Дечки, зошто на страната на мнт за купување вилет на сите ми дозволува да купам карта само кај сашко коцев за широк дијафазон ми вели сервисот не е достапен за вило кој негов термин ?
Бил некој во новото кино во Кисела Вода? Би сакала да го гледам Дина-2, па се мислам дали да го гледам во Синеплекс или во Кисела вода, поблиску ми е.
Ќе одам на Охридско лето. Возбудена сум Пробав да резервирам карти преку страната, но не ми стигна повратен маил. Им пратив маил. Се надевам дека ќе биде успешно. Охрид, here we come
Некоја препорака или критика за новите представи во Драмски, МНТ и Комедија. Ме интересира "12" во МНТ- распродадена со месеци, “Падот на Мосада“ (никогаш нема онлине карти?) и новата “Фамилија Адамс“, “За нас почнува живот“и “Кармен“ во Драмски .
"12'' заслужува да се гледа. Сите вклучени актери глумат одлично и те држат во неизвесност. Иако се работи само за една сцена каде сите се поротници и дискутираат дали обвинетиот е виновен или не, сепак ти го држи вниманието. Исто така ја препорачувам "Ничија земја". За неа полесно ќе најдете карти бидејќи од поодамна игра.
Премногу ги поскапеа картите, а условите не ги подобрија. Веќе со години бојкотирам било каков театар, се дури не се свестат. Карта 600 денари во Театар Комедија, а пола од атолчињата расклатени, скршени, а башка што се неудобни за седење и напред до следното седиште има малку простор за да испружиш нозе. Јас не сум со средна висина, но тие што се високи по 1.80см. и нагоре, епрен неудовно им е за седење. За во МНТ да не правам муабет. Таму па бетер потесно е.
Сакав да кажам дека сум ,,со средна висина", а дури сега видов дека сум направил грешка. Нема опција да се редактира. Да не мисли некој дека сум кепец.
Дали претставата Да живее долна дупка во Театар комедија е интересна да се гледа? И колку време трае?
И мене ме интересира дали е таа интересна. И исто жени во собрание дали е интересна, дали вреди да се гледаат сооглед дека картите бааги ги поскапеле
Наскоро мајка ми ќе оди да ја гледа.,, Мојот маж'' на Румена Бужаровска. Слушнав дека била многу добра претстава
По долги години ( од средно) бев на балет - Лебедово езеро. Препорака да одите ,многу беше убава и балетот и музиката навистина прекрасно. Салата беше полна , на скалите седеа деца од балетското училиште. И навистина малку ми беше тесно за седење, мислам дека на левата галерија се позбиени редовите, следен пат ќе гледам да фатам десна галерија. Сега следно ќе одам исто на балет Болеро во Малата Сала на МОБ. Исти ли е влезот , ако знае некој да ми каже или да се јавам да прашам?
Вчера си купив онлине карти за претставата "12" во МНТ за септември, кој сака да ја гледа нека си купи уште од сега. Исто и комедија објавија репертоар за септември и октомври.
Како да купам карти за Rooftop Cinema на Синеплекс, дали знае некој? На апликацијата не ми ја дава таа опција, можам само стандард за во сала да купам карти. Или само на лице место може да се купат овие?