Го спомнавме Северен Кипар на друга тема, гледам си имало посебна за него. При неодамнешно патување на Кипар, го посетивме на ден ипол и северниот, турски дел. Веројатно има многу нешта да се видат, велат најубавите плажи се во овој дел, ние не посетивме ниедна. Киренија: Некогашната катедрала Свети Никола во Фамагуста , денес џамија: Манастир свети Андреј Првоповикан, на крајниот североисток на островот. Според преданието, на ова место Свети Андреј допловил на Кипар, и по неговите молитви тука протекла питка вода од карпите. Чешмата си има вода до денес: Манастир Свети Варнава, во областа Саламис. Тука се наоѓа и неговата гробница. Апостолот е и роден на Кипар, и се смета за заштитник на островот. Има и галерија со икони. Древниот град Саламис, кој во античко време бил престолнина на Кипар: И секако, убавото синило на морето:
Јас бев на одмор во Аја Напа... Има најубаво море и плажа( Ниси бич), но навечер е за до кај 25 години.Ние одевме во Протонанас и Паралимни навечер и е доста културно.. Во Кипар сум била 3 пати, вреди да се види Аја Напа, Лимасол( има најубави градби), Никозија( иако нема море, турскиот дел е преубав-се поминува со пасош) и Ларнака( не е нешто посебно- морето)..
Чаршијата во Никозија е како нашата Јас сум била во двата дела на Кипар, Фармагуста највеќе ми оатави впечаток
Има ли директни(чартер) летови од Скопје за Кипар? Каде е најдобро да се биди сместен(база)? Каде се најубавите плажи? Постои ли јавен превоз низ островот и до плажите или е неопходно изнајмување кола?
Може ли препорака за некој што бил ичи познава некој што бил на Кипар? Или предлог агенции? Гледам освен Savana i Arts od travel не нудат други, ама и нивните понуди ми се збунувачки.
Некој скоро што бил на Кипар да сподели искуства. Како е за со мало дете, безбедност, храна, цени и плажи?
Не е лошо да се смени насловот на темата од Северен Кипар, само во Кипар.. бидејќи тука освен на почетокот, веќе никој не пишува за северен Кипар па да не се збунат луѓето, многу и не ја знаат историјата на кипар @RainBow
Пред да почне војната Израел - Иран, букирав патување за Кипар .. Пред 2 дена истече рокот за бесплатно откажување на сместувањето ... А они вчера се запукаа Сега малку ми фуфка бидејќи и од Ларнака се гледаат ракетите Ќе пишам патешествија и ќе ставам слики ако преживеам
Другарка е таму момнетално вика се си е нормално се си ок, нема тензија, напнатост. Она е во Аја Напа и не видела до сеа ракети сооглед дека се блиску до конфликотв. Јас на тик ток видов видео дека и аеродромот во Ларнака е моментално затворен т.е дека се одложени летови
Аеродромот во Ларнака никогаш не беше затворен, баш летовите до Тел Авив и Хаифа што беа, ги пренасочуваат во Ларнака . Еве моментално се функционира супер
Здраво, колку треба најмалку да има до истекот на пасошот за во Кипар? Пасошот на детето (4 годишно) му истекува крај на ноември, а летот ни е почеток на јули. Никој ништо не знае, нема кај не се јавив, а по страните на агенциите имаат пишано најмалку 90 дена, па претпоставувам ќе му биде валиден... ако не, да вадам одма по брза постапка.. * летаме од Солун-Ларнака едит: https://europa.eu/youreurope/citizens/travel/entry-exit/non-eu-nationals/index_en.htm Најдов на страната на ЕУ, пишува најмалку 90 дена, се надевам дека и на некој друг ќе му помогне ова.
Начув дека од октомври ќе има повторно воведување авио-линија Скопје-Кипар(Ларнака?). Дали некој има повеќе информации за ова?
@Dust те прочитав во друга тема, претпоставувам беше и се врати, па чкртни впечатоци/препораки ако не ти е тешко. јас одам почеток на септември
Преубав остров, убави плажи, добра храна, одлични таверни, добро организиран јавен превоз. Цените во рестораните се малку поскапи од грчките. Сет лежалки на сите плажи е 7.5 евра
Јас дури сега гледам сори Островот е преубав, има преубави плажи ама е жешко т.е влажноста на воздухот те убива уште при првиот чекор надвор од аеродром Бевме сместени во Ларнака, се мислев меѓу Аја Напа и ларнака ама дека авионот многу доцна ни слетуваше, се решив за ларнака .. Летавме од Софија до Ларнака со Виз ер.. Ниси бич како најпозната плажа нели, кога бевме ми остави најлош впечаток ... Водата беше со зелени алги и немаше ни квадратен милиметар без нив се лепат по тебе, по коса по уста по се..не можеш да пливаш на раат Плус има за рентање на џет ски и такви водени спортови и зазема многу место а и онака врие од луѓе во вода, уште они фалат Не бевме за викенд ама пак до 9 саат ако не изренташ лежалки, после нема ... Плажи вредни за посетување за мене се... Makronissos Beach od levata strana .. Fig tree Konnos Beach Coral bay Alykes beach... Има и многу други помали или поголеми, ама зависи кое место ви е база Цените на лежалки и чадори се утврдени од државата па се рентаат за 7.5 евра сет со две лежалки и чадор или ако ти треба една, по 2.5 евра се едно парче .. Значи можеш и 3 лежалки и 1 чадор да изренташ тогаш се 10 евра Добивате фискална и со неа може да си одите на пладне во апартманот па да одите попладне пак и не плаќате одново.. Јавниот превоз им е доста добар, не е најефтиното нешто ама ок е со цени .. Зависи кај ќе се сместите и кои плажи сакате да ги посетите, може да си извадите и неделна карта ..ама тогаш не можете со тие интерсити да одите, само со "локалните" Рентање кола по 35 евра на ден, ама се вози од лево Не е тешко да се сконта возењето од лево, некои улици се и онака едносмерни Порциите во ресторани зависи што и зависи каде...од 9 до кај 17 евра месна порција, риба и морско поскапо е Пиво, сок 3до5 евра, пола литро локално вино 5-8 евра во бокалче.. Флаширани вина 30-70 евра шише ... Лидл со цените е како Грција горе долу, другите маркети нешто поскапи од грција.. Англиски сите знаат, нема никаков проблем да се разбереш Има happy hours за пијачки на доста места, некаде можеш да начекаш мезе со точното пиво .. Мене лично ни плажата во Ларнака не ми сметаше ...водата беше чиста ама не беше светло сина како овие другиве плажи .. Во принцип на плажа јас одам за да одмарам и да пливам, се додека е чиста водата немам проблем дали се гледа зелена, светло сина, сива или каква и да е..бојата меѓу другото зависи и од тоа каква песок или камења има за подлога ... Никозија е убава за еднодневна екскурзија да си направите .. Отидовме и на турската страна (носете пасоши со вас) .. таму одма се познава дека е турска страна И продавниците се поинакви и гостопримливоста и ценкањето Јас планирам во октомври пак да одам ама само во Ларнака ќе си бидам стационирана..како што реков не ми смета плажата