1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Киноа

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од ElenaRbd, 23 март 2013.

  1. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    152
    Здраво девојќи :) Сакам да прашам дали знаете што е тоа КИНОА ? (за јадење е)
     

    Прикачени фајлови:

  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    На Twinkles и ElenaRbd им се допаѓа ова.
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Општи прашања

    http://www.mojatakujna.mk/archives/119 може ќе ти помогне
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Киноата е супер храна, накратко речено. Добро е што има тема, еве еден рецепт од мене, здрав, нискокалоричен, а вкусен. И за деца е одличен. Се мислев да го ставам во темата за сирова храна, ама бидејќи е готвено, не припаѓа таму, па еве тука ќе пишам. Може да споделувате и вие рецепти со киноа тука.

    Сутлијаш со киноа

    Шолја киноа
    3 шолји млеко по избор - кравјо или растително (јас го направив со бадемово млеко)
    лажица кафеав шеќер (дарк мусковадо на Виталиа), може и 1/4 шолја агаве нектар или јаворов сируп
    лажица екстракт од ванила
    цимет.

    Се става млекото со шеќерот на оган, а киноата убаво се мие со ладна вода во цедалка и се додава во млекото. Се додава екстрактот од ванила, може ванилин шеќер ако повеќе сакате така и се вари на тивко 30-45 минути со повремено мешање. Кога ќе се згусне, се трга од оган и се сервира ладно или топло, попрскано со цимет одозгора. Може да додадете и овошје по свој избор.

    На здравје!
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0459.jpg
      Photo0459.jpg
      Големина на фајлот:
      229 KB
      Прегледи:
      491
    На Zimone, macunka, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Може да се најде по маркетите кај нас? Колку пари е?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Ја има во поголемите маркети, јас ја земам од БиоКулт во ГТЦ, во Скопје, 500г чини некаде околу 300-350ден.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лани бев истражувач на оваа култура :) и јас дигам рака како конзуматор на киноа.
    Еве ви рецепт за вкусен оброк - полнети домати.
    Потребно ви е

    - 1 чаша сварена киноа, 1 лаж. путер, 1 чешне лук, 1 рака листови од спанаќ, ¼ лажица сок од лимон, 2- 3 лажици рендан памезан (ако имате по дома), 150 г моцарела , 4- 6 домати (зависно од големината), зачини по желба. Јас ставам босилек

    Приготвување:

    Сварете ја киноата и ставете ја да се излади. Во голем сад ставете го путерот да се стопи и додајте го сечканиот лук. Пропржете го малку. Спанаќот исечкајте го крупно, додајте го во садот и него пропржете го. Тргнете го садот од оган. Додајте го пармезанот и 120 г рендана моцарела, киноата, сок од лимон па измешајте. Исечете ги горните делови од доматите, како капачиња, исчистете ги од семе и со лажица полнете ги со смесата од киноа и спанаќ. Горе ставете од останатата (50 г) рендана моцарела. Ставете ги во плех со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 – 30 минути, покриено со алуминска фолија, за да не изгорат доматите и моцарелата. На крај одозгора јас наросувам босилек
     
    На Zimone и Annath им се допаѓа ова.
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ова мислам дека ќе испадне многу вкусно, баш би сакала да го пробам овој рецепт.
     
    На Meckicja, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Jas I kerkickata mi go jademe zivo ne vareno kinoata so jogurt mnogu e vkusno kerkickata mi go obozava
     
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.008
    Пол:
    Женски
    Имам пробано. Не ми се свиѓа на вкус.