прикачени фајлови:

    • made_in_china.jpg
      made_in_china.jpg
      Големина на фајлот:
      12,6 KB
      Прегледи:
      1.478
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па и не би кажала дека е со лош квалитет-
    Kако викаат колку пари-толку музика, ама дури и повеќе музика имаш за тие пари :D
    инаку си купувам во кинеската, зашто да не, ако најдам нешто убаво и ефтино :)
    ако гледаме на тоа 90% од робата кај нас е кинеска :)
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ги има насекаде и не само во продавниците специјализирани за кинеска стока туку и во секој бутик може да се најде кинеско парче. Имам многу убави балетанчиња кинески и тоа баш "подметнати" ги купив не ни знаев дека се кинески и баш и не беа ефтини, а за квалитет па и не беа лоши си ги износив една сезона, а верувам дека ќе има уште една :)
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не купувам кинеска облека (или скоро преретко се случило), а дома имам еден куп кинески алишта. :) Како?? Затоа што се` е преплавено со кинеско, се менуваат етикети, се прават мучки, даваш пари со верба дека купуваш во бутик, плаќаш квалитет, а не добиваш ништо. :tmi:

    Немам ништо против кинеската роба, со неа секој може од својот џеб да се облечи, но да се има вистинска декларација, етикета. Ако купуваш, да знаеш што купуваш!

    Ми се случило нешто кинеско да издржи и потрае многу подолго од нешто скапо платено. Значи и како ќе ти се погоди... :?:
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Немам ништо против, додека не мириса ужасно.
    Не навистина она што најмногу ми пречи во ефтино парче кинеска облека е лошата миризба.
    Но има разлика од кинеско до кинеско.
    Денес и многу брендови од оние за широка потрошувачка до луксузни брендови се шијат во Кина. Е сега некои се шијат заради ефтината работна сила со поквалитетни материјали, додека други се комплетно кинески со лош и ефтин материјал. Но колку пари толку музика.
    Еве ќе ги земам најпрвин Гари продавниците со комплетни кинески продукти. Имам една црна чанта корне на смрдеа мајка ми ја фрли, а друга ич не мириса и супер е. А чевли немам од причина што 40ката е за кинези, мислам дека наша 38мица е |( А и многу круто ми изгледаат чевлите, како ѓон се, ретко да ми фати око, плус многу се жалат дека удобност имаат нула. Но не викам дека нема исклучок, но не ми се бендисало до сега ништо.
    А низ другиве продавници што има малку поквалитетна кинеска роба си купувам и не ми е гајле. Неможам со мојот новчаник да си дозволам кожни италијански чевли, си купувам кинеско по пристапни цени.
    Само се нервирам од кинесково неможеш денес да процениш што е квалитетно што не. Може блуза од 500 денари да е поквалитетна од некое парталче во нашиве продавници како Теранова, Мотиви, Тејли, Манго итн која ќе чини 2000 и да е ужасно квалитетна а и тие се шиени во Кина.
    Кинескиот пазар не преплавува со ефтина облека, но и испомеша квалитет со квантитет, неможеш денес да го разликуваш.
    Порано продавниците што нудеа бренд и квалитет, денес нудат квантитет а со исти цени.
    Цената не е мерило за квалитет.
    И белешката Маде ин Чајна исто не е мерило.

    Сепак многу треба да внимаваме кога купуваме од кинески ефтини продавници и затоа често Гари го избегнувам, многу ми се сомнителни квалитетите, материјалите мирисаат ужасно, којзнае какви бои користат кои сигурно се штетни за нашето здравје, или кога купуваме кинеска блуза и пушта боја и на 10то перење што очигледно не е нормално. И секако за играчки за деца посебно, ги ставаат во уста а којзнае за историјата на материјалот. Треба да внимаваме во секој случај. Не треба да се залетуваме по се што е ефтино.
     
    На mims-89 и girl.23 им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Не сум ни за ни против к.облека.Ако најдам некоја блуза ептен да ми се допага ја купувам ако не ништо. Лани си купив чизми од Страдивариус ги купив 60 евра. И кога видов внатре пишува Made in China :x А вчера една моја другарка си купи едни чизми ептен убави до глужд со висока штикла за само 20 евра, убави убави ама нее немам поверение..
    Свекрва ми најде едни пантолони од 8 евра ама кога ги облече и се појави алергија на нозете и ајде сега оди купи од кинеска продавница :|
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Мајка ми имаше едни кинески сандали, ама од што отров беа направени не знам. Нозете и отекоа, цела се вцрвени, мислеше пчела ја каснала. Трпеше, мислеше ќе и помине, ама ептен се влоши состојбата.Кога ја видела докторката за малку што не ја прати да лежи во болница, тоа антибиотици јаки, инфузии... Се од сандалите, веројатно биле направени од некој токсичен материјал. Баш тоа лето многу се зборуваше по телевизии, луѓе до болница стигнале од кинески производи, а нејзе и се посреќи баш на такви да налета.
    Јас ги избегнувам, летово видов едни симпатични бродарки во кинеската, ама не ги купив баш затоа што не ми се сигурни.
    Е сега што подвалуваат, тоа е. Ама има и квалитетни кинески производи, не дека само фушерај продаваат, ама кај нас купуваат цел контејнер роба за неколку стотини евра, што сакаме да има внатре, сигурно не шалчиња од кашмир и чевли од телешка кожа.
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Не купувам од истата главна причина која ја навела и Rosonnerka. Не можам да го поднесам тој мирис, т.е. не дека не можам ама едноставно тој мирис на нафталин не исчезнува. Трае вечно! Се пере, пере, пере и пак мириса! Последен таков случај ми беше со едни ракавици, ми ги дадоа демек спакувани кога ги отворив дома ќе се угушев, се киснеа прво во прашок после цела ноќ во омекшивач и пак мирисаа. И уште мирисаат! За алергииве што ги спомнавте не сум ни размислувала, знам дека ги прскаат сите парчиња со нафталин за да не се уништат од паразити, претпоставував дека материјалот од кој ги шијат си е обичен памук, синтетика или што ја знам. Чевли немам купено, не ми се допаднало ништо единствено може апостолки обични гумени затоа што се прилично евтини. Инаку имам еден пешкир за на плажа од пред мнооогу години и уште си е супер, да кажеме. За некои тракатанци, огледалца, такво за моливи ставање (како и да се вика) ок ми е, ама за облека некако не.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кинеската роба има класи. Повисока класа подобар квалитет и повеќе пари. Не ги ни спомнувам оние Кинески продавници што имаат све и свашта и неможеш да влезеш од миризбата колку смрди, затоа што тоа се производи од најниска класа и направени од рециклирано ѓубре. Да, ѓубре. Тие се рециклираат, имав некаде прочитано дека тие годишно милиони вложуваат во рециклажа. Ако не е така ќе се преплават во ѓубре.
    И јас обичен страдник, чекам попуст во....(да не ги набројувам) марки за средна класа широка потрошувачка и се радувам на најновата блуза, кошула, ролка, панталона, етикетирана со Made in Malesia i Made in China. Ок, кинеско е знам ама повисока класа на кинески производ. Битно да ми е пријатно во него и да е од материјал кој ми се допаѓа.
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    God made the world. Everything else is - MADE IN CHINA :D

    Е сега за што станува збор? Ако зборуваме за оние кинескине продавници преплавени со евтина роба која плус и смрди, не благодарам. Поарно во Шутка или на Битпазар ќе копам по тие стварите и ќе си купам нешто таму отколку нешто кинеско.
    Не велам дека по пазарите нема кинеска роба, треба да се бира што се купува, а не само евтино - колку да е евтино, но сакам само да кажам дека ужасно ме иритира смрдеата.
    Дури и во голем број на држави е забранета робата од Кинезите и имаат издадено десетици предупредувања за канцерогеноста на нивните продукти. Смрдеата не е залудна - носи болест.
    Да не претерувам и да не вршам анти - пропаганда, јас само за себеси кажувам дека не купувам и не би купувала повеќе. Плус ме уплаши тоа што навистина во многу кинески продукти е пронајдена по некоја штетна материја за нашето здравје. А јас не сакам да се коцкам со моето здравје.
    Поарно во Х&М ќе си земам квалитетно парче на попуст за 2 евра отколку смрдливо кинеско блузонче кое и онака ќе ми се распадне а и не е екстремно евтино.

    Ама како тргнало, еден ден цел свет ќе биде по кинески стандарди, така да - ќе да е време да почнеме да навикнуваме на нивниот стандард, а? :)
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не е проблем тоа што е -направено во Кина, туку тоа што нашиве и х пре продавачи обично ја земаат таа кинеска роба од најниска категорија, нај неквалитетна воедно и нај ефтина за да тука направат добар бизнис, со тоа што ќе ја продаваат по дупла или тро дупла цена од таа по која ја купиле и пак ќе ќарат а нас пак ќе ни изгледа евтина. Додека од друга страна има и квалитетни кинески работи кои се малку поскапи. Но страшно ме нервира што некои бутици особено во Скопје, ќе изнајмат некој дуќан со добра место положба, ќе го уредат модерно ќе го накитат, ќе вработат некоја анорексична продавачка со 5 кила шминка (што не е толку битно во случајов) ќе донесат кинеска гардероба и ќе и опнат цени како божем од армани купуваш, ама на одредена група купувачи не им е толку битно тоа дали крпчињата се made in china туку името на продавниците и колку се тие ин :puke:

    И јас некогаш купувам кинески работи, но само такви што не смрдат за да паднеш у несвест и чиј материјал не ми е толку сомнителен.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Конкретно за Гари, бидејќи пиша Росоњерка:

    Една другарка купи чизми Биана и при првото облекување и` пукна патентот, а ги плати 3800 ден. Во продавницата не сакаа да слушнат за рекламација, и` рекоа Биана се марка, кој знае што им направила самата. :tmi:
    Истата другарка купи чизми во Гари (ја бендиса моделот, а стварно мирисаа на кинеско, но со тек на време престанаа да и` мирисаат) и ги носи 2 сезони, дури ни вода не и пропуштија! :!:

    Затоа не знаеш на какво кинеско ќе начекаш...
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ако ги оставиме настрана фабриките кои свои материјали праќаат на шиење во Кина, друго кинеско не купувам.
    Гари, 99, и сл. продавници не посетувам. Ја мразам „аромата“ на запалена пластика или само на пластика и смрдливи и испотени луѓе кои постојано се таму.
    Немам големо искуство со кинеската облека, ама со оглед на цените-колку пари толку музика! :D
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Имам една продвница Гари пред нос. Ама баш пред нос, па на скоро секое излегување од дома поминувам покрај неа и секогаш си погледнувам во излогот. Облека не продаваат, претежно чевли и некои ситнурии.

    Не фрлам пари таму, без разлика што се ефтини, од причина што низ многу други продавнички за чевли како Трафик, Аванти и сл.по исти цени има доста поголем, посолиден и поквалитетен избор кога има попусти.
    Единствено нешто што сум купила се едни тегет балетанки, кои ги купив за цели 100 денари и две години ги имам, како нови се. Просто се чудам, а воопшто не мирисаат, ниту пак се оштетиле.
    Смешно ми е што видов дека чизми донеле сега. Ама чизмине, смешки живи, ти ја продава за 600 денари а доле ни ѓон нема, едно пластично парче. И оние агли чизми донеле (угг, јас агли си ги викам, од ugly) со некоја фејк вуница внатре.

    За облека не ни станува збор. Пре купувам облека од турско производство, каде каде е поквалитетна. Има мал милион бутичиња со ефтина гардероба со солиден, средно ниво, квалитет. А и Космос ене го, на попуст да се мрднеш. Пропала инвестиција се производиве.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    И кинезите имаат класа на облека,секако дека може да се најде нешто квалитетно а да не ти го умириса плакарот :) .Но ми се случува на пример маици што ги купив пролетва(не дека јас не сакам да носам квалитет)кога ќе ги исперам колку и омекнувач да ставам се чувствува некој специфичен мирис.А и некако не верувам на брендираниве продавници дека облеката потекнува од таму кај што е наведено на пример ЕУ.Се си мислам хартијата се трпи па може да се напише што се сака.Зарем нашиве инспекции водат сметка за тоа??Долна облека мислам на гаќи конкретно одамна престанав да купувам,откако некаде прочитав дека се користат канцерогени бои за боење на ткаенината.И купувам турски барем се гледа дека е 100% памук а на синтетика.Имам некоја непотврдена информација дека кинеската стока уште од излегување од фабрика се класирала за кој пазар е наменета.Така да ние го добиваме најлошиот квалитет.Најблиску од кај може да се донесе квалитетна кинеска стока која барем колку толку одговара на некои норми е Унгарија.Порано имав една жена која еднаш месечно донесуваше таква облека и навистина се што сум купила од неа век нема.За жал веќе не тргува.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Јас заклучив дека кога влегувам во Гари почнува да ми се стега грлото,да се гушам и чувствувам остра болка во аглите на очите од страната на носот.Ама вие немате поим болка човече.Првиот пат,ништо не си помислив,ама после неколку пати влегување од љубопиство,заклучив дека алергиска реакција е зошто ми се смирува откако ќе излезам.
    У принцип,денес се е кинеско,ама има разлика.Кај нас не функционираат стандардите за квалитет и состав на производите,па све поминува,ама затоа у еу оди па внеси го.Затоа кај нас им е рај,свашта да донесат од Кина.
    Сега да не се лажеме,Страдивариус,Бершка...не знам ти што таму.Ако убаво ги развртите сите етикети ќе видите дека пишува на нив или Кина или Бангладеш (да прво вика,земја на потекло Шпанија,затоа што брендот е нивни,а каде е произведено обично го има на етикетите доле,од страната што се збутани и тоа на последната од сите 10 што ги имаат зашиено),што не значи дека е лошо.Напротив,имаат многу убави материјали и текстилна индустрија им е поприлично развиена,а уште и ако е некој познат бренд кој само се шие таму,нема мука,се придржуваат до стандарди.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас пак нон стоп си купувам од кинескиот. Досега се супер ми се погодило, балетанчиња (оние розевките ги имам постирано 150 денари се) ги убив од носење мака немаат, сега угг си купив од Кинески, си имам купено торба огромна со костурчичи од кинески и душата и ја имам извадено,каде и да одам настрана од Велес во неа си пакувам а 300 денари ја купив, собира прилично многу. Потоа, едни чизми значи со сестра ми и двете ги носиме, 3та или 4та зима ќе им биде оваа мака си немаат, високи се до колена не пропуштаат вода и тие ефтини некаде 350-400 денари, Сандали на полна пета ова лето си земав од кинески за 250 денари, и многу се удобни и меки... Сандалчиња ниски си носам од таму, еве едни тексасни цело лето ги убив од носење... Ама ок, во принцип и не сум некој кинач на обувки особено, можам да носам, а и имам носено обична старка (незнамшофирма) цели 3 години, значи не беа некоја марка конверс или незнам што ама во главно ги направив партал дури третата година од нивното постоење. Еве ги, купени за исто многу мала сума (200 денари мислам беа)...

    И така, досега од се што сум купила кинеско сум задоволна, а било за прилично многу ефтина цена, за разлика од едни чизми лани што ги купив, антилопени беа (или можда од картон направени) ги скинав во третиот месец од нивното постоење што воопшто никогаш не ми се случило, а ги платив прилично повеќе отколку што обично давам за обувки, во една од најубавите продавници за чевли во Велес.
    Значи, релативно е, еве, мене од кинески ми траат обувките :) Аха да, на моите црвени конверс пишува мејд ин Чајна :)
     

    Прикачени фајлови:

  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Од оние продавници кои се специјализирани за ефтина кинеска роба како Гари на пример не купувам ништо заради смрдеата на производите, заради малиот избор, заради катастрофалниот лош квалитет, заради тоа што градот ќе биде преплавен со едно исто кинеско парче и ќе го видам врз било кој! Во таквите продавници ми се чини е најниската класа на кинеската роба! :puke:

    Е сега, свесна сум дека од друга страна купувам кинеско од многу бутици, и да бидам искрена повеќе од она што го имам во плакарот е со кинеско потекло! Од квалитетот сум си задоволна, од скормна цена очекувам и скормен квалитет! Свесна сум дека колку и да сакам не можам да го одбегнам кинеското во многу бутици и знам од каде одат по роба истите бутици (од Бугарија каде пазарот (Илинци)е преплавен со кинези и кинеска роба, од Грција каде всушност ,,грчката роба,, е со кинески етикети) па со тоа сум свесна дека и од тие бутици си купувам кинески парталчиња надевајќи се дека се за класа поквалитетни од оние во продавниците како Гари! И стварно досега не се покажале лошо, за тие пари-толку! :!:
    Турската роба е со доста подобар квалитет а цената им е за малку повисока од кинеската! Кај нас, во мојот град малку се продавниците кои работат исклучиво со турска роба туку си прават комбинација од кинеско и турско па така си имаат екстра цени тврдејќи дека кај нив нема ништо шкарт! Е сега етикетите се извадени од кинеските парталчиња бидејќи се продаваат како производи произведени и увезени од Турција... (чат пат и од Италија, демек) |(
     
  19. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    купувам од кинески продавници се што досега имам купено ми се погодило чизми,блузи,сандали фала богу не сум имала некој проблем досега од нив како што спомна некоја феминка :)
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И јас си купувам од кинеска! И искрено што сум купила до сега, се ми се погодило! Имам еден куп балетанки купени за максимум 350 денари и и те како ги имам изнаносено за тие пари! Баш последно си купив за 250 денари и ептен ми се по ќеиф! Имам и други дрангулајки од кинеската, зависи дали сум видела нешто што ми треба и ми се гледало ок. На пример, имам од шаторите кои ги продаваа и одмор истеравме со тој шатор, каков дожд и ветер преживеа, бевме изненадени, сериозно! Всушност, денес скоро се што гледаме по продавнициве е кинеско, е сега и кај кинеското има поквалитетно и понеквалитетно... Зависи и како ќе ти се погоди а на крај краева, секојпат кога се купува треба убаво да отвориме очи.