Многу сакам да одам на кино, но во мојот град за жал не работи. А убаво би било да работи, друго е чуството кога гледаш филм во кино и дома.
И мене многу ми се допадна Животот е прекрасен Премногу! Во ниту еден момент не ми избега вниманието, иако (со паузата) трае скоро 4 часа. А како што бев преморена, се мислев воопшто да не одам. И ќе зажалев ептен. Ми се чини дека е најдобрата претстава што воопшто сум ја гледала, а сум од оние што често одат во театар. И мислам дека нема нешто што не ми се допадна - од музика, кореографија, сценографија, глума, како и самата приказна. Сите актери беа одлични, мислам дека 100% се дадоа себеси и ги заслужија сите аплаузи и овации. Не за џабе претставава собра толку награди. На сите ви препорачувам да ја гледате
Во МНТ за лица до 27 години, со лична карта, цената на билетот е 150 денари. Ама не важи за претстави кои се релативно нови или актуелни во моментот. Туку ќе оди некој(а) на Мајсторот и Маргарита? Едвај чекам, мајке ми. В срце ми остана - потпишувам со две раце дека таа и Животот е прекрасен се најдобрите претстави излезени од МНТ.
Треба да одам на Мајсторот и Маргарита во вторник. Ме загрижува тоа што трае 240 минути, до сега немам одено на толку долга претстава, да не ја одолговлекуваат многу... Те молам кажи ми колкава е паузата?
Секое одење во Скопје или Битола одвојувам време за да гледам некој филм во кино. Не сум љубител на 3D филмови, си терам old school шема. Каде што живеам не функционираат баш филмските проекции. Последен филм кој го гледав тука беше „Трето полувреме“, значи пред 4 години некаде. Повеќе функционира театарот и тоа во смисла на stand up комедиски шоуа, што и не ми се баш толку омилени, но сепак понекогаш одам да ги слушам за чисто разбивање монотонија. Никогаш не сум била на опера или балет, но премногу би сакала. Особено балет. Го сметам за уметност и знам дека би уживала.
Да, многу трае. Има една пауза, не ми текнува колку беше ама сигурно е некаде 20 мин. можеби и пола саат. Таман е времето за малку да се освежиш. Преинтересна е, верувај дека нема ни да почуствуваш кога ќе летнат четири часа. Не одолговлекуваат намерно, и самата книга има обемна тематика. Убав помин.
Девојкии утре има попуст во cineplexx на сите филмови или на одредени, не сфатив на фејзбук страната не знам и за кои филмови станува збор може некој ако знае да ми каже, благодарамм.
Јас сум љубител на театар, особено на Театар Комедија. Кино, па и така и така, повеќе сум од оние личности што преферираат да седат дома да го гледаат, а за опера имам мислење дека е навистина моќно дело, преубаво компонирано и осмислено. До сега имам одено само на две опери, ,,Тоска,, од Пучини и ,,Кавалерија Рустикана’’. Тоска ми се допадна премногу и Ви ја препорачувам, а другата и не баш. И заклучив дека сепак не сум баш по оперите хахах.
]Ја гледал некој претставата “Име” од Театар Комедија? Дали е интересна и смешна како “Стујардеси” на пример? Фала
Мама Миа ја гледав последна и многу ми се допадна. Ептен е добра, добра глума, добра екипа, супер песни. Баш ме расположи, ја препорачувам. Мислам дека има останато уште некој термин.
Сум ја гледала, убава е навситина, тазе ми е да ја повторувам пак не сум била во театар комедија скоро?
Различни има, јас земав за напред во партер и 1200 беше, неколку реда поназад беше мислам дека 1000, на прва ложа е 800 а 600 е на втора ложа ама од таму не верувам дека нешто се гледа воопшто затоа што е предалеку и високо.
Не се сомневам во квалитетот, ја гледав и Чикаго и навистина ми се допадна, ама претеруваат со цените...
Здраво, предлог добра комедија во театар? Сакаме да одиме со маж ми сестра ми и зетот, па да знаеме за која претстава да земеме карти. Фала ви