1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Анат ги направив овие ачмиве твои,и беа премногу вкусни..Ова ми беше прв пат нешто да месам и како за прв пат излезе супер...Формава на моиве не му излезе баш како што ти ги правиш,но важно дека беа премногу вкусни,меки како душа..Грешка ми беше што ставив 2 лажици шеќер и беа малку поблагички,ама им ставив сирење и така не се приметуваше многу дека се благи :)
    Еве почестете се...
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3777A.jpg
      IMG3777A.jpg
      Големина на фајлот:
      95,1 KB
      Прегледи:
      1.297
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Анат значи секогаш кога правам нешто по твоиве рецепти ми излегува :mm: :x
    Денес ги направив кифлите што ги имаш поставено први на првата страна,оние со дупката :lol:
    Фантастични беа,рецептот си го запишав во книгата со рецепти и пишав “Кифли‘‘ (Аnath)
    :D
    Морам да те пофалам дека си одлична домаќинка :bow:
    Дечко ми изеде цела тепсија да не речам ]:)
    И на неговите им пратив,многу ги пофалиле :wasntme:
    Тенкју :*
     
    На ludoto19, pamelche и Annath им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
    Леле ме настрвивте :P :P
    И јас денес ке направам кифлички па ке поставам слики :)
    ке го испробам рецептот на girl23 а др. ден јас ке поставам рецепт :)
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Преубаво ми испаднаа кифлите, браво Гирл23 :clap:
    сега јас малку да ве настрвам :lol:
     
    На karenin, eli25, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    посни се
    500 мл вода
    250 мл масло
    1,5 квасец
    5 лажици шеќер
    1 лажиче сол
    1 пециво
    1 кг брашно (по потреба)
    Подготовка
    Од сите состојки се меси средно тесто и се остава да постои 10-15 минути. Потоа од тестото се прават пупалина и се сучат со рака. Секое пупале се дели на четири дела и секое се сучи со сукало и се прави кифле. Откако ќе се направат сите кифлина се брцкаат во солена вода (врела) со 1 лажиче сол. Секое кифле се брцка со лајца голема (со дупчиња) и одма се брбела во сусам. Потоа сите кифлина се редат во подмачкан плех и се оставаат да стасаат. Откако ќе стасаат се печат.
     
  6. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Еве едни убави вкусни кифлички без јајца зашто и не сакам многу јајца па секогаш овие ги правам

    Состојки:
    * 0,5 литри вода
    * 0,2 литри масло за јадење
    * 4 лажички шеќер
    * 3 лажички сол
    * 2 коцки квасец (ако ви е многу можете само една коцка)
    * брашно по потреба
    * 2-3 пакетчиња сусам

    - Се меси тестко и се остава да стаса. Потоа се кинат топчиња поголеми од орев. Од секое топче се витка кифличка и се редат на крпа. Потоа секоја кифличка се потпува во вода со сол, која претходно е зовриена, па се валкаат во сусам од сите страни. Се ставаат во плех да остојат малку и се печат. :)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Oвие ми се испорбани, ги имам правено во неколку наврати, навистина се многу вкусни :) :)
     
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Еве ќе споделам и еден друг рецепт.
    Вчера ги правев и излегоја меки душа,мх мх..
    Лиснати кифлички.
    *4 лажички шеќер
    *2 лажички сол
    *1 маргарин (кристал)
    *1 квасец
    *500 гр брашно (мене ми беше малку бидејќи излегуваат кашести,така да си дотурате по потреба)
    *200 мл јогурт
    *250 мл благо млеко
    *1 шолја масло
    *3 јајца
    Во длабок сад се додава млекото и квасецот,се остава се додека квасецот не се растопи,потоа се додава шеќерот,маслото,јогуртот,солта,1 цело јајце и белките од другите две,маргаринот се топи и се додава,и на крај брашното.Потоа се замесува и се остава да кисни половина час.Се формираат кифличките (јас ги правев со сирење) и се премачкуваат со јајце и сусам и се оставаат да се печат 10-15 мин.на темп.од 250°С
    Добар апетит.
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
    Пишете ми некој рецепт за меки кифлички ама со интегрално брашно ? :)
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Денес видов еден рецепт на 24 часа кујна за Кифлички-ѕвезди па да го споделам тука :)
    Тесто:
    250 грама свинска маст или маргарин
    2 жолчки од јајце
    6 лајци кисело млеко
    500 грама брашно.
    Едно лајче сол
    Во длабок сад прво се става маста,се размешува убаво,па жолчките,киселото млеко,солта и на крајот брашното.Сето тоа убаво се меси се додека не се соединат и не се добие убаво тесто.Така убаво измесеното тесто се става настрана.
    ЗА филот потребни се:
    Два варени компири
    50 грама сирење
    50 грама кашкавал
    Едно чешне лук
    Свеж зелен зеленчук(див лук,рузмарин,магдонос,копар)
    Масло по потреба
    Се рендаат компирите,сирењето и кашкавалот,се додава свежиот зечечук и лукот.Сето тоа се меша,се додава масло за да е доволно густо,но не многу течно,значи по потреба.
    Откако ќе се направи филот се прават еднакви топчиња по големина како од тестото,така и од филот.Топчињата од тестото со рака се сплескуваат и само по ќошевите се премачкуваат со јајце.На средината од секое тесто се става по едно топче од филот и 5 пати се превиткуваат врвовите на тестото нагоре за да се добие форма на ѕвездичка.Филот се премачкува со јајце одозгора за да има румена боја.Кифличките се печат на температура од 180 степени.
    Добар апетит :)
     
  12. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Мајка ми најчесто ги прави овие еве ви рецепт
    Состојки
    1кг брашно
    1/2л минерална вода
    2оомл зејтин-масло
    3лажици шеќер
    1лажица сол
    1коцка свеж квасец

    премаз
    1лажица брашно
    1/2лажичка сол
    1филџан вода

    Подготовка
    Минералната вода се загрева колку да се покисне квасецот. Се замесува тесто со стасаниот квасец, шеќерот, солта, зејтинот и се остава да одмори-да стаса. Откако ќе стаса се прават кифлички или други форми се премачкуваат со премазот. Да стасаат повторно и се печат.
    За поубава боја може во брашното за премаз да се додадат две лажици сок од свеж морков или тиква. Ова се многу меки кифлички и вкусни.
     

    Прикачени фајлови:

    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт ако сакате и слатки кифлички.Моиве само што се испекоа.
    500 мл млеко
    1 квасец
    1 лажица шеќер
    1 ванила
    2 јајца изматени
    1 маргарин или 250 гр путер
    сол
    околу 1 кг брашно
    Постапката ја знаете.Квасецот надоаѓа,и се замесува со сите состојки.Се остава да стаса и се расукуваат кифлички.Може да ги наросите со прав шеќер или да ги премачкате кога ќе се испечат со стопен путер и се валаат во крупен шеќер.
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Алал вера Анатх за рецептов, тестово ептен лесно за замесување, а кифлите вкусни, вкусни, превкусни. Ги имам правено сигурно 10тина пати и ниту еднаш ги немам утнатно и моиве дома те благословуваат за рецептов, само ме буцкаат да ги правам, тие колективно се нудат да сецкаат руска и да ги мачкаат и помагаат само да ги правам.

    Иначе јас со пола доза од ова тесто си правев и пици, обични и затворени, вкусни беа ептен, се си е исто, само убаво ги расукувам и си ги спремам.
    Дури и по другарки почнав да го раздавам рецептов, и реков дека друг рецепт за кифли не пробувам.

    Топло го препорачувам на сите кои сакаат убавки, мекани, превкусни кифлички ;) .
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Ги обожавам кифлите со сиренце или пак со шунка.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Багелс Пециво, или по вкус слично на варено перече од Пастел. Преубави, прелесни и преефтини. Исто од блог на кој му го изгубив трагот, среќа што се запишувам.
    Половина свеж квасец се раствара во малку од 280мл топла вода, се замесува со 500 грама бело брашно, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол и 30 грама или 3 лажички маргарин, ама од оној за мачкање не за готвење. Се замесува убаво тесто, полутврдо, мазно. Додека нараснува се зоврива литарипол вода со 4 лажички сол и 5 пакетчиња сода бикарбона. Се остава на топло да достигне дупло волумен. На рамна површина се дели на 14 мали топчиња. По две топчиња наеднаш се спуштаат во водата која врие и се варат 30 секунди најмногу, се вадат со лажица решетка и се редат во плех на хартија за печење, додека другите се варат засечете ги одозгора со жилет или многу остар нож. Повторете додека не завшите со сите топчиња. Посипете со крупна сол и по желба зачин, јас посипав со бибер на Вегета со три вида бибер, целер и лук, можете со обичен бибер, со ким, со сусам, со ленено семе, а може и само со сол. Се печат точно 20 минути и потоа се оставаат на отворено, значи непокриени да се исцедат, оставете ги на отворено и додека не се изедат, не ги ставајте во ќеса, евентуално покријте ги со крпа, но верувајте нема да ви биде потребно бидејќи се јадат за час.
    Мој совет, направете дупла доза бидејќи се превкусни, вистински вкус на варено перече, со некое саламче и кашкавалче, од милина појадок.
     

    Прикачени фајлови:

    На karenin, Annath, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Вкусни мекички кроасани за појадок

    Потребни состојки:
    1 кг брашно
    2 лажици шеќер
    40 г квасец
    половина филџан масло
    сол по потреба (2 лажички за солени, 1 прстофат за благи)
    4 дл млеко
    2 дл јогурт
    200 г маргарин
    1 кесичка прашок за печиво
    1 жолчка од јајце и малку павлака за премачкување
    сусам за посипување по желба

    Начин на подготовка:
    1. Сите наведени состојки ставете ги во поголем сад и замесете го тестото. Откако убаво ќе го измесите, поделете го на 8 делови и секое парче убаво обликувајте го како топче и оставете го на страна малку да постои.
    2. Земете сукало и секое топче растегнете го во големина на палачинка. Намачкајте го растегнатото тесто со маргарин, потоа одозгора ставете уште една „палачинка“, а потоа и неа намачкајте ја со маргарин. Треба да добиете две теста по четири палачинки, со тоа што последната – четвртата не ја мачкате со маргарин.
    3. Потоа секое тесто истанчете го до дебелина од 3 до 4 мм. Тестото пресечете го на 4 дела, а потоа секој дел пресечете го на уште 4 дела, така што од секое тесто да добиете по 16 кифли. Кроасаните можат да се филуваат со некое сирење или кашкавал кои добро се растопуваат или да ги подготвите во слатка варијанта, така што во нив ќе свиткате коцки чоколадо.
    4. Смотајте кифлички од широкиот кон потесниот дел и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, која не треба да се подмачка. Изматете ја жолчката со 1 лажичка павлака и намачкајте ги кифлите, посипете ги со сусам или уште подобро со бадемови трошки и оставете го тестото да нарасне двојно.
    5. Печете ги во загреана рерна на 200° C, додека не се заруменат.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Имам нов, супер-рецепт за кифлички 8)
    Вака: половина литар млака вода се меша со три свежи квасци, да се растворат во неа. Се додаваат три јајца, матени со миксер. Во оваа смеса се додава половина литар млеко, 6 мали филџани масло, 5 супени лажици шеќер, две и пол лажици сол, ќесичка прашок за пециво и брашно по потреба да се добие меко, нелепливо тесто.
    Правите форми и големини какви сакате, хартијата во плехот малку ја мачкате со маргарин, ги редите кифлите, мачкате со матено јајце и посипувате со сусам/ким/мак/крупна сол (по желба) и ставате одозгора по малку маргарин. Рерната треба да биде загреана на 200 степени, ги печите додека поцрвенат малку, па после се намалува температурата на 170 степени.

    Превкусни се, и меки, и ако ги одмрзнувате во микробранова, не се сушат како останатите. Ако ви се многу состојките (а многу излегува), преполовете ја дозата. Немам слики, ама прва прилика кога ќе правам, ќе сликам.
     
    На ines.h, irenna, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Annath отприлика барем колку брашно би одело знаеш?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Не, да ти кажам право не мерев :?: имав отсеано брашно во поголем сад кој обично го користам за тоа (купуваме брашно во вреќи) и затоа не знам. Од овие мерки што ги пишав излегува голема доза, сигурно повеќе од кг брашно треба.