Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.939
    Пол:
    Женски
    Морам да ги пофалам кифливе на Миора,предобар рецепт можам да кажам најдобри до сега што сум ги пробала,се шудам како до сега не сум ги направила :?: ги правев вчера и скоро сите отидоа,плус и свекрвами која е искусна во бели пецива рече дека се подобри од нејзините па и спакував да си има за доручек и да не бидам офф,ми се јави сабајле да ми каже дека биле кревки како и синоќа! мора да потенцирам дека ги правев со интегрално брашно и не згрешив иако бев скептик. Моира мила ке се направам топче пред пораѓај,не ставај другпат вакви делиции :D
    еве повелете сликче
     

    Прикачени фајлови:

    • 310120131347.jpg
      310120131347.jpg
      Големина на фајлот:
      279,4 KB
      Прегледи:
      1.205
    На joy1, karenin, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.604
    Аууууууу мајчеееееее, браво! Уживај во бременоста и рецептиве, ќе слабееш после :lol:

    :hug:

    п.с. Од истиве сакам да направам за децата на роденденот во недела, ама во ваква форма:

    [​IMG]
     
    На zhap4e, joy1, SunnyGirl2 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.368
    Верувам дека Моира знае да ги прави " :D прасињава :D " но еве за другите :D

    едит: не се исти овие на Моира по лесни ми изгледаат
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e, eli25 и Moira им се допаѓа ова.
  4. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    16
    recept za kiflicki:
    2кг брашно,1 јајце,1 квасец коцка мал,1 лаж.сол,250 мл млеко,250 мл к млеко или јогурт,250 мл зејтин
    квасецот го замесувам со млака вода и малку сол и малку брасно мала лазичка.
    брашното го ставам во голема вангла и сите тецни состојки ги додавам .
    кога ке стаса тестото додавам половина коцка маргарин и пак го замесувам да стаса. да отстои 20 мин
    па усте еднаш го замесувам.
    За формите мозе да се додаде маслинки сецкани и да биде тестото црно и се прават рузички или обицни топчиња.
    Ако ги ставите во врела вода и одма извадите вкусот е како варен геврек.
    може и како тријаголници и со фил но обавезно маркарин намацкани ке бидат помеки
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.368
    Пред некој ден ги правев.
    КИФЛИ СО СИРЕЊЕ

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    1 лажичка шеќер
    малку Сол
    300 грама Сирење
    250 милилитри Млеко
    100 милилитри Масло
    1 Квасец
    250 милилитри Вода
    1 килограм Брашно
    3 Јајца

    ПОДГОТОВКА:
    Квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно растопете го во млакото млеко и вода. Во поголем сад ставете го исеаното брашно, направете вдлабнување па истурете ги маслото и јајцата, 2 лажички сол и стасаниот квасец. Сè убаво замесете и продолжете да месите, се додека тестото не престане да ви се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35-40 минути да стасува. Потоа тестото премесете го и поделете го на половина. Од првото тесто направете 6-7 топчиња. Секое расукајте го и изрендајте маргарин, па ставете нова кора.
    Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (сечете како за кифлички). На секоја ставајте по малку сирење и виткајте кифла. Редете ги во плех од шпорет намачкан со масло. Истата постапка повторете ја и со втората половина тесто.
    Секоја кифличка намачкајте ја со изматено јајце. Печете ги 7-8 минути во рерна загреана на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и завршете со печењето.
    Сликава од Храна И Рецепти
     

    Прикачени фајлови:

    На toogood, MacenceEna, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kkala

    Kkala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Moira, секоја чест за овој рецепт. Синока ги правев кифличките и се навистина преубави. Денес се мислам уште повкусни. Ти благодарам што го сподели со нас рецептетот :* .
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.604
    Еве ги моите прасиња пред печење, направени од горенаведеното тесто со моркови :)

    [​IMG]
     
    На toogood, Boleyn.7, Springy и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    Само што ги направив (Намерно ја одбрав оваа рецепта бидејќи немав многу млеко) па да потврдам дека се одлични!

    Еве и сликичка :wasntme:

    [​IMG]
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    немам свеж квасец имам само сув во пакетче.на 1 кг.брашно,колку пакетчина сув квасец се става??
     
  10. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    215
    Денес за вечера ги правев кифлите што се на првата страна...бреј жено па алал да тие феноменални беа сите ги снема а најтрагично што јас дури 10 ги изедов даа точно прочитавте 10 :tmi: отиде по вода режимот на исхрана којзнае колку калории сум внесла сега дури и ми се плаче :lol: така беа меки и убави па и како мирисаа мхмхмх ги препорачувам :inlove:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    37.552
    Кифлички
    ПОДГОТОВКА: 45 МИН. ГОТВЕЊЕ: 40 МИН. ВКУПНО: 1 Ч 25 МИН.

    СОСТОЈКИ
    1 кг брашно тип 400
    400 мл млеко
    2 свеж квасец
    300 мл масло
    3 супени лажици шеќер
    3 кафени лажички сол
    2 јајца
    1 јајце за премачкување
    малку сусам, ким, крупна сол за посипување
    ПОДГОТОВКА
    1.Во сад со 200 мл млако млеко ставете ги двата квасци, додадете 1 лажица шеќер и 1 лажичка брашно и оставете го квасецот да нарасне.
    2.Кога ќе стаса квасецот, замесете помеко тесто со сите состојки. Убаво измешајте ги додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. На крајот, не заборавајте да го удрите тестото од работната повершина барем едно 15 пати (со ваквото удирање, глутенот во тестото почнува да работи и тестото станува мазно).
    3.Откако убаво ќе го измесите, оставете го тестото да се дигне (барем 45 минути) на топло.
    4.Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на топчиња (околу 40 гр тесто за средно голема кифличка). Со оваа доза, излегуваат 46 топчиња, односно кифлички.
    Кифлички - обликување на тесто 5.Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и на едниот крај со нож расечете неколку линии до половина на коричката.
    6.Свиткајте ја кифлата почнувајќи од оној крај кој не е расечен, и на крајот повлечете ги двата краја накај вас за да добиете форма на месечинка.
    Кифлички - припрема 7.Наредете ги кифлите во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да пораснат (уште 30-40 минути).
    8.Пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со разматеното јајце во кое се додава малку масло и неколку капки вода и попрскајте ги со сол, сусам или ким.
    9.Печете ги во незагреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
    10.Забелешка: можете слободно да ги замрзнете и да ги одмрзнувате по потреба.

    го најдов на нет, фин ми изгледа рецептов, уште пофино е тоа што ќе удрам едно петнаесет пути по тестото :lol: .

    Кифли со Јогурт


    Состојки
    2 квасеци
    3 јајца
    200 мл јогурт
    300 мл млеко
    1 лажица сол
    1 кг брашно
    250 гр кристал маргарин
    Подготовка
    Квасецот го оставаме да надојде. Квасецот, јајцата, јогуртот, млекото, солта и брашното се замесуваат. Тестото се дели на 4 дела и од секој дел се сучи кора и се премачкува со маргарин и се предуплува. Потоа од секој дел се сучи кора и со калап е вадат кифлите. Кифлите се оставаат да надојдат, се премачкуваат со јајце, сусам и афион и се печат 20 мин.во загреана рерна.
     
  12. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Читам во темава за најдобри рецепти ги испофалле кифличкиве па решив денес да пробам да ги направам и тоа за првпат правам кифли :!: :D.сега чекам тестото да кисне.се надевам не утнав нешто и ке пишам што сум направила :)
     
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    496
    Вчера ги правев и пак ќе ги правам. Брзи, вкусни, миризливи, меки. Ги правев како полжавчиња и чворови. Гостите ми ги бендисаа и дури и рецепт побараа. :!: Тие малку што останаа, денес се изедоа за доручек.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.569
    Допаѓања:
    64.950
    Пол:
    Женски
    Пица кифлички

    Состојки :
    Тесто за околу 50 парчиња
    1 кг брашно
    1 квасец
    250 мл топла вода
    185 мл масло
    250 мл ладно млеко
    пола ќесичка прашок за пециво
    1 л сол
    1 л шеќер

    Фил

    Кисели краставички
    Благ кечап
    Фета
    шунка
    оригано

    Подготовка:
    Квасецот се става во топлата вода со 1 л брашно и 1 л шеќер и се остава да стасува. Додека квасецот стасува, во брашното се меша солта, 1 л шеќер и пецивото, потоа се додава квасецот, млекото и маслото. Се прави тесто и стасува 1 час најмалку. Додека тестото стасува, се припрема филот, се рендаат кислелите краставички, се сечка шунката сирењето се пасира и се додава и ориганото. Се кинат топчиња и со сукало се фрмира кора, на средина се става прво кечап и одозгора фил , се виткаат како сарма прво од краевите па потоа како ролат. Се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам. Се печат 30 мин на 200 степени
     
  15. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    571
    Има некоја рецепт за благи кифли :wasntme: Пробав еднаш и многу ми се допаднаа, чоколадни :D
    :?:
     
  16. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Лиснати кифлички
    -Се подмесува 200 гр.млеко топло со еден квасец ,малку брашно и кафено лажиче шеќер,и се остава да стаса. Откога ке стаса се додава 200 гр.јогурт ,200гр.масло ,2 јајца и супена лажица сол и брашно по потреба . Од прилика оди околу 800 -1000гр. брашно .Се меси тестото убаво и се остава да одмори (да се дуплира волуменот). Стасаното тесто се дели на 8 топчиња. Секое малку се расукува и се премачкува со маргарин . Коричките се редат една врз друга ,последната не се мачка со маргарин. Вака обработеното тесто се остава во фрижидер 15 тина мин да се стегне маргаринот. Потоа се расукува кората (сите 8 заедно) ,и се обликуваат кифличките . Секоја кифла се премачкува со јајце ,сусам по желба и маргарин.
    Се печат во подмачкано тавче во загреана рерна на 200 степени околу 20 тина мин.
    Вака изгледаат готови :) кој е гладен нека повели на свежо печени кифлички
     

    Прикачени фајлови:

    • kiflicki.jpg
      kiflicki.jpg
      Големина на фајлот:
      61,2 KB
      Прегледи:
      358
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Кифли меки како душа :)

    2кг. брашно, 500мл млеко, 500мл топла вода, 1 квасец, 2 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици сол, 4 лажици оцет, 1 филџан зејтин, 1 чаша јогурт (може и кисело млеко) и 1 пециво. Сето тоа се замесува и се остава да стаса се додека не нарасне убаво тестото. После тоа се прават топчиња со средна големина, се расукуваат и се редат во подмачкан плех со маргарин.
    kifli_opt.jpg
    Пред печење се ставаат во рерна на 50 степени околу 10-15 мин да нараснат, потоа се вадат се премачкуваат со жолчка, се наросува сусам или ким, и на крај се става лента маргарин врз секоја кифличка. Се печат на 250 степени околу 20-30 минути, додека да добијат златна боја.
     
    На malifesent, toogood и figgiMK им се допаѓа ова.
  18. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Moira благодарам за рецептот за посните кифли, денес ги направив преубави се, многу се вкусни, сите ми ги бендисаа, лесни за правење, мали трошоци, а многу пофалби и задоволни стомачиња :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    sram da vi e samo so procitav kifli mi se prijade :)
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.259
    Sakam da gi napravam kiflickive, imam nekolku prasanja.
    Kolku gr e eden margarin (ovde margarin se prodava po 750gr.:()? Mozam li da stavam vnatre nekoj marmalad?
    Na kolku da gi pecam i kolku vreme? Kade vo relnata da gi stavam, najdole ili na sredina?
    Seriozna sum, prvpat ke pravam, odnosno vo momentov pravam soleni kiflicki, za prv pat vo moj zivot (polovina vek isterav, ama kiflicki ne napraviv, ne e kasno da se nauci, neli:)).
    Fala