Хмм и ја кога бев имаше 2 девојки на кои Весна им се обрати зошто претрчаа... Или секоја престава Весна на некого му се обрака, или сите сме биле на истата
Од утре почнува Недела на Франкофонски Филм.. Секој ден од 20 часот, има прикажување на филм во Кинотека.. Повеќе инфо - http://www.ccfskopje.edu.mk/mk
Вчера бев на Вишновата градина и иако налетав на коментари од типот: најлошо потрешени 150 денари, подосадно амин, глупости живи, смрт и слично, мене не ми беше толку лоша. Таквите коментари верувам беа резултат од тоа што тие со кои бев навикнати на комедии, претстави како Дундо Марое или Демонот од Дебармаало. Она што ме изнервира е што кога ќе ти кажат Чехов, не може да си до толку смотан па да не знаеш каков тип на претстава би гледал. -.- Не можам да не искоментирам за лошата глума која ја дадоа актерите. Снежана Коневска-Руси беше одлична навистина! Другите не беа ништо посебно, аматерски делуваше се. Сашко Коцев некако ми се покажа во неверојатно лошо светло, но нормално, на крај доби најмногу аплаудирање.
Утре ќе ја гледам, па со задоволство ќе ги споделам импресиите .. По она што го прочитав, ми делува дека е многу поучна..
Феминки мора да ја погледнете претставата КРВТА НЕ Е ВОДА! Синоќа ја гледав и сеуште сум пред импресии. Дефинитнво е претстава која со задоволство би ја погледнала пак. Одлична актерска екипа (на чело со незаменливата Биљана Беличанец Алексиќ), одлична претстава, со многу хумор, музика, приказна... И ако сте тип што не сака многу театар, по претставава сигурна сум дека ќе сакате да се вратите пак во Драмски
^^Требаше и јас да одам, ама уште во средата беа картите распродадени... Ќе си почекам до 27-ми. Дури за тогаш купив карти p.s. И „Олово на перница“ е исто така добра. Дефинитивно руши стереотипи што сите ние ги имаме за одредена категорија на луѓе
Јас сум изнервирана! Во Штип веќе неколку години нема кино. Просторијата стои ете така празна и жална. И пред некој ден дознав дека ќе се реновира во диско. Дајте бре луѓе, за култура се работе. Тоа жално, како да нема диско. Па ич да нема веќе. А инаку милувам да си одам на театар. Кога излезам, како товар да ми паднал од душичката, многу убаво се чуствувам.
Во Милениум и Рамстор скапувам, а донесат нешто ново правац во кино. Некои филмови и по 2 пати ги гледам. Одам и во театар, на балет и опера ама најчесто од школо не носат
Кино во мојот град нема,а и несум толку многу по филмовите А театарот дефинитивно е мојата голема љубов,уште одмалчка гледав театарски представи.И не пропуштам ниту една драма,што била во мојот град. Иначе омилени ми се:Сомнително Лице,Умри Машки,ММЕ кој прв почна,Буре Барут,Магија Еделвајс(пишувана според текстот Балканот не е Мртов),Народен Пратеник,Хамлет...И на други не се сеќавам.Инаку многу ми се допаѓаат драмските текстови од авторот Дејан Дуковски
Вчера бев во МНТ на предпремиера на „Свадбата на Фигаро“. Интересна беше, на моменти смешна, но искрено не беше онаква како што ја возвишуваа и претставуваа. Најголем аплауз и смеа предизвика - како и секгоаш - Сашко Коцев! Мислам дека цела публика само него го следеше, цело очекување беше на него, секако не ја потценувам извонредната глума на останатите глумци: Славиша Кајевски, Нино Леви, Сашка Димитровска, Драгана Костадиновска, Томе Витанов, Марија Новак, Николина Кујача и Кирил Поп-Христов.
Јас на опера не би можела да доседам, или ке почнам да плачам од нервоза, или ке се смеам неконтролирано. Не дека немам почит, тоа е права уметност но толку ми е напнат некој концепт, што не би можела да дотраам. Кино кај нас немаме, еднаш сум била во кино, порано имаше тука и го гледав Spy Kids, и од возбудата главата ме заболе ич не уживав во филмот. Затоа обожавам театар, уживам и со сиот кеф одам, најмногу сакам кога има комедии, и морам да се пофалам дека не си одам додека не изракоплескам убаво Претстави гледам секогаш кога има, и кога имам време, а посеен кеф имам за театарските игри Војдан Чернодрински кои секоја година се одржуваат тука. Порано, последната претстава со затворањето и наградите беше Глумците пеат, и се сеќавам имам плачено да ме носат, абе изгорена бев една глумица да бидам и само глумев дома претстави.
Во кино ретко одам, од причина што сега секој филм можам да си го симнам и да го гледам дома. Последен пат ми се чини бев да го гледам „Мајки“. Во театар почесто одам, некогаш со колегите се организираме да одиме групно. Последна претстава која ја гледавме беше „Хамлет“ и мене многу ми се допадна. Имаше одлична сценографија и глума. Исто така бевме да ја гледаме и „Госпоѓа министерка“, за разлика од „Хамлет“ таа е поопуштена претстава, баш да те насмее. А со дечко ми ја гледавме и „Кинегонда во Карлаленд“, ама на нејзината содржина сега не ми текнува. Изгледа не ми оставила многу силен впечаток На опера и балет не сум била од средно, кога не организираше професорката по музичко. Одевме многу често, а последна балетска претстава кој го гледавме беше „Лебедово езеро“.
Гз ме боли од седење на истото место во Рамстор Искрено ,најубаво место за гледање филм.На мене Рамстор и ми е 1000000000 поубаво од Милениум.Незнам сошто ваљда со филмовите е
Во кино не паметам кога последен пат сум била.Сигурно тоа било пред минимум 4,5 години кога не носеа од училиште и имавме кино во градот.Сега немаме кино па и да сакам да одам неможам Театар многу сакам иако последен пат бев пред неколку месеци.Срека што на некого од друг град му текнува да дојде барем 1 пат годишно за ние да гледаме вистинска претстава.Инаку театар моментално немаме, стариот го реновираат но сеуште не е готов. Опера и балет не.Не би можела да седам сериозна и да гледам како некој крши чаши
Театар да,обожавам! Мислам дека сите претстави ги имам изгледано во Драмски па и во МНТ може да се каже. Театарско дете сум. Последна претстава што ја гледав беше Хамлет, а планирам деновиве да ја гледам и новата обновена култна претстава Грев или шприцер. Филмови не гледам по кина бидејќи не ми е удобно,повеќе сум за пред домашно тв под кебенце со пуканки и секако ТОЈ до мене. А опера и балет некако слабо, не дека не сум била на таква изведба но некако опера ми е тешко да следам и пратам што се случува.