Можеби повеќето знаете, ама не е на одмет да пишам во темава - овој месец билетите во Драмски чинат 100 ден. Еве една статија за тоа
Гледам и во МНТ е истото. Туку, ја погледнала ли некоја Солун- град на духови? Се игра во музејот на холокаустот на евреите, во режија на Унковски.
незнаев кај да го поставам прашањето па ете овде... пред некое време еден семеен пријател ми кажа дека од радио 106 давале карти за кино во битола гратис на првите двајца што ќе коментирале. ама неможам да најдам каде.. дали некој знае и ако може да ми даде линк или нека ми пише во пораки.. фала однапред
Блазе на оние кои што имаат можности да ги посетуваат овие префинети места секојдневно или пак почесто. Јас многупати досега сум била на опера бидејки тое е нештото што мене значително ме исполнува и ме надоградува, и покрај операта сум гледала колку што можам да посетам театар, балет и слично, за кината не зборувам бидејки не се место за инспирација и мотивација како останатите кративни места што гледаш и учиш од трудот и префинетиот вкус на народот. Литературата, уметноста, префинетоста, мотивацијата и инспирацијата се клучен фактор за нечија култура, многу жално што народот не го засегаат вакви манифестации, а ние пак одозгора се чудиме од кај ни одела малограѓанштината.
Како малечка редовно одев на театарски претстави. Потоа престанаа да ги даваат во нашиот град, станаа ептен ретки, а плус и пораснавме, станавме тинејџери па друштвото не ми беше заинтересирано за претстави па повеќе одевме на кино. Пред некоја недела, после долги години бев во театар, во МНТ, да е жив Грујо што овозможи бесплатен четврток за студентите, сега кога најдов друштво заинтересирано за такви културни настани ќе одам почесто. Театарските претстави повеќе ги вреднувам од киното. Наместо да одам во кино да давам 250 денари за филм кој можам да го симнам од Замунда и да не платам ништо, многу поисплатливо ми е да одам во театар да видам нешто што само тука можам да го видам. Би сакала и да посетам опера, филхармонија, само да најдам некој што исто така е заинтересиран. Штета што многумина не го ценат квалитетот на сите овие културни манифестации кои за мене имаат огромно значење и вредност.
Во кино идам често и често може да ме видите во Синеплекс. А во театар многу сакам да одам, а не сум бил од дамна. Ама не знам каде да следам програма и што е моментално актуелно за гледање и смеење.
Не е во ред да се потценуваат филмовите. И филмовите како и претставите се уметност. Тие претсавуваат експресија на човековата креативност. Ако филмот не е нешто што се прикажува во живо не значи дека не можеш да научиш ништо од него. И многу е поразлично да гледаш филм во кино и дома. Не за џабе толку луѓе одат во кино и даваат пари да гледаат. Обожавам и претстави и филмови. Различни се и добри на посебен начин.
Скоро секоја недела гледам по некој филм во Синеплекс. А доста често одам и на театар. Баш минатата недела бев во МНТ на Мајсторот и Маргарита и навистина останав без зборови. Прекрасно театарско остварување.
Секој четврток посетувањето е бесплатно на театар, опера и балет, филхармонија и музеј. Во кино мислам дека е -50%