Сакам да го изненадам дечко ми со карти за кино но никогаш не сум била во Cineplexx? Прво онлине резервација потоа на билетарница плаќам ? И која е цената на пуканки, сокови, благо?
Прво се регистрираш на страната на Синеплекс, потоа бираш филм, датум и седиште и во долниот дел ти пишува дали е со/без резервација или се плаќа со картичка онлајн. Се разликуваат по боја. Ако купиш онлајн мислам дека треба да ги испринташ картите кои ќе ти ги пратат на меил и половина час пред почетокот да ги замениш. Исто и за резервациите треба да отидеш некое време порано за да ја купиш картата. А за цените на пуканките не се сеќавам, мислам дека големите пуканки беа 200 ден. и се доволни за двајца.
Се сложувам за 1000че. Со скромно мени и тоа. Мораш и да пивнеш нешто. Инаку да, јас онлајн резервирам и пола саат пред проекција се зема картата. А мислам дека за 2д сега по 260 ги имаат направено картите. Абе луксуз е кино, освен во вторник малце попристојно што е
Секоја година по 20 денари неприметно си поскапуваат Синеплекс. Среќа што се само тие со такви услови. Посетете ги во Бугарија кино салите. Подобри од ова гадното Синеплекс 100 пати.
Би требало да важи, не сум сигурна. Кога земам карти само гледаат дека носам индекс и ми даваат карти, не го проверувале ниеднаш.
Дечки, сте биле ли во кино периодов? Милениум работи? Или само Синеплекс е отворен во Скопје? На инста ми искачаат некои нови филмови, па ај ми се приоде во кино. Но дали е безбедно да се седи во кино со оглед на ситуацијава?