Луѓето не одат доволно на театри, опера, зошто се фокусирани на кич музика. Во странство уметникот се цени. И порано такви пејачи, глумци биле сметани за богови. Преку такво ми е од оној став ние сме балкан. Зошто да нема и кај нас развиено чуствие за права уметност вредност? Самите се газиме.
Модератор: доволно се прават офф топици. Мислењето може да се искаже и на покултурен начин. Се од тој тип ќе биде избришано.
За жал има и многумина кои не се љубители на кич, ја сакаат и вреднуваат уметноста и сакаат да посетуваат културни настани но финансиите тоа не им го дозволуваат. Факт е дека неретко, цените на билетите се премногу високи за просечен македонски џеб. Во време на економска криза, секој гледа прво да го обезбеди најосновното а културните настани секако ќе ги стави во втор план за кој често нема да има повеќе средства.
А како го оправдуваш тоа дека за српски тралалајки луѓе даваат по 3.000 ден и нагоре за карти и плус зада се пијанчат. И цените не се така високи, во тетар ти е карта од 300 ден максимум 1000. Сите тие пари не те кошта ништо да си подсобереш и отидеш барем еднаш годишно. А тие исти пари ги даваш на Цеца и останатиот кич. Треба да стане тоа приоритет квалитетот. А не ајде сите тротинет ајде пак и јас без да мислат дали е ок или не.
Не може да се оди ако нема информираност, ако нема квалитет и останати фактори. Како некој од друг град ќе отиде да гледа нешто затоа што во неговиот град нема ништо, а нема никакви информации. Последен пример е со претставите во велешкиот теата. Што не превртев за да дојдам до информација и на крај пак не најдов ништо. Тоа што само во ск и во одредени други градови има настани па не ни сакам да го коментирам. А не е дека нема посетеност, секогаш кога ќе има настан во друг град - картите се распродадени (дури и да нема никаде реклама што е огромен недостаток). Мешаш луѓе. Тие што одат на турбофолк не се истите (со исклучоци) кои одат во театар. Не е „да присобереш“. Ако не си од ск, треба да имаш и автомобил или да имаш каде да преспиеш. Тој автомобил троши, а патарините се уште еднаш колку цената за горивата. Што значи нема да чини 300 туку ќе чини мин 2000 ако тргне еден да отиде. Ако одат двајца ќе биде 2300. Ако сакаат уште двајца од семејството - уште 600.
Нема секој фејсбук. Имаат нефункционална страна и телефони од кои едниот не е во функција, а на останатите никој не се јавува. Дури ни на фејсбук не одговарале. Не правдајте нешто што не треба да се правда затоа што е нефункционално. Покачете си ги стандардите.
Сакам да одам и во кино и во театар и во моб. Месецов бев на две претстави во МНТ, порано одев почесто во театар Комедија. Сакам барем еднаш во месецот да си појдам во театар и во периодов баш тоа ми е во план. Си имам испланирано здравје следен месец која претстава ќе ја гледам баш
Јас само во Мнт и во Драмски идам и баш се рапрашав кои претстави ги бива за да не утнам ама многу ги купуваат однапред картите и не отидов за жал
Ако немаш социјални мрежи каде сакаш да се информираш тогаш? На огласна табла на плоштадот, како во Југославија? Или на Сител да пуштат реклама?
Да. Токму така. Да, пуштаат на дел од телевизиите. Зајадливоста остави си ја за друг пат, затоа што на други места има плакати низ цели градови, а и огласни табли за да знаат потенцијалните посетители во кој објект што има. Можеби е добро малку да се земе пример од југославија кога некои работи навистина функционирале, за разлика од сега.
Во денешно време, МОБ се рекламираат на фејсбук, а имаат и онлајн страница. Сите се на социјални мрежи, па има логика така да се рекламираат. Ова не кај нас, туку цел свет. Еднаш на два месеца може да се приушти за добра опера или балет. Театри не ме интересираат,бидејќи повеќето претстави се наши, а не по светски романи и ми немаат рекламите за нив никаков шмек да ме привлечат. Приватно сум обожавател на класична музика така да навистина уживам во опера, посебно. Во право е членката дека за кичерај се дава премногу пари и тогаш не е многу, но не секој има вкус. Вкусот е неопходен за да ужива некој во квалитетна музика или филм. Сега ја чекам во декември “Кармина Бурана“ од Орф.
Рекламирање на телевизија, пошто сме 2003, ок. Имаш претстава отприлика колку кошта рекламата на телевизија и колку коштаат 5 неспонзорирани објави на социјални мрежи? Ова од ракав го кажуваш или имаш точна статистика за тоа колку од моменталниот репертоар на театрите е од странски, а колку од домашни автори?
Да. И тоа могу добро, за твоја несреќа изгледа. Дури и да ја отстраниме оваа опција, останатите работи што ги набројав некако не ти одговараат или како?
Смири се... зошто да имам ТОЧНА СТАТИСТИКА (нема да кажам колку тоа звучи...смешно, игнорантно, да не треба да сум вработена таму ???) Немам, но имам претстава бидејќи ги следам на фејсбук.
Штом кажуваш за представа нема квалитет тогаш не ни знаеш што е квалитет. Затоашто дефинитивно повеќе ти се допаѓа Цеца, Аца Лукас и некој ломим три чаше.