Во продавничките кои имаат само кинеска роба имам купено 2 пара балетанки, 1 пар сандали и 1 пар апостолки-јадранки. Тоа е се на се, а облека немам купено, а додуша и немам ни сретнато. Знам само дека кога купувам и од други бутици се има случено да пишува на етикетата made in China, ама во глобала задоволна сум од производите. Пред 2 години си купив патики од орка и исто и на нив пишува дека се made in China. Она што ми е интересно е дека покрај тоа made in China, на многу производи по бутициве, или на некои парчиња кои ги имам купено пишува made in PRC. Се заинтересирав каде точно се изработени, седнав на интернет и што да видам: PRC = People's Republic of China
Стварно не знам кај да прашам, па овде ќе биде! Си купив папучи од пазар и тоа намерно со цел си викам стојат надвор цело време, па и да мирисале на нафталин ќе се одмирисаат! Хау јес ноу! Кога ги донесов дома и ги мириснав, копаат луѓе! Ги носев 10 мин цела соба на нафталин ми се умириса. Што да им правам? Да не имал некој искуство со „одмирисување“ на некоја таква кинеска роба? Стојат 5 саати на тераса и уште си мирисаат Мислам 150 денари се, не е нешто трагично и да останат така, ама па од кај да си купам други со таква некоја ниска цена
И мене мајка ми ми купи лани такви смрдливки и нема шанси да се одмирисаат само од надвор стоење. Јас ги киснев во вода со омекнувач цел ден, па ги исправ во машина (останаа читави не се секирај) и ги сушев надвор. После тоа смрдкаа уште ама со тек на време ќе исчезне мирисот (или ќе се навикнеш на него ).
леле видете што му се десило Oва кој знае каков производ било фала богу до сега мене вакво нешто не ми се има случено http://atlasshrugs2000.typepad.com/atla ... p_flop.jpg
хелоууу.. па вака.. не секоја кинеска работа како што велат стариве е неквалитетна. работата е во тоа што кинезите ги плаќаат по 1-2 долара за ден .. и затоа се тоолку ефтини(еден дел од цената влегува и ттрудот на човекот) а материјалите тоа не знам.. а тука ги дуваат цените затоа што патот да си го извадат сопстениците ..
Ич не сакам да купувам кинеска роба и ја сметам за неквалитетна, ама ете еднаш направив исклучок и си купив едни чизмички. Како ми се погодија, не знаете. Две години ги носам и ништо не им е. Има исклучоци и во таа кинеска роба
Абе буквално целиот свет е преплавен со Made in China. Мене ми донесоа од Америка многу убави чизми и тоа не беа ефтини некаде околу 100 долари и кога гледам Made in China значи таа ефтина работна рака што уште не прави. Инаку чизмите ми се со висок квалитет и прв пат наоѓам чизми кои не протекуваат конечно и јас да сум со суви нозе.
Ова не се однесува баш на облека, повеќе на други кинески производи ама сакав да кажам колку се паметни Кинезиве Обично на производите од Европската Унија стои едно знакче CE (Comission Europeenne) демек потеклото е проверено и производот е безбеден, но ете Кинезите се паметни па и тие почнаа да ја ставаат истата кратенка, демек значи China Export. Знаат што прават.
избегавам таква гардероба,но како и да е треба да си свесен дека малку пари даваш малку и носиш ... некои дале 300 денари за чевли кинески ги носат една сезона неможат да ги носат и другата па пцујат по кинезите,не се виновни тие ем знаеше дека ќе ги носиш малку ем пак ги купуваш но сепак да не се разбереме погрешно не е секогаш така
Ако мислиш на оние дуќани CHINA SHOP или така нешто дефинитивно НЕ. можеби има и други кинески работи кај нас меѓутоа се тоа што е во такви продавници е изработено од никаков материјал кој изгледа ефтин , а да не зборувам како одвратно мирисаат. Не дај боже да ставиш нога во некоја таква обувка . ЈАС СУМ ПРОТИВ ТОА И НЕ КУПУВАМ АМА БАШ НИШТО ОД ТАМУ !!!!!
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kompresirana-maichka/ верувам дека ова нив би им текнало - баш штосна идеа
И јас имам досега купувано доста облека од кинеските продавници и се што имам купено погодено било.Фала богу немам лошо искуство досега.
Во една продавница во Лептокатија ''Мис Шоп Шус'' си купив балетанки кои беа по 300 денари. Имаше едни од 800денари, а другите од страна, најверојатно останатото беа по 300денари. Тие се кинески, но не мирисаат толку мн. како оние од Gary. Ептен малку само. Што мислите, каков е квалитетот? Нели викаат дека е штетно за здравјето, бла,бла.. ама во секој случај..?
Не практикувам облека од кинески продавници многу ми мириса и не е квалитета едно облекување и може да се распадне.