Конечно ја гледав „Изгубени германци“ и тоа во Охрид (беше во склоп на Охридско Лето). Ме изнасмеа од срце, актерите беа прекрасни и луди, пораката исто така ми се допадна. Ја препорачувам (времетраење: 2 и пол часа)
Кино, штета што во мојот град нема.. Имаше само мал период и готово и после ќе кажуваат младите не посетуваат кино , театар епа не посетуваме кога немат
Кино..одам кога има некој така како шо би кажала јак филм,убав,комедија,акционен... Театар одам-но мноооогу ретко :geek: А на некој да му текни да ме однеси некој на опера одма заспивам(истото важи и за на балет) На опери,балети-нононо...
Го има ли моментално ''The bling ring'' во Милениум ? Го барав на сајтот на Синеплекс, меѓутоа го немаше, а баш гледав пред некоја недела, го имаше напишано во репертоар , а сега веќе го нема.
Ги мразам претставите на кои не носат од училиште. Толку се досадни, глупави, плитки, наивни. Добро бе, за што не сметаат овие нас? Бебиња? Инаку мнкогу сакам театар. Денес ќе одиме на опера. Ќе има овде во Струмица во 20:00 часот. Бесплатно е.
^^ И нас не носеле на твои години во театар на такви претстави. На нас ни било интересно ама денес модерно некое доба, на децава ништо интересно не им е Последно во кино бев, најмногу сакам да одам во кино, и ми се иде, каде и да е ако има нешто интересно ќе отидам да си гледам. Убава работа во главно.
Вчера бев во старо-новиот театар и бев воодушевена од неговиот внатрешен изглед....убаво си поминав.....и се надевам наскоро ќе почнат и претставите.
Го гледав „Соба со пијано“. Филмот ми се допадна, има приказна и порака. Само ниту една од женските улоги не ми се издвои како носечка, некако ми беа второстепени иако продефилираа повеќе женски ликови. Ама затоа В. Зафирчев беше одличен, пријатно ме изненади бидејќи досега не сум имала прилика да го видам неговиот актерски талент. И Светозар Цветковиќ извонредно си ја одигра улогата.
Девојки, знае ли некоја од вас колку е карта во Драмски за Ах, љубов моја и за Женидба? И која претстава е подобра ? Морав да редактирам. Што се случува со распоредот, на две страни најдов различен распоред ? Кој е точен ? 15.10.2013 Вторник 20.00ч Ах, љубов моја - Театар Комедија 16.10.2013 Среда 20.00ч Грев или шприцер 17.10.2013 Четврток 20.00ч Евридика 18.10.2013 Петок 20.00ч Женидба - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 19.10.2013 Сабота 20.00ч Кавкаски круг со креда 21.10.2013 Понеделник 20.00ч Лет над кандидатско гнездо - Театар Комедија 24.10.2013 Четврток 20.00ч Огнени Јазици 25.10.2013 Петок 20.00ч Огнени Јазици (премиера) 26.10.2013 Сабота 20.00ч Хамлет во пикантен сос - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 28.10.2013 Понеделник 20.00ч Солунски патрдии 29.10.2013 Вторник 20.00ч Кавкаски круг со креда 30.10.2013 Среда 20.00ч Огнени Јазици 31.10.2013 Четврток 20.00ч За секого има по една - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 03 окт (20.00) „Ах, љубов моја - турска приказна“ - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 08 окт (20.00) За секого има по една - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 10 окт (20.00) За секого има по една - ТЕАТАР КОМЕДИЈА (премиера) 13 окт (20.00) „Ах, љубов моја - турска приказна“ - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 15 окт (20.00) За секого има по една - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 16 окт (20.00) Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот 17 окт (20.00) Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот (премиера) 19 окт (20.00) Генетика на кучињата 20 окт (20.00) Грев или шприцер 22 окт (20.00) Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот 25 окт (20.00) Вртелешка 26 окт (20.00) Вртелешка (премиера) 27 окт (20.00) За секого има по една - ТЕАТАР КОМЕДИЈА 29 окт (20.00) Хамлет 30 окт (20.00) Хамлет 31 окт (20.00) Вртелешка
http://www.dramskiteatar.com.mk Најубаво тука провери си. Иначе карта по обичај е 240 или 280ден., а за студенти, пензионери и мислам за лица до 27год. е на 50% намаление, околу 140ден.
Пак тек тук знаат да се одржат овие вагинални монолози.. Па се мислам дали да одам. Била некоја од вас? Шта се прича?! Кој ќе го изведува делото? Некогаш сум скептик за оваа нашава граница меѓу еротско и простачко...
Ја има ли некој гледано "вечна куќа" вечерва е на репертоар да ми каже како му се допаднала, инаку трае цели 4
Irena, јас ја гледав. Мене ми беше мошне интересна. И приказната е добра, а и изведбата е феноменална. Ептен е прилагодена кон можностите на театарот и срцената е постојано динамична. Така да, јас ти ја препорачувам, ама не обеќавам дека ќе ти се свиѓа зашо јас од многу слушнав и лоши коментари. Еве ти викам, лично мене ми се допадна и не ги ни осетив тие 4 саати (патем, имаш мала паузичка измеѓу за да здивнеш )
јас вчера ја гледав Г-ѓа Министерка по втор пат во новиов МНТ и уште не можам да престанам да се смеам колку е најјакааа значи ахахах инаку театарот е преубав, изгледа ко палата некоја, црвено златно е се и се осеќаш ко у некој светски театар да си големо браво за новиот театар преубав е
И мене ме фасцинира театарот ...Него да те прашам, има некакви измени сценски во претставата или иста е како што беше играна во стариот мнт?! (пошо ипак нели таму малку помизерничка атмосфера имаше па дали сеа нешто улепшале со костимографија и сцени или исто ти се виде? )
На кино последен пат бев лани во II година од училиште и се емитуваше филмот „Соба со Пијано“, а на театар последно бев пред еден месец и имаше смотри од едно средно училиште и прекрасно беше!
И мене ми се допадна. На почетокот малку пасивна ми беше, но вториот дел ептен интересен. Можеби музичките моменти во претставата беа предолги, па затоа и трае четири саати. И имам замерка на префорсираното користење на подвижните елементи на сцената, како да сакаа да ги покажат сите технички можности кои ги нуди новата сцена Друга замерка немам. Изведбата на актерите и приказната беа ептен добри.
irena.1, зошто замарка за сценскиот настап бе? Баш беше јако секоја сцена некаква дешавка имаше Шала на страна, да, ја претераа со движењата ама па ако, мене не ми пречеше Баш дека така беше раздвижена ме интересира дали и другите претстави се правени во тој фазон, па ако некоја посетила некоја друга, нека сподели
Еден абер до љубителите на театарот : влезниците во мнт, секој вторник, се на половина цена. Од утре (1ви февруари) започнува акција во која секој вторник влезниците за театарските претстави во Македонскиот народен театар ќе бидат на половина цени. Oваа поволна понуда за сите љубители на театарот ќе трае до крајот на театарската сезона.