Стјуардеси е исто доста смешна, а втората не сум ја гледала, но беше доста хит до скоро, дури тешко се доаѓаше до карти. А и глумците се предобри, така што сигирно нема да зажалиш.
Доколку сте во можност ве молам да одвоите минута-две да ја пополните анкетава за институцијата Македонска опера и балет. Благодарам од срце. https://docs.google.com/forms/d/e/1...v7bu9nlHdmgrfop4ZKx4sqQYZuTw/viewform?c=0&w=1
Препорака од мене: *Стјуардеси-Театар Комедија *Бракот е брак-Театар Комедија *Како да ограбиш банка-Драмски театар *Сон на летната ноќ-Театар Комедија (не е детска воопшто) *Жена ми се вика Борис-Комедија *Животот на Молиер-МНТ
Многу често сум во театар Комедија, МНТ и Синеплекс. Следна престава што ќе ја гледам е Викенд на Мртовци, предпремиерата. Во кино сега за сега нема ништо интересно. Препорака за престави во Театар Комедија: Не сега драга, Вардарски пастуви, Стјуардеси - како најсмешни! Дури ги гледам и по неколку пати. Сите ги имам изгледано освен Мизантроп. Ама кај и да е и таа ќе биде.
Не признавам/гледам филмови што прикажуваат лажна приказна од минатото и филмови за некои си геј пеачи. Тие филмови ги даваат, а Ругање со Христос го забранија...само премиерата ја даваа во Милениум и повеќе не се појави никаде.
Двата филма обработуваат теми што го одбележаа 20-от век, ти се допаѓало или не. Ругање со Христос не е забранет, не беше прифатено барањето на министерството за култура. Ако не се лажам, го даваа/ќе го даваат и во други градови. Од друга страна, Синеплекс си има право да избере да не дава одредени филмови.
Во првиот филм што ми го напиша, ја прикажува ЛАЖНАТА приказна за тоа како Американецот е првиот човек што стапнал на Месечина. Тоа е и најголема лага во човештвото. Ако сакаш верувај ако сакаш не верувај, твое е. А од другите два, едниот е за Фреди Меркјури. Човекот бил геј, што јас тоа не го почитувам/сакам. За Тоше Проески и Александар Македонски никој не направи филм да гледаме, а па за некојси Фреди Меркјури ќе гледам.
Некој што заслужува филм е Тоше Проески. А треба да се направи нов за Александар Македонски и да се прикаже вистинската приказна, настрана од таа со Колин Фарел. Чим можат да прават серии и филмови за Ахил, Лејди Гага, Путин, можат и за нашиве.
Реален сум. Зошто да нема филм за некоја Македонска ѕвезда или за Македонски историски лик? Секој месец се прави биографски филм за секој втор Американец што ќе умре или ќе му текне да си направи филм. Зошто да немаме и ние таков биографски филм? Ни фали нешто?
Со сета почит кон Тоше, има сторено многу со оглед на просторов и можностите, ама ептен глупо и смешно е да го споредуваш со Фреди. За која друга sвезда наша сакаш филм ?! Благица Павловска, Ноне, Елена, Ламбе, Ципирипи бенд ?! Кој ? Во кој свет си моментално, на што си ?
Во неделата ја гледав претставата " чао пријатно" и да ви кажам дека се разочарав, катастрофа...300 ден.карта за глупости да слушаш, срце ме боли. Препорака да не ја гледате..Тино и Атанас ја киксна ептем.