Форумџика на годината 2020

Кирил Џајковски

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Phyramide, 11 јануари 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Кирил Џајковски - еден од моментално најпознатите електронски музичари во Македонија. Мислам дека заслужува тема и на Фемина.

    Музичар, композитор и диџеј. Својата музичка кариера ја започнува во 80те во рамките на првиот македонски електронски бенд Бастион во кој членува и Милчо Манчевски. Има соработувано и настапувано и со Леб и Сол во повеќе наврати. Сепак вистински својата соло кариера ја започнува дури во Австралија во почетокот на 90те години каде го издава својот прв албум Synthetic Theatre. Препознатлив е по тоа што инспирација црпи од типичниот македонски етно звук кој умешно го меша со електронската музика, претежно drum n' bass-от.
    Неговиот нареден албум Homebound прави вистински "boom" на овие простори.

    Кирил е пред се препознатлив по тоа што создава музика за македонски филмови и театарски претстави. Сигурно сте го слушнале и регистрирале во Прашина, Сенки или пак Балканкан.

    Неговиот настап на Егзит фестивалот во 2006 е оценет и прогласен за најдобар настап на фестивалот од страна на публиката.

    Мразен и напаѓан од некои тврдокорни познавачи на вистинскиот електро звук заради неговата комерцијалност и посегање по популарни звуци, а сепак обожуван од голем број на љубители на добрата музика. Кај мене овој човек буди голема почит заради музиката која ја прави и заради тоа што го шири македонскиот звук насекаде низ светот. Промоција на македонската култура на најдобар можен начин!
    Се сеќавам на неговиот настап во МКЦ во 1999 година - одлична музика искомбинирана со прекрасни видео проекции од Македонија во режија на Милчо Манчевски. Не можам да ви опишам како стивна цела преполна сала на момент кога се појави снимка од Шар планина проследена со звуците на една од најпознатите македонски народни песни - Со маки сум се родила.
    Кирил знае да наежи на своите концерти, знае да те испоти и препоти, знае да те натера да се чуствуваш небаре лебдиш и знае да те наполни со толку многу позитивна енергија што имаш потреба целата да ја потрошиш на играње и скокање.

    Епа ајде девојки, повелете. Постирајте, коментирајте и по можност известувајте за некој негов настап во вашите градови :)
     
    На Beauchamp, easyyyyy, FBI и 5 други им се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.399
    Пол:
    Женски
    Моето телефонче вака ѕвони :)
    <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/2aDYAfA_plQ?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/2aDYAfA_plQ?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>

    Го обожавам , нема утка кај него, секој песна му е толку специфична , комбинација од нешто што не си ни помислил дека може да се искомбинира.
    На настап не сум му била, ама тоа ми е следно на списоков :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.924
    Секоја чест бе систер фалеше вакво нешто на форумов. Кирил е музички гениј, ја создава музиката и го лее ритамот што може да хипнотизира илјадници. Од адаптибилна за филмско платно и театарски штици, до поп-електро битови со рап примеси како што е настапот од Еxit.
    Светски музичар и еден од уметниците за кои со драго срце би го испразнила новчаникот за да ме издрогира со добра музика и да прснам во позитивна енергија играјќи и скокајчќи на фолклорна музика ..рециклирана!!!!
    Секоја чест маестро...
    Ти симнувам баретка! :clap:
    ПС..И тебе Пирамитке моја сестринска за темава...ела да те БУБНАМ!!! :* :lol:
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Мислам дека вреди да се дадат парички за него. Ако не се лажам сега за НГ имаше концерт заедно со LTJ Bukem, па ако бил некој да каже како било :)

    Јас имав среќа да го видам дури три пати - спомнатиот МКЦ кога го промовираше Homebound, на претпоследниот Таксират во 2009 каде што направи невидена атмосфера и минатата година на платото пред музејот Македонија во рамките на реоткривањето на патеката на културата.
    Со целиот оркестар и тим музичари кои ги има на сцена доживувањето е извонредно. Атмосферата која се направи не морам да ви ја опишувам.

    Слушнав критики од неколку мои познаници како го имитирал Брегович. Јас не знам што им е на луѓево кои така го критикуваат и буквално плукаат по него ама во суштина и ми е гајле.
    Па и да го имитирал голема работа, демек Брега па ептен беше оригинален :) Сите црпат инспирација од она што го имаат дома, а се додека си ја вршат работата на најдобар можен начин ич не ми е гајле дали ќе има уште едни трубачи на бина :)

    Така да ако некоја сака да го види, најтопло ви препорачувам да одите секогаш кога ќе имате прилика. Болки во нозете ама исполнетост до даска - загарантирана ;)

    Ете и после толку време сеуште сум под импресии од концертите.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    На Magnolija и FBI им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Respect :bow:

    Го почитувам премногу, не е во мој стил, ама неговата музика ми се допаѓа многу.
    Го гледав на Таксират 2009 - магично, и за дочекот на 2010 - исто во Метрополис.
    Знае да направи атмосфера, ми се чини дека е фин, мил и човечен.

    А ова... конечно и јас да останам :x
    СОВРШЕНСТВО со една маана . . . трае прекратко :(
    http://www.youtube.com/watch?v=yYzbKxm24aU
     
    На Queen.S и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    374
    :clap: Пирамитке!
    Заслужува Кирил и те како тема....Веќе све сте кажале Респект :rock:
    Етно звукот го вметнува ептен добро...
    Атмосфера "да се најежиш" беше на дочекот 2010 и Таксират 2009!

    http://www.youtube.com/watch?v=OIVOEODgJqY
     
    На Phyramide и PaLaVa им се допаѓа ова.
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.541
    Пол:
    Женски
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.449
    Бев, видов, се изнаскокав, се наполнав со позитивна енергија...со еден збор ПРАЈСЛЕС !! Секоја чест :bow: :bow: :bow:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Queen :rock: за клипов!

    Јас вртам со марамата и џемперот во рака, таму десно, и рипам, ме гледаш? :wasntme: :D
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Ѕвер.
    Креира феноменални траки.

    Jungle Shadow. :x
    Албумите се феноменални, нешто што вреди да се има и слуша.
    Албумите исто, Прашина, Religion and Sex....
     
  13. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Следниот викенд гостува во Дојран :)
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.296
    Дефинитивно одличен и уникатен ...го обожавам
    Пред 2 години го гледав на ЕХИТ повеке имаше кај него народ околку на главната сцена
    ОДЛИчЕН Е
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
  16. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    феноменална музика ♥♥
     
  17. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    69.909
    Пол:
    Женски