Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кино, театар, опера и балет

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Trendafilka, 12 мај 2010.

  1. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас бев минатата недела по билет и тој на билетара ми кажа дека со лична карта е 140,а со индекс две за 140,инаку мене ми требаше една и си земав со лична карта па сега незнам дали е навистина така за со индекс :)
     
  2. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Бидејќи гледам дека сте задоволни и од Сомнително лице и од Грев или Шприцер, кажете ми која од овие две е подобра?Гарант вредат и двете, но ваш фаворит....
     
  3. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Јас имам во темава пишано дека Грев или шприцер ја препорачувам на сите што не ја гледале. Сомнително лице одамна ја гледав и не се сеќавам баш, али знам дека и таа претстава беше интересна.

    Минатата недела ја гледав Генетика на кучињата и луѓе подитно да ја гледате. Јака,тешка драма, дури приметив и солзи во публиката. Билјана Беличанец како и секогаш воодушеви.
    10/10

    Инаку,штотуку прочитав на интернет дека починал актерот Владимир Ангеловски-Дади .
    Нека му е лесна земјата. ;(

    Загубата е голема кога човек што оставил длабоки корени во творечката историја на државата не е повеќе со нас.- Драмски театар
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Прво Грев или шприцер, па Сомнително лице.

    Инаку мене Генетика на кучињата до толку не ми се допадна што си отидов на паузата. :tmi:
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Дечки да ве прашам попустов за студенти, важи и за драмски и за МНТ?
    Сакаме да одиме на грев или шрицер на 30ти има престава па да знам да си купам карти порано.
     
  6. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Bо драмски со лична карта за до 27 год. е 140,со индекс карта е 140,а мислам дека за со индекс и две даваат за 140 ама не сум сигурна :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Да, со индекс можат да се земат највеќе 2 карти по цена од 140 ден (јас денес земав 5 карти со 3 индекси, а бев сама, така да ако друштвото не може да ви дојде нека ви го даде само индексот кога земате карти, не е неопходно и лицето чиј е индексот да биде присутно)
    Иначе земав карти за „Ах, љубов моја“, па некој ако ја гледал нека пише некој коментар, велат дека била интересна, а и сега после колоквиумска ми треба само нешто лесно за гледање :$
     
  8. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Бев вчера да ја гледам „Ах, љубов моја“ во Драмски и искрено топло ја препорачувам на сите обожавателки на театарот. Лесна за гледање, комична, баш онака 8). Како за денови после колоквиумска многу добро ми дојде :wasntme:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Па како досега не сум ја провалила темава :D
    Да се живи и здрави Групер, се изнагледавме претстави и културно се просветливме, до скоро само Драмски, веќе и МНТ се на Групер. Синоќа ја гледавме За секого има по една на Венко Андоновски, се убив од смеење, претставата од 2 саати траеше мислам 2ипол саати само од смеење, карикирам, ама многу имаше смеење. Претстава каква што одамна немало појавено на сценава глумачка. А ќе згрешев, оваа претстава ја поставува Театар Комедија на Жугич, можеби затоа нема да ви бидат познати сите глумци, ама сите до еден се одлични.
    Во сезонава која тукушто започна ги гледавме и Вртелешка, Хамлет, Како да ја убиеш сопругата и зошто и За секого има по една, мислам толку беа, па добро за месец дена не се малку. Реално за млад човек е многу 280 денари, па ова преку Групер е супер прилика да погледнеш добра претстава за пола пари.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Angel оти не ми мафна, и јас бев таму. :hai:
    :D
    Пукнав од смеење, како и целата сала, толку сум се опуштила и релаксирала, за тие пари (ние ги земавме двете карти со индекс) нема таква забава никаде. :)
    Под итно препорачувам да ја видите, актерската екипа не е нешто многу позната, ама е енергична и квалитетна, а со оглед на бедните, мизерни услови што владеат кај нас на театарската сцена, одлично се снаоѓаат во поглед на изведба, сценографија и костимографија, инвентивни се, а тоа се цени многу.
    Можам да замислам што би направиле ако имаме посолиден и поголем буџет. :)
    Плус во Драмски е потопло отколку во театар МНТ Центар, чисто информативно, таму мене ми е вечно ладно.
    Значи, нека следна дестинација ви биде - За секого има по една, по текст на Венко Андоновски.
    Патем, каков добар филм би излегол од претставава со мали доработки на сценариото.

    Вечер одам на Синедејс, препукнав да го видам Кад сване дан, мислам дека ќе биде солиден филм, и многу сакам да го изгледам и Ѕверилник, ама терминот му е во 19 h, а како јас ќе успеам да го изведам тоа, кога сум до 8 навечер на работа, не знам... :?:

    Инаку, минатата недела мислам, имаше интернационални претстави од неколку држави во МНТ Центар, меѓу кои ја погледнав романската монодрама на малата сцена - Амелија диши длабоко.
    Толку бев воодушевена, ме трогна, ме остави во солзи, што не можев да заспијам после, размислувајќи долго. Глумицата беше совршена. Не сум видела подобра изведба со години.
    Се надевам ќе гостува пак, би отишла уште 10 пати да ја гледам.

    Епа дечки, картите со индекс или преку Групер ви се жива евтинија, Синедејс ви е при крајот, а чини само 100 ден. билет, мрднете газиња, жртвувајте едно сјајче од Авон или една пијачка и направете за промена нешто умно со тие пари. ;)
     
    На antonina, AngelOfArh и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Леле Трендафилке туку што сакав да ти пишам во СДК дека не ти требаат клубовиве и нивните пива од 180 денари коа си имаш театар, кино... за опера не можам да зборам, не идам често, ама сакам да гледам балет на пример. Да ти шепнам, во дискотека сум била се на се 5 пати во моиве 25, ич не ми е интересно, ама театарче бе Тренди, абе милина, се стуткаш до некој непознат и се прскаш од смеење или го жалиш главниот лик кришкум бришејки солзе од крајот на окцето. Ах како не сум те видела, ќе ти мафнев мајке ми, ние искрено ги добивме најлошите карти на свет, во последен ред, среќа што претставата беше толку добра што и од таму се доловуваше секој еден детал.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    И ние сакавме да ја гледаме За секого има по една во саботата ама околу 18:00 часот се јавив и немаше карти.
    Наредната претстава е дури на 04.12. и ќе се обезбедам со карти ден претходно.
    Ако мешко дозволи. :)
    Ја планирам и Грев или шприцер во петок.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Види, во кола спакувај си ја ти торбицата оти од толку смеење може директно на ГАК да те остаи мажот ти, ништо чудно :rofl:
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас баш денес си земав карти за во петок. Со индекс можеш две карти да земеш за 140.
    А во МНТ колку што се сеќавам кога одевме со колегите земавме групен попуст - ни бараа минимум 20 резервирани карти за да добиеме попуст на картите. Тоа беше лани, можеби до сега смениле нешто :?:
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некој прашуваше дали МОБ дава попуст за студенти...
    На сајтот нема никаква информација за тоа, барем јас не најдов, па затоа им пишав мејл. Ми вратија дека нудат 50% попуст на млади до 26 години и на пензионери.
    Конкретно ме интересираше за Травијата, и еве ако некој го интересира, картите ги пуштаат после 6ти декември и со попуст би чинеле 150 ден.
     
    На tigerlady, EmGreen и Hipster им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ќе испаднам досадна во темава, ама морам да си кажам нешто.
    Ако планирате да одите во МНТ, однапред смислете си каде ќе паркирате.
    Во саботата ја гледав Бесови, и најнормално си паркиравме на паркингот пред МНТ. Вчера одам на Театар и вино да ја гледам Свадбата на Фигаро и оп! - спуштена рампа, паркингот затворен. Дозволен само за возила на МНТ.
    Пола саат вртевме кругчиња лево-десно за на крајот да се збутаме во една темна уличка |(
    А тек си викам да се случеше ова кога ја гледавме Бесови, ќе си платевме повеќе за паркинг отколку за влезница, бидејќи претставата трае повеќе од четири саати.
    Театар без паркинг. Баш фино.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Зошто никој не пишува во темава? :?:

    Ај јас да си пишам импресии од претставите што ги гледав овој месец...

    Грев или шприцер е од оние претстави кои ќе ве насмеат. Лесна и разбирлива содржина, приказна која започнува во периодот по страшниот скопски земјотрес во 1963 година. На форумов прочитав доста критики за Билјана Беличанец како актерка, ама мене баш ми се допадна како го долови ликот на Цвета. И цело време пред да почне претставата се надевав дека Беба ќе ја игра Јана Стојановска, затоа што Ана ми е страшно неподнослива! И на моја среќа, таа вечер играше Јана.

    Свадбата на фигаро ја имав гледано лани, ама бидејќи добив гратиси, решив пак да ја гледам. Освен тоа, таа вечер започнуваше Театар и вино :drunk: И оваа претстава спаѓа во истиот кош со Грев или шприцер. Претставата е духовита и лесна за следење. Некако сценографијата им беше штура, ама имаа убави костими. Интересна комедија е, која мене ми беше уште посмешна затоа што отприлика го знаев сценариото, па можев да им ги увидам грешките на актерите. На еден дел Сашко скроз се изгуби, па 15 минути импровизираше, се препотуваше, дури и останатите актери што беа на сцена почнаа да се смеат. Добро си викам, имаат ли суфлери во театаров? На крајот добро се извади, па испадна дека тоа е дел од самото сценарио.

    Бесови е целосна спротивност на претходните две претстави. Трае нешто повеќе од четири часа и е направена според роман на Достоевски, па според тоа веројатно знаете што да очекувате. Вклучена е голема екипа од 14 актери, а особено бев изненадена од богата сценографија и прекрасните костими. Дејствието се случува во Русија кон крајот на 19тиот век во време кога револиционерните демократи земаат замав во Русија и се појавуваат различни идеологи на политичкиот и општествен руски живот. Драмата има политичка тематика и е од оние претстави кои повлекуваат филозофски прашања. Малку е тешка, на моменти неразбирлива, но на крајот сè се разјаснува. Ѓорѓи Јолевски беше одличен во улогата на Николај Ставрогин и е еден од ретките актери кои гледа директно во публиката, а не во некоја неодредена точка.

    Животот е сон
    е накратката претстава која некогаш сум ја гледала. Трае нешто малку повеќе од еден час. Претставата започнува со репликата El mundo es un panuello (Светот е колку едно шамивче) и главното прашање е Дали животот е сон или сонот е живот. Оваа претстава е уште потешка од Бесови и поголемиот дел од публиката веројатно не ја ни разбра, па на некои делови слушав смеење во публиката :^) Шишков беше камен пијан на сцена, јазикот му беше врзан, па тешко можевме да разбереме што зборува. Ми беше криво кога видов колку се упропастил. Кога пред некоја година бев на Госпоѓа Министерка, влезе во публиката на кратко и стоеше од страна. А бидејќи јас седев на крајните седишта, можев да осетам колку мириса на алкохол. Беше изгубен на сцена, ама за среќа немаше многу реплики, иако дејствието на претставата се врти околу неговиот лик.

    Парите се отепувачка
    трае околу час ипол и мене лично многу ми се допадна. Се игра на малата сцена во МНТ (а стварно не знам зошто...) и мислев дека ќе биде само драматизација на веќе познатата приказна, ама всушност беше само инспирирана од драмата на Ристо Крле. Дејствието се случува во денешно време, а темата се базира на истражувањето на врските меѓу свесното и несвесното. И не би сакала да откријам ништо повеќе од содржината, затоа што за оние кои не ја гледале а имаат желба да ја гледаат, нема да им биде интересна :)
     
    На Hipster и antonelala им се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Колку пари е карта за 3D филм во Cineplexx киното во Skopje City Mall? Дали варираат цените во зависност од времето кога ќе се гледа или? :)
     
  19. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Феминки во петок сум решена да одам на театар после речиси две години, Хамлет беше последната драма која ја гледав. Сега се двоумам помеѓу За секого има по една и Свадбата на Фигаро.Ви ги читав критиките и знам дека станува за две извонредни комедии, па така уште потешко ми е да се одлучам.Но ме интересира одамна не сум била,а и кога идев јас секогаш имав веќе набавено претходно карта, па дали можам да си резервирам бидејќи не сум во можност да отидам и порано да си купам карти??
     
  20. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Цените им варираат во зависност од тоа код ден ќе отидеш, кој филм ќе го гледаш и од колку саат :@
    Малце без врска ми е мене тоа и не можеш да знаеш ... иначе за студенти имаш 10денари попуст :rock: :wasntme: :emo:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.