А отприлика колку е? Онака груба претпоставка ако одам во недела навечер? Едни ми викаат 180 карта, други 260 а трети најмногу 300 дека е.... И ми кажуваа нешто имало разни комбинации пуканки со сок ова она...?
Не би знаела да ти кажам, јас бев на Skyfall беше вторник од 7 саат негде мислам и картата беше околу 180ден. Така да за викенд мислам дека може и поскапи да им бидат, а искрено не купувавме ние сок ни пуканки и не приметив цени за тоа. Sorry вака, не бев од некоја голема помош
Обожавам кино, а уште повеќе обожавам театар. Не сум имала можност да одам на балет и опера се’ уште, но се надевам дека ќе имам во блиска иднина. Мојот град страда од огромен дефицит, бидејќи киното одамна не работи редовно, проработува единствено кога има некои детски претстави или прикажување на исклучиво нови македонски филмови. Театар никогаш немало, особено градски. Ретко кога доаѓале актерски групи и одржувале квалитетни претстави. Сум била на театар во Битола, на „Отело“ и баш сум задоволна од изведбата која ја видов. Би сакала да можам редовно да одам на театар, но сега-засега немам услови.
Многу сакам да глумам,а и ме бидува за тоа.Дали има некој од Штип што посетува или иде на глума,,4асови,,курс шо знам шо глуми аматерски,како да се по4не и сл пишете ако се препознате
За театаров што е позади Јосип Броз(карши европски) нема репертоар на интернет? Има за мнт има за драмски, а за тој нема. Едно време го викаа театар центар или скопје, али на нет никако да најдам репертоар А тој ми е најубав, а и поблиску ми е од драмски. П.с некој ја има гледано изгубени германци да ми каже дали му се допаднала?
Aу да,јас цело време време сигурна дека го префрлија Мнт кај МОБ, а нема врска. Изивни ми издишал мозокот. И адресата одоговара, Климент Охридски ББ 1000 СКОПЈЕ е таа улица кај европски. Незнам зашто сигурна бев поинаку дека е
Зависи од тоа која претстава е и кој ќе ги толкува улогите, обично се околу 300 денари. Малку се поскапи ако се работи за некои попознати странски изведувачи.
Прашање до некој кој бил да ја гледа „2012 - Последните Македонци“: Колку време трае претставата? Јас бев вчера и заврши за 1 саат (може и помалку да беше затоа што каснеа 10тина минути). Кога излеговме од Драмски, надвор имаше брза помош, полиција, противпожарни - тинексот спроти театарот беше во чад. Прашувам да знам ако ја прекинале заради пожарот (или што и да му стана на тинексот) да идам пак убаво да си ја догледам.
Леле, изгорена сум да одам во кино, ама ценава 200 денара карта! А ако одам, сакам да си јадам и Начос, па без ништо не се седнува. Вака или така 350 денари ќе излезе Па скапо е мајке ми, навистина каде со цениве, цела дневница е тоа, не е шала. А баш ми се оди
Е не се, мајке ми. Бев неодамна во Синеплекс да го гледам Мамурлук тројката, 230 денари карта. Што е многу, многу е.
Хипица да си знаеш за друг пат, секој вторник фимовите се по 150 денари сите. Инаку 230 не да е многу, премногу е, 150 е барем некоја поокеј и поприфатлива цена. Башка со ова што може да е резеврира места неколку дена однапред и да си ги платиш пола саат пред да почне филмот им е екстра. Киното е ептен профи, и клима има и седиштата им се удобни, мене повеќе ми се допаѓа од Милениум Синеплекс.