Не мора само во вторник да одите во новиот мнт, редовно излегуваат попусти и за други денови. Моментално уште трае попустот за Сомнително лице и Свадбата на Фигаро. Следете ги ваквите сајтови, од типот на Grouper, Kupinapopust, Mkkolektiva, редовно даваат карти за пониски цени. Ако сте за опера или балет, имате попуст на карти за Атила и 14 часа
Има и студентски попуст во синеплекс во понеделник, среда и четврток. Мислам дека 50тина денари беше поевитена картата
Да надополнам инфо за Драмски: На Светскиот ден на театарот, 27 март, во Драмски ќе има 12 часа претстави, а сите пиеси ќе бидат бесплатни. Сепак, билети мора да се подигнат од касата на Драмски театар. Преземено од: http://www.skopjeinfo.mk/kultura/14..._type_map=["og.recommends"]&action_ref_map=[]
Јас ја гледав. 300 е карта. Наводно била индивидуален проект настрана од мнт и можеби затоа малку поскапа... А и во малата сала се играше, ако нешто тоа им прави разлика Не знам Добра е. Онака, лабава комедија
Дали знае некој колку чини картата за "Свадбата на Фигаро". Вечерва ќе се одигра па би сакала да одам! Јас видов дека е намалена од 300 на 150 денари.
Во театар одам секогаш кога имам можност и притоа кога на репертоар има добра претстава. Не сакам лесни драмски дејствија, напротив, претпочитам да гледам претстави кои содржат силна тематика. Битолскиот народен театар има да понуди добри претстави и уште подобри актерски имиња кои на совршен начин ги претставуваат ликовите. Би ги препорачала, Лет во место на нашиот Горан Стефановски, Травничка хроника од Иво Андиќ, Хамлетмашина и една од најновите, За домот се работи. Кога и да ја изведуваат Хенри VI, никогаш не можам да одам, поради оваа или онаа причина, а сите кои ја имаат гледано, викаат дека токму таа е една од најдобрите. Вишновата градина на Чехов беше пресудната зошто толку многу го засакав театарот и сцената, но не знам дали повеќе ја даваат на редовен репертоар.
Многу сакам да одам во кино и театар. Последен пат бев пред 2 недели во драмски на Ждрело, траеше 2 часа, интересно беше.
Девојки ме интересирааат попустиве што идат со индекс, а и овие што се без индекс, ај ве молам девојки ако не ве мрзи пишете што каде како има
За со индекс, во Театар Комедија (карши Европски, бившо Мнт) , претставите што се играат во четврток се бесплатни. Еден индекс, една карта, се потпишуваш таму. Само треба ден-два претходно да отидеш, пред претстава да подигнеш нема шанси да има карти.. Благајната работи секој ден од 09:00-20:00. Еве го репертоарот за месец Јануари, ама како до крајот има само уште еден четврток останато, можеш да си земеш карти за ``Многу врева за ништо``.. Се надевам дека помогнав.
Дали знае некој колку е картата за хуманитарната Не се клади на Енглези на 07.02.2015 во МНТ. Сега слушнав на вести дека некаде околу 150 денари,за хуманитарните за поплавите па не знам дали е точно?
Келавата Пејачка повторно на репертоар во Театар 007. Прва изведба за оваа година. Карти има во предпродажба на Grouper