Да, таа им е една од подосадните и полошите. Нешто пробуваат ко Стенд Ап да ја направат таа престава ама ништо од тоа. Иначе нив двајца не ги бива за Стенд Ап. Ги имам многу пати гледано. Но за престави се топ. На мене исто досадна ми е и Име.
Глумата е веќе една те иста, педерастично вулгарно, како во скоро сите представи..веч виџено а содржината никаква.
За глумата од нив двајца нема збор. Одлични се на сите престави. Но содржината/темата на таа престава е заникаде. Гледајте ги Стјуардеси, Вардарски пастуви и Не сега драга и ќе си го смените мислењето за нив, доколку ви е негативно.
Вардарски пастуви е нешто подобра од Стјуардеси. Не сега драга и Вардарски пастуви се на исто ниво. Обавезно да ги гледаш. Јас пак ќе одам да ги гледам следен месец. Веќе и досаден им станав во театар и кино...по 10 пати во годината ги гледам Ќе ме прогласат за Персона нон грата...
Стјуардеси не ми е гледана, другиве се смеење до паѓање у несвест Исто ми ја препорачаа "Жена ми се вика Борис", но читам не глумат овие двајца.
И Жена ми се вика Борис е добра. Млже не е како овие другиве со Тино и Атанас, ама добра е и таа. Во неа се директорот на театарот, син му на Тони Михајловски, Ева Скендеровска, Столе Мицов, она дрвцето Жаклина што ја има во секоја престава и уште еден познат ама го заборавив.
Јас „Вардарски Пастуви„ три пати ја имам гледано. Смешна ми е оти има шеги на сметка на нашиот малограѓански менталитет. „Стујардеси„ ми ја имаат препорачано, ама уште не сум ја гледал. „Животот е прекрасен„ е прекрасна претстава. Еднаш ја гледав и многу ми се допадна
Вчера бев на "Кој е тука идиот" во Дом на АРМ. Заспав на пола претстава. Вечер ја има пак на истото место. Една од најдосадните престави што сум ги гледал во животот.
Бил некој на "Брачна игра" досега? Добра е, вреди да се гледа? За Игор не се сомневам дека е фантастичен, ама пак да си прашам поконкретно.
Кој сака да се падне од смеење, да заборави на проблеми, политичка ситуација во државава ни наша, ОБАВЕЗНО да оди во театар комедија и да ја гледа претставата " Вардарски пастуви" ...јас ја гледав синоќа и не си верував на себе дека ќе се мочам од смеење на машки голи гузици...претставата е како да се наоѓате во некој бар и гледате машки стриптиз можете да викате, можете да свиркате....е неможе само да пипкате
Во кино не сум била одамна ама во театар овие 3 години одам често преку школо. Од МНТ мои препораки: ,,Животот е прекрасен” ,,Свадбата на Фигаро” ,,Животот е прекрасен” и слушнав ,,Еден месец на село” била исто убава. Од Комедија сум била на премногу претстави најголем впечаток ми оставија ,,Стјуардеси” и ,,Жена ми се вика Борис” уште ,,Вардарски пастуви” и ,,Не сега драга” ги немам гледано. Од Драмски моја препорака: ,,Странци” ,,Како да ограбиш банка” и ,,Солунски патрдии”.
Здраво девојки, музејот со илузии го имате посетено, колку е карта, дали има попусти за студенти и слично? И, дали има некој ден бесплатен за студенти како што беше четврток во мнт?
Не ми се допадна новата престава вчера "Жени пред нервен слом" во театар Комедија. Најдобри остануваат Не, сега драга, Вардарски пастуви и Стјуардеси.