После пропаднати карти оваа и минатата година за новогодишниот детски концерт на филхармонија, денес успеавме да отидеме (во последен момент пред разболување ) Детскиве концерти им се многу добра идеја - можност децата да ја засакаат филхармонијата уште од мали. Се изведуваат дела кои се употребени во цртани филмови, а цртаните се проектираат на платно, па им се задржува вниманието на децата. А и изведувачите се потолерантни, зошто во сала полна со деца тешко дека глас нема да се пушти. Инаку во театар последен пат бев на Грев или шприцер, ама одамна беше, има 2-3 месеци сигурно. Ааа, да, бев и на една аматерска изведба на Сон на летната ноќ.
Spoiler По повод Валентајн, Св.Трифун, 20 месеци врска итн итн сакам да го изненадам дечко ми со карти за некоја претстава. Прво ми текна на концерт на македонската филхармонија затоа што одамна ми вика дека сака да оди, ама наредниот е баш на роденденот на сестра ми. Втора опција беше македонска опера и балет, ама и таму датумите не ми одговараат. И ми останува уште за театар, и се мислам меѓу 2012 - последните Македонци во драмски и Ромео и Џулиета во МНТ. Па, дали ги погледнавте и која ви се допадна на вас ?
Порано мама ме носеше скоро на сите детски театарски престстави. И до денес ми е вкоренета љубовта кон глумата и актерството. И за жал, рејтингот на преубавите театарски, балетски, оперски претстави драстично се намалува. Интернетот расипа се`. Не се сеќавам на имињата на омилените претстави. На кино ме носеше тато во Рамстор. Со него гледав доста филмови, но единствено се сеќавам на Хрониките од Нарнија. Омилен ми беше.
Сакам театар, многу сакам. Можеби затоа што уште од малечка сакав да бидам актерка. Сакам уште, имам и талент, ама сфатив колку трлив пат е тоа па полека се откажав. Сега некогаш кога од нашите бараки ги гледам бараките на Драмски знам да се нашалам дека сепак се врткам тука во близина, дека една ограда ме дели само И кино сакам. Немам многу слободно време ама кога имам сакам да го искористам да идам на кино или театар. Не знам што толку ви се допаѓа во кино Рамстор, ама на мене ми е како навреда на сите кина во светот. Матни проекции, нечитлив превод, звукот за никаде. Повеќе сакам да идам во Милениум и да уживам како човек.
Синоќа за прв пат бев во театар, ја гледав г-ѓа Министерка Импресиите сеуште се присутни, јас сум воодушевена, ептен сум задоволна... се изнасмеав како никогаш до сега. Навистина немам зборови со кои би го опишала моето задоволство, но знам дека дефинитивно повторно би одела. Секоја им чест на актерите, посебно од Весна сум премногу изненадена, до сега ја гледав само како водител и навистина сум импресионирана од нејзината улога како актер. Задоволна сум од глумците како импровизирањето, глумата, додавањето нов текст , навистина прекрасно беше. Мислам дека се заљубив во театарот
Само што се вратаив од драмски театар, со цимерката ја гледавме „Грев или Шприцер“ и имам само пофалби! Значи траеше 2 и пол часа, а во ниеден момент не ми беше досадна. Предобри реплики и случки, самата тема беше одлична. Глумењето на ниво. На ред е госпоѓа Министерка, слушам многу ја фалат Во кино тука сум два пати отидена во Милениум: „Шок ситуација“ и "A Dangerous Method" го гледав. Опера и балет сеуште немам посетено. Можеби во иднина.
Во кино сум била досега неколку пати, исто така и во театар но кога бев средно дека беше тоа задолжително инаку вака повеќе сакам да идам во кино отколку во театар. На балет и на опера не сум била, но кога би бирала би одела повеќе на опера
Би ти препорачала да ја гледаш и „Грев или шприцер“, исто така одлична претстава, и „Сомнително лице“. Со „Крвта не е вода“ тоа се трите мои омилени. Смеење до солзи. Гледам многу ја фалите „Госпоѓа Министерка“ но мене не ми беше интересна, не знам зашто. Можеби затоа што сум гледала и подобри од неа. Претходноспоменативе
^ Сега имаат нова во МНТ со Сашко, се вика „Ромео и Јулија“ исклучително е со машки актери(сите згоднички) и мислам дека стомачни си набив од смеење. Ја препорачувам, кој ја нема гледано многу ќе пропушти ако не си земе карта
Абе па не е баш нова... ама ОК е. Ете за тие што сакаат да ја гледаат утре е на реперторар Ама многу лоша костимографија имаат, ептен. Сега ја чекам Вирџинија Вулф во сабота
^ Абе добро, машки се тоа нормално е дека нема убаво да им стои фустан затоашто им требаат поголеми и пошироки мерки. Нормално е да штипе во очи. Единствено ми беа некако одвратни оние моменти на нежности..
Значи претставава е феноменална, досега 4 пати ја гледав и планирам уште да ја гледам. Страшно добра екипа, Игор Стојчевски и Сашко Коцев се маестрални, Никола Пројчевски е ЗАКОН, УРНЕБЕС а секоја чест и за Дениз и Мартин, иако се студенти глумат фасцинантно!!! Секако најпофални зборови и за останатите. Покрај „Ромео и Џулиета“ ја препорачувам и „Крвта не е вода“ затоа што е лудница http://www.facebook.com/video/video.php?v=2572639601545 еве едно мало делче од неа Исто така претстави кои мора да се погледнат според мене се „Олово на перница“ и „Хамлет“. Не знам веќе колку пати сум ги гледала и нив. И да, сега на ред е да се гледа Вирџинија Вулф http://www.facebook.com/media/set/?set=a.127254724001015.18401.126759577383863&type=1
Сега идам од КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ВИРЏИНИЈА ВУЛФ и претставава е лелеееееееееееееееееее мајко! Публиката на сцена, 2 часа и 15 минути актерите се на еден метар од гледачите. Ја нема раздалечината од сцена до партер, ниту пак филмски паузи и ритејкови, тука се пред тебе и на лицата им гледаш колку се соживеани со улогите, без паузи ги гледаш луѓено како физички и емотивно се топат пред тебе - феноменално. Морате да ја доживеете представата за да ви стане јасно каква бура од емоции предизвикаа кај мене, сигурна сум ке предизвика и кај вас.
Oперата и балетот ги носам во душа. Од кога знам за себе посетувам и опери и балет, тоа е нешто прекрасно! Театарот гледам бар еднаш месечно да го посетам. А кино во принцип одам со друштво кога ќе излезе некое интересно филмче и така. На почеток луѓето од кај мене во друштво не беа загреани за идеата да одат во театар или да гледаат опера или балет но успеав да ги убедам да појдат еднаш со мене па сега први се наредени за влез. Според мене 100 подобро е да погледнам некоја претстава која културно ќе ме збогати отколку да одам по кафичи и дискотеки каде што 24/7 се исти муабетите и случувањата. Морам да кажам, имаме театарски глумци на кои треба да бидеме горди. Одлични се сите! За едно добро смеење отидете на ,,Крвта не е вода''. Одамна ја имам гледано ама добро ја памтам, урнебес е. А сега на ред ми е: Кој се плаши од Вирџинија Вулф. Срамота, уште не сум ја гледала но верувам дека овој петок што доаѓа ќе успеам да појдам. А утре на ред е Самсон и Далила. Едвај чекам.
УФФФ ,,Крвта не е вода'' е ФЕНОМЕНАЛНА!!! )) Ја имам гледано дури 6 пати и штета што ја нема месецов инаку гарант ќе ја гледав пак Се надевам и дека ќе успеам да ја гледам Вирџинија Вулф месецов. Инаку во Драмски месецов е премиерата на ,,Генетика на кучињата'' по текст на Венко Андоновски и таа исто така ќе МОРА да се погледне! Венко е мајстор за претстави, доказ е ,,Олово на перница'' која просто ме воодушеви. И во МНТ исто така ќе има нова претстава ,,Животот на Молиер''.
„Ромео и Џулиета” - рецензија http://www.facebook.com/notes/игор-...лет-ромео-и-џулиета-рецензија/326412350751917
во Театар одам само кога одиме со школото и тоа го избегнувам но за кино таму сум секоја недела денес бев и го го гледав филмот hunger games a и киното овде во лјублјана е одлично вредно да се посети и плус не ни скапо опера и балет е тоа едвај знам што занчи на балет не носеа во 1 одд кога имавме екскурзија во скопје и од тогаш не сум била и не мислам да одам не е мој стил доволно ми е киното мене
Да, многу сакам да одам на претстави во театар, во кино, а за балет не баш, ама во секој случај ги поддржавам овие работи. Парите наместо да ги дадеме денес за пиво и за цигари, да отидеме на една од овие културни манифестации!!
Порано ми се случуваше да одам и во театар и во кино, сега веќе многу ретко, да не речам ич. И театарот е незаменлив, театарот е врв на секој актер, секое сценарио, секој писател. Уште се сеќавам како се чувствувам кога ја гледав Папокот на светот. Излегов од салата како да сум била на патување до вселената и назад. Толку бев воодушевена...И нема друга што може да ја замени, за мене е најдобрата. Имав желба да појдам и на поновите претстави од Венко, но се некако како да се нема време за жал Во кино одам ако ме натераат пријателите, за филм што вреди да се погледне на голем екран. Последен пат бев на Парада, по желба на братучед ми и убаво си поминав, милениум е каде каде подобро кино од било кое во градов. На опера еднаш појдов од школо, се сеќавам дека професорката по музичко дојде мн дотерана и носеше енормно голема шапка на главата. Ние како деца, на првата пауза киднавме од салата, ама па ништо не се разбираше (не ни дадоа ни малку опис на дешавките, зјаевме ко телиња). На балет никогаш не сум била, а и немам некоја желба (освен сама дома да изигравам балерина кога ќе ме прифатат...)