Јас пред некој ден земав. Ако има катанче значи е распродадена. Ама некогаш може и на денот да најдеш ако имаш среќа
Бев на представата "12" во МНТ. Глумците одлични уживав додека ги гледав во живо . Самата драма т.е. темата пресудата на 12 поротници не ми се допадна баш. Сепак давам препорака да се гледа. Имаше млади на представата и повозрасни луѓе, но кај младите очигледно недостасува култура во облекувањето за посета на представи. Не велам дека теба да се облакаме како на бал или свадба, но не може да се дојде со бермуди ( скратени фармерки ) или како некој девојки ептен опуштено во гломазни маици и пантолони.
Во Драмски театар се одржува некој фестивал Рута, гостуваат театри од Србија, Босна, ЦГ, Хрватска и Словенија и секако наши. Има ли некој инфо освен групни карти за сите претстави, дали (ќе) се продаваат и засебно за секоја изведба?
Дали има начин да се стигне до билети за претставата .. еве сга има пак изведби, пак на сајтот не се отвара да си купиш, т.е. се е продадено
Да провериш на билетара , мислам дека картите се продаваат исклучиво на билетара за посетителите што седаат на сцената.
Јас лани ова време купив карти за мај годинава. Се продаваат брзо бидејќи има само две претстави месечно, ако не сум грешка.
Ова од скоро им е на страната, порано покажуваше дека е распродадена т.е. црвени местата и ги даваше следните датуми.
Излезе репертоарот на Театар Комедија за јануари и февруари. Не сум била одамна, а и реновирани се столчињата и подот . Бил некој скоро , го задржаа истиот распорд на столчиња? Порано беше последните редови беа исцели со 20-тина седишта, а тие понапред беа на две страни со десетина столчиња. Најверојатно ќе ја гледам АМАТЕРИ.
Скратија 30 седишта. Ставен е нов под, а цените исти. Плус, донација беше од Полска, а не нивни пари. Со ценице не знам до кај ќе тераат, ама не е на добро ова.
Бев на Народен Пратеник во МНТ во малата сала. Драмата некаде 1883 година , актуелна е и денес , исто може да се опишат денешните избори. Глумците одлични, освен ќерката таа глумица ми е нова . Не дека многу се смеев, ама убаво си поминав.
Бев вчера на претставата, имам едно прашање дебатираме со пријатели Дали имаше сцена со Сашко Коцев кога се испрска со кока кола? Смешно беше, јас велам е по сценарио пријателиве велат не било тоа по сценарио.