Повели, појди некогаш. Spoiler Репертоар на Драмски Театар за октомври 2012 Дата Ден Почеток Претстава 03.10.2012 Среда 20.00ч „Ах, љубов моја - турска приказна“ 08.10.2012 Понеделник 20.00ч За секого има по една 10.10.2012 Среда 20.00ч За секого има по една 13.10.2012 Сабота 20.00ч „Ах, љубов моја - турска приказна“ 15.10.2012 Понеделник 20.00ч За секого има по една 16.10.2012 Вторник 20.00ч Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот 17.10.2012 Среда 20.00ч Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот 19.10.2012 Петок 20.00ч Генетика на кучињата 20.10.2012 Сабота 20.00ч Грев или шприцер 22.10.2012 Понеделник 20.00ч Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот 25.10.2012 Четврток 20.00ч Вртелешка 26.10.2012 Петок 20.00ч Вртелешка (премиера) 27.10.2012 Сабота 20.00ч За секого има по една 29.10.2012 Понеделник 20.00ч Хамлет 30.10.2012 Вторник 20.00ч Хамлет 31.10.2012 Среда 20.00ч Вртелешка
Јас вака засрамена ќе си кажам дека досега во кино немам појдено.Немаме кино сала во нашиот град де. А инаку сега излеат ќе ме зарадуваат,се зборува дека наскоро демек кај мене во градов ќе го имало филмот Трето Полувреме,ако немаме кино сала,ќе било во театарската сала. Ама се надевам дека барем нешто слично би било на тоа,едвај чекам !
Ау сега се вратив од претставата Сомнително Лице. Значи само пофални зборови, се скинав од смеење Spoiler Подцртаново е за оние што ја гледале Џамбазов не играше, имаше некоја замена.Ама важно си уживавме. Не очекував нешто посебно оти не знаев кој игра во претставава и кога почнаа да излегуваат Сашко Коцев, Ванчо Николоски и уште некои таму не им ги знам имињата, абре смеееешки неможев да се воздржам! А да, ако може некој да ми каже како се викаше актерот што го глумеше оној заборавениот, што нонстоп викаше Не ме форсирај! Не се дери бре! А јас се дерам Генијален беше значи, на крај доби стендинг овејшн Презадоволна!
Сомнително лице игра во МНТ Центар, баш месецов ја има на репертоар, ќе си проверите на страната на ФБ или на веб, цената на билетите е обично 250 ден, евентуално за премиера ако се по 300 ден. Јас во никој случај не би ја препорачала Декамерон, исто во МНТ Центар, значи по делото на Џовани Бокачо, ама јас не сконтав баш најдобро - дека е мјузикл. Па кога се изнарипаа на сцена (поголем дел од поставата беа од Театар за деца и младинци), ок сепак, талентирани глумци, многу инвентивна костимографија, ама песнулките, викањето, пеењето, вриштењето да не кажам, и сите тие шарени ШАРЕНИ костими, ме доведоа до психоделично лудило. Траеше само час и половина, се чувствував како да сум заробена во театарот едно 10 денови. Ептен се напнав, а претставата по правило треба да ме опушти и насмее - ако е замислена како комедија, или да ме замисли - во смисла да ги активирам заспаните мозочни ќелии и лагано да си размислувам денови после тоа, како за Животот на Молиер, на пример. Сјајна претстава, Никола Ристановски никогаш не бил и подобар на сцена според мене. Исто, инвентивна костимографија и идеални решенија за визуелизација и изведба, со оглед на неидеалниот простор и услови со кои располага театарската сцена кај нас. Понатаму, доколку дојде на репертоар, би ви ја препорачала Хамлет, со Дејан Лилиќ во главната улога, обично игра во Драмски, во Карпош. Убавина од претстава, да не кажам - ПРЕТСТАВИШТЕ. Госпоѓа Министерка со Весна-бејби во главната улога е изненадувачки долга, но и добра, одлично се снаоѓа во улогата, јас се зачудив да бидам искрена, што ми дава поттик во иднина да ѝ дадам шанса на Кој се плаши од Вирџинија Вулф. И секако, до крајот на годинава ќе ја погледнам и Сомнително лице, ја имам гледано во стара постава, но не и со Џамбазов во гл. улога. Би го препорачала балетот Дон Кихот, со Мими Поп Алексова како солист, беше запрепастувачки магична, очи не можев да оттргнам, и сите костими и оркестарот, уф. Исто и Рајмонда, Шехерезада, Самсон и Далила, Лебедово езеро, а утре одам да ја погледнам Жизел, па ќе споделам импресии. Повеќе сум љубител на балет, отколку на опера, ама ќе ѝ дадам шанса на Кармен, чисто заради музиката на Бизе, ме воодушевува. Во кино се` уште може да го погледнете Трето полувреме, и да одите задолжително.
Сомнително лице, пред многууу време ја гледав, со Сашко Коцев беше. Предобри беа на сцената, дури имаше мномент кога цела публика и актерите, ме чекаа да се изнасмејам, па одзасркнам, и да продолжиме Македонски рулет е исто една добра претстава, играше пред многу време, ама ми остави добар впечаток. Совршена жена, беше чисто промашување, според мене, беше од само две жени, кои си раскажуваа стари, мрсно-еротски вицови. Цела публика со стари луѓе, дур срам да те фати, да сакаш седиштето да те преклопи и голтне. Сега се нема баш време, ама се надевам ќе одам на некоја.. Жал ми е што на Госпоѓа Министерка не бев . Денес, утре, никако да ја гледам. „Македонска крвава свадба“ беше одлична, само не гледам потреба во секоја претстава, кај треба и кај не треба, да се форсира секс сцена. Бевме со професорки во кино, и кога му се качи Цвета на либето и' , незнаев кај да погледнам. Летово работев во организацијата на претставите, ( волонтерски ) и ми даваа карти за сите претстави од Драмски, на која сакам да одам. И по грешка, сум земала некоја германска претстава во Универзална. Кога почнаа германците да урлаат на сцена на германски, да се дрогираат, глупираат, Боже мој . На крај станав и напуштив. Немаше никаква тематика претставата, само знам дека едниот му ја украл девојката на другиот, па овој ја убил, па во војна се случува ова... Срање. Од кино, ајде да коментирам, на македонски филм баш и не сум била на некои премиери. Бев на „Трето полувреме“, ама не беше тоа што очекував. Од истиот режисер, најдобар филм ми е „Балканкан“ ( омилениот македноски) и жал ми е што не го гледав во кино, да осетам еуфорија. На опера и балет многу сакам да одам, ама некако картите се скапички . Летово бев на филхармонии,а ма ги нема во насловов, наредна прилика ќе ги коментирам
Баш сакав да прашам како стоите со импресии за Генетика на кучињата, ама уште денес купувам карти! Веројатно би било против правилата на форумов да постирам линк од сајт кој нуди попуст на карти, па еве ако некој сака да се информира, нека ме контактира преку лп.
Секоја чест за Олово на перница, ама Генетикава не ми се допадна до таа мера што на паузата си отидов. Тешка претстава, конфузна, заморна. Не сакам такви. Сакам претстава што ќе ме релаксира и насмее. Такви се Олово на перница, Крвта не е вода, Грев или Шприцер, Како да ја убиеш сопругата и зошто, Животот на Молиер, Сомнително лице, Ромео и Јулија, Свадбата на Фигаро... НЕ за Генетеика на кучињата, Госпоѓица Јулија и Животот е сон. На други сега не ми текнуваат
Пред некој ден бев во театар со друштво и многу убаво си поминавме.Бевме во драмски на ''Грев или Шприцер ''.Се изнасмеавме едно 2 саати и тоа не држи уште
Да можам,секој ден би одела во театар.Од мала го сакам,бидејќи тогаш мајка ми многу често ме носела на детски театарски претстави.Многу ми се допаѓа глумата во живо,интересно е,цело време си покрај актерите.Киното не може да го замени театарот. Инаку,најдобра претстава до сега ми е Госпоѓа министерка,после 3 часа во театар,не сакав да си одам дома.Толку хумористично,браво за глумците. Не можев да се соземам од смеење.Тој што не бил обавезно да оди. Еве вечер ќе одам на Декамерон,па да видам каков впечаток ќе ми остави.
280 ден. е карта во Драмски, а со индекс е 140 ден. Ако немаш ти, може да ти купи карта некој што има индекс.
3a млади до 27 години со лична карта е 140,а со индекс ти даваат две карти за 140 [/quote Леле да си ми жива и здрава. Тотално имав заборавено за ова новово правило
Грешка си, со индекс една карта е 140 ден. не две, ме зачуди да е така па проверив на страната на Драмски на фб. Кога сме веќе на темата, од денес почнува Cinedays, се надевам ќе можам да погледнам повеќе филмови, има стварно добра понуда. Програмата тука.