Како што напиша Bright погоре, Охрид има една огроооомна минуска на ова поле. Град на културата, кој реално е тоа само еден месец во годината. Сега конечно имаме театар, мора да се признае дека има напредок. На кино не сум била одамна, бидејќи во охридското кино т.н. "промаја" се настинува и во лето. А сакам да одам, особено кога би давале стари црно-бели филмови. Театар не обожавам многу. Го почитувам и следам претстави кога имам можност, само не сум од оние големи обожаватели. Опера обожавам, и иако немам можност често да слушам во живо, си пуштам на YouTube, или CD со Марија Калас во Кармен. Кога ја слушам Марија Калас, ми доаѓаат солзи, а не знам ни сама зошто... се случува од премногу убавина. Балетот е мојата најголема љубов после литературата. Имам и омилена балерина - Светлана Захарова, и сонувам да го гледам Лебедово Езеро во Бољшој во Москва. Ах... соништа... За жал, заглавена сум во Охрид и Македонија, ама за среќа, тука е YouTube . Само, чувството не може да се спореди, и со првата моја заштеда ќе тргнам за Русија и ќе си ја нахранам душата.
Во кино одам редовно, но само на оние филмови кои ми се некако звучни , за кои ми се јавува интерес. Не сум по акции и научни фантастики, ама другите жанрови не ги пропуштам. Пробувам на премиери да ги фатам, ама кога како успевам. Последен пат на премиера го фатив “Сексот и градот2„, а последен “Inception„ го гледав. Барем за кино наоѓам време! Во театар последн пат бев на “Сомнително лице„. Од тогаш не сум била, а имаше неколку претстави кои бев желна да ги видам, ама за жал не успеав од разно разни причини. Опера и балет, не благодарам. Последен пат речиси заспав на балет. А операта ми е некако , не по мој вкус. Сум постувала , да, ама впечатоците ми се далеку помали од театарот.
Во театар одамна не сум била, но затоа утре ќе одам и ќе ја погледнам претставата „Демонот од Дебар маало“. Во кино најмногу одам, иако и таму не сум била долго време. Последен пат го гледав „Сексот и градот“ а оттогаш не сум видела што филмови се прикажуваат. На опера досега не сум била, иако би сакала да посетам некоја оперска претстава. А балет - не, премногу ми е досаден. Сум била на Ореовокршачка и ептен беше досадно.
Дали некој ја има гледано претставата Спиноза, во Драмски театар... Да ми кажете дали е убава или не.... Сакам да им земам карти на моите за годишнина како подарок нешто
хммммм не сум била, не ми е по мерак????? треба да идеш за да видиш дали ти е по мерак или не.... ПРЕУБАВО Е!!! И јас не сакав да идам, ама коа отидов еднаш на преубава претстава, сега почнав да си идам РЕДОВНО!!!
А "OРЕВОКРШАЧКА" е малце по досадна претства ама има мнооогу прекрасни балети!!! пробај иди на КАРМИНА БУРАНА или на ПРЕГРАТКА... па да видиш дали е досадно, ќе останеш без здив!
Криво ми е што ни е затворено киното во Штип а сакам да одам забавно е и може уабво да се потполни слободното време но ете за жал таква ни е државата... Театарот во последно време се почесто го посетувам последна претстава што ја гледав беше со Раде Рагожаров нај шеговитиот човек што го познавам,најпозитивниот кој умее да пружи смеа,и спонтаност во претставите претставата мислам дека се викаше "Љубовникот со голем стил" ,едноставно ме болеа обравчињата и стомакот од смеење
Многу често идам и во кино, театар. 2 пати сум била на опера а на балет не сум била... Сакам деновиве да идам или на Г-ѓа Министерка или на Буре барут. Која би ми ја препорачале? Ми кажаа дека Буре барут била ептен интересна...
Бев на претставата „Сомнително Лице“ и морам да кажам дека сум презадволна од неа. Цело време се смеев и се држев за стомак, лицето почна да ме боли од толку смеење, а мислам дека си го продолжив животниот век за 10 години. Едноставно мора да се види!
Често во кино си гледам убаво филмче а и некогаш на балет одам да ја видам братучетка ми како убаво танцува...
Ја гледав Умри Машки и се смеев како луда. Преубава претстава дефинитивно, Драган Спасов Дац и Јелена Жугиќ не се нормални како ја глумат... Презадоволна сум. Ја препорачувам на сите кои сакаат квалитетно да се изнасмеат за ефтини пари
Кино скоро никогаш, не сум љубител на филмови. Балет обожувам. Се сеќавам како мала го терав татко ми ѕиври да носи за да играме балет по дома. Бев под импресии од балетските претстави на кои одев. Театар, сакам многу, но ретко одам. Немам соодветно друштво, плус никако не можам да најдам што репертоар има. За опера немав кој да ме придружува, освен мајка ми, но сега конечно најдов личност која би ми правела друштво.
Нашата професорка лани што ни предаваше секој месец не носеше на по неколку претстави и стварно имаше многу многу добри претстави. Сега поретко одиме освен ако има некоја нова или сакаме некоја да гледаме по втор-трет пат На балет бевме пред неколку месеци со мајка ми во Сава центар и морам да признаам дека многу ми се допадна А во кино оследен пат бев да го гледам Монтевидео пред месец ипол-два незнам точно...
Обожавам театар и гледам да одам почесто.. Секое одење во театар ми е максимално уживање, релаксација и бегање од реалноста... Ги посетувам и малите театарски фестивали, на кои гостуваат театри од странство. Имаше еден сега, траеше до вчера во МКЦ, со престави во кои актерите не проговараа ни збор, а сепак беа прекрасни. Исто така, со тазе импресии ја препорачувам најтопло Г-га Министерка во МНТ. Ја гледав ММЕ Кој прв почна пред еден месец.. Добро ја имаат направено. (иако не сум љубител на работата на Војо, режисер што и е). Сега во 007 подготвуваат нова престава!
Многу ми се допадна темава Вака... Во кино не одам толку често, единствено понекогаш на премиери. Кај нас искрено и нема некој голем избор, 2-3 анимирани филмчиња, по некој стар филм со никаква синхронизација, сега гледам почнаа и турски да даваат во Кино Рамстор (со глумците од Долина на волците) и чат-пат по некој добар филм. Се заинтересирав и би сакала да го погледнам новиот наш "Ова не е американски филм" во скоро време. Последен пат кога ја посетив МОБ беше пред 3 месеци... Но затоа пак во театар одам секогаш кога можам. Имаме и доста талентирани глумци и интересни претстави кои ќе те насмеат до солзи. Меѓутоа многу ми пречи немањето на култура, посебно при одење во театар (на опера па и колку толку не се забележува, со занемарувањето на дрес кодот кој би требало да се практикува, но ете..). Значи бев по втор пат на Г-ѓа Министерка во МНТ заедно со моите соученици. Од сите страни се слушаа свиркања, дофрлувања, исмејувања и постојан разговор кој не можеш а да не го слушнеш. Имаше едни 2 девојчиња кои на секој половина час шетаа лево-десно, до толку забележливо што дури и самата Весна Бејби им се обрати! Ајде добро, ние средношколци. Но друг пат (не од училиште) бев на Сомнително лице кога пред мене седеше еден старец. Верувале или не целата претстава ја преспа! Туку ај што тој си дремна, но хрчењето кое беше громогласно ми одеше на нерви. Па човекот не морал да троши пари за карта, можел дома слободно да си остане во кревет. Ете, тоа сакав да кажам. Освен што немаме навика, па и кога ќе отидеме на вакви места не знаеме како да се однесуваме. Секоја чест на исклучоците.
Очигледно i.am.me учи во истото средно како и мене, бидејќи и јас кога бе со соучениците на Госпоѓа Министерка имаше две такви на кои Весна им се обрати. Инаку доста интересна претстава беше Г-ѓа Министерка, само што се здрвив во театарот, претставава трае три и часа и тоа без пауза, а мене баш и не ме држи место. Имаше доста смеење и ракоплескање, само што ракоплескаа и насред реченица и не можеш да чуеш што зборат. Бев и на „Тупаница полна со љубов“ и беше предосадна, дури си отспав петнаесетина минути. Всушност не ја ни сфатив поентата на претставата бидејќи цело време нешто се дереа, пееа и пцуеа.