1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кино, театар, опера и балет

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Trendafilka, 12 мај 2010.

  1. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    569
    Утре ќе одам на балет ГОСПОЃА БОВАРИ, по препорака на познаничка.
     
  2. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    569
    Еве моите импресии од балетот. Не сум ја читала книгата Мадам Бовари, отидов сосема неиформирана за содржината и да се пофалам успеав да сватам што е приказната ;). Представата во целина е добра, држи внимание, музиката убава, оркестарот мора да го пофалам , многу убаво и моќно звучеше. Сценографија убава, костимите интересни, но костимите на главната улога беа врв многу убаво изгледаше во нив примабалерината Марија Кичевска. За примабалерината само пофални зборови , толку е нежна и убава, прекрасна е на сцена. Општо целиот ансамбл е усогласен меѓу себе и со тактовите на музиката. Салата беше
    одлично климатизирана, пријатно беше да се седи внатре.
    Голем минус за публиката со мобилните телефони, со јаката светлина од екраните ми го одземаа вниманието.
     
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Машки
    Фала ти за импресиите. Сакав да одам, но не отидов. Барем имам увид за другпат.
     
    На LibreGirl и zence им се допаѓа ова.
  4. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Како да резервирам карти за отворено кино во Синеплекс?
    Преку апликацијата ќе има ли опција?
     
    На LibreGirl и dromka им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.571
    Допаѓања:
    207.280
    Пол:
    Женски
    Нема опција за резервации, директно се плаќа, без разлика за што сакаш карти.
    Барем така беше пред една недела кога купив карти преку апликацијата.
    Може има врска што јас ја користам како гостин, не со име и презиме, ама мислам дека не можеш само да резервираш.
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  6. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Да да, на тоа мислев, на купување карти ама погрешно се изразив.

    На апликацијата сѐ уште нема опција да се купи карти за отворено кино, ама пишува ,,претпродажбата ќе започне наскоро" па би требало да може, исто како и за стандард проекција.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    11.111
    Пол:
    Женски
    IMG_0574.png

    Дали можеби некој знае зошто до саатот стои катанче? Гледам тоа значи дека не може да се купат карти за вечер, ама на инстаграм им пишува дека може. Вртев да прашам ама никој не крева.
     
  8. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Најверојатно се распродадени. За другите филмови може да се купи.
     
    На LibreGirl и bookslover им се допаѓа ова.
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    11.111
    Пол:
    Женски
    Да сега и јас тоа видов. Фала ти:hug:
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.